• Latest
Кабул, Авганистан (Photo by Mohammad Rahmani on Unsplash)

Протеран руски дипломат, НДИ го поздрави лидерството и солидарноста на Заев, симпатизарите на Левица со лажни вести, омраза и закани за неистомислениците

August 17, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Протеран руски дипломат, НДИ го поздрави лидерството и солидарноста на Заев, симпатизарите на Левица со лажни вести, омраза и закани за неистомислениците

August 17, 2021 17:51
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Кабул, Авганистан (Photo by Mohammad Rahmani on Unsplash)

Кабул, Авганистан (Photo by Mohammad Rahmani on Unsplash)

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Претседателот на НДИ, Мичел за Заев: Таквото лидерство и солидарност е она што се бара во време на криза

Претседателот на Националниот демократски институт (НДИ), Дерек Мичел го поздравува потегот на премиерот Заев, Северна Македонија да прими дел авганистански цивили и нагласува дека таквото лидерство и солидарноста на Заев, е она што се бара во време на криза.

„Националниот демократски институт (НДИ) го поздравува премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, за неговата заложба да прими авганистански цивили во неволја, кои својот живот го посветиле на мирно, мултиетничко општество со еднакви права за сите. Таквото лидерство и солидарност е она што се бара во време на криза“, напиша на Твитер претседателот на НДИ, Дерек Мичел.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Протеран уште еден руски дипломат

„Бидејќи информациите од тој тип се обично од доверлив карактер, не можам да влегувам во детали, меѓутоа МНР секогаш кога ќе добие потврдени и документирани информации за однесување на акредитирани странски дипломати коешто е спротивно на принципите на Виенската конвенција презема мерки за заштита на својата национална безбедност, меѓутоа и безбедноста на сојузниците во сојузот во којшто припаѓаме. Така да, информацијата е точна“, изјави Османи.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ДИК Новата веб страна на ДИК ќе биде во функција од утре, усвоен и Акцискиот план за ИКТ стратегијата 2021-2024 година.

РЕАКЦИЈА АВМУ ги осуди навредите и вулгарните пораки кои беа упатени кон новинарите на протестот и потенцира дека ваквиот однос е директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

МЕРКИ Министерството за здравство соопшти дека на вакцинираните граѓани на располагање им се ставени повеќе опции со кои може лесно да стигнат до документ дека се вакцинирани.

КАБУЛ Сите регистрирани македонски граѓани во Авганистан се безбедни и се работи на нивна брза евакуација. Од 75 наши граѓани во Авганистан, околу 50 вчера беа на воениот терминал на аеродрмот во Кабул, од каде чекаат лет со воен авион на американската армија за Доха, Катар, додека 25 граѓани се наоѓаат во американската база во Кабул, во непосредна близина на аеродромот, и чекаат да бидат трансферирани кон аеродромот и потоа евакуирани.

МОНИТОРИНГ НА ЦИВИЛ

Талибанците на Левица се закануваат дека ќе влечат на хауби граѓански активисти и партиски неистомисленици

„Во Авганистан се држеа за карго авион, кај нас ќе трчаат по автобуси. Ловењето на партиски и невладини ботови ќе прерасне во национален спорт. Ќе ги сликаме како трофеи, врзани на хауба“, вака гласи заканувачката порака на Твитер на извесен „Капетански дневник“.

Оваа заканувачка порака му се допаѓа на лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Ова не е прва негова заканувачка порака. Во април годинава, ЦИВИЛ објави уште еден извештај за овој познат креатор на објави со говор на омраза и повици на насилство, кога тој се закани со „долги деветки“.

Очигледно анонимниот партиски бот на Левица е обичен хушкач кој има задача да ги подбуцнува граѓан(к)ите.

Со стара фотографија се шири паника и страв кај граѓаните дека „од Авганистан ни доаѓаат само мажи“

Повторно лажни вести и дезинформации се крчкаат во партиските кујни, овојпат мета се најавите за прифаќање на цивилно население од Авганистан. На Твитер со нова лажна вест Вечер лови кликови и шири паника меѓу граѓан(к)ите на сметка на трагедијата која се случува во Авганистан. Во својот пост објавува фотографија на поголема група мажи кои се транспортираат со авион, со наслов „Ниту една жена нема во авионов кој евакуира бегалци“.

Твитерџиите ја препознаа лажната вест и веднаш ја демаскираа. Малку треба за да се дознае вистинското потекло на фотографијата, се работи за депортација на Авганистански бегалци од центрите за депортација од Турција во земјите од каде што потекнуваат, и истата е објавена на 18.04.2018 година.

ИНИЦИЈАТИВА: НАПРАВИ РАЗЛИКА, ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Со своето учество во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“, Атиџе Муратова преку видео порака им порачува на граѓанките и граѓаните дека сите сме исти, без разлика дали имаш бела или црна кожа, сепак срцето е исто.

Кристина Арнаудова, музичарка и хуманитарка, со своето учество во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ преку видео порака им порачува на граѓанките и граѓаните дека сите сме исти, дека воспитувањето доаѓа од дома, и дека најважно од сè, е да се биде добар човек.

 

Активистот Бленди Ходаи во видео пораката во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“, вели дека колку повеќе култури има една земја, толку е таа побогата.

– Етничката, културната и верската различност во Северна Македонија несомнено дека е богатство за целата земја, бидејќи колку повеќе култура има една земја, толку е таа побогата, вели Ходаи.

 

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни изборни набљудувачи

ЦИВИЛ отвори повик за аплицирање за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Повикот ќе биде отворен до 30 септември 2021 година, но на заинтересираните им се препорачува да се пријават што поскоро.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

СЛОБОДНА ЗОНА

„Има ли уште некој наивен што ги гледа славните новинаришта што се борат како лавови против „диктатурата на Заев“, и се чуди како тоа Грујо ни ја газеше фелата 10 години и затвораше медиуми и новинари? Не чудете се. Тоа е таа позната „солидарност“ и „храброст“ на македонските новинари“, пишува Петрит Сарачини во колумната „Како реагираа(т) новинарските величини и функционери  на говорот на омраза на антиваксерите?“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ