• Latest

Поради Левица нема измени во Изборниот законик, нема одложување на пописот, Армијата одбележува 29 години постоење

August 18, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Поради Левица нема измени во Изборниот законик, нема одложување на пописот, Армијата одбележува 29 години постоење

August 18, 2021 17:09
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Заев: Левица е виновна што немаме измени на Изборниот законик

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека поради Левица која имала 750 амандмани за Изборниот законик не се предложени измени на Изборниот законик. За усогласените решенија за медиумско претставување, според него, ДИК и Агенцијата за медиуми треба да донесат подзаконски акти.

– Не знам која опозициска партија ме обвинува, но го знам виновникот. Левица. Со 750 амандмани го блокираат законот. Јас сум информиран како што реков од претседателот на Собранието Талат Џафери. Не може да најде соодветно решение внатре во Парламентот, а имајќи предвид дека најголемото барање на опозицијата, фингерпритот е вграден во измените на законот, вградени се најголемиот број препораки на ОБСЕ/ ОДИХР, изнајдено е решение, благодарен сум до министерот за правда ДИК и Агенцијата за медиуми за медиумското претставување. Формулацијата којашто беше предложена во новиот закон, верувам дека сите овие институции ќе ја адаптираат со правилници и упатства за да може тоа да биде како усогласена формулација за сите партиципиенти, рече Заев.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

МОН: Учебната година ќе почне со физичко присуство

-Мора да знаеме дека настава со физичко присуство ќе се спроведува до моментот додека ни дозволува Комисијата за заразни болести. МОН уште од јули е подготвено со три сценарија како сериозен систем за одвивање на наставата во услови на пандемија. Доколку се влоши состојбата, или влеземе во поголем ризик од овој во којшто сме денеска секако би биле подготвени за да го менуваме сценариото коешто ќе ни биде посочено како посоодветно. Мислам дека сега е значајно сите заеднички да ги почитуваме протоколите, да имаме што поголема вакцинација затоа што нема подобро образование од она со физичко присуство, изјави Царовска.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОПИС Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не се размислува да се одложи стартот на Пописот на населението, домаќинствата и становите.

АРМИЈА На платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на Армијата на Република Северна Македонија.

КОВИД МЕРКИ За влез во молови, казино, кладилница, концерт ќе биде потребен сертификат за вакцинација, примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД – 19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена.

СОЛИДАРНОСТ Сите регистрирани македонски граѓани се на безбедно, земјава ќе прифати 450 лица од Авганистан.

ПРИЗНАНИЕ Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска доби медал за лидерство и личен ангажман за влезот на Северна Македонија во НАТО од командантот на Националната гарда на Вермонт, САД.

ИНВЕСТИЦИИ Јужнокорејската компанија „Алмак“ и американската компанија „Дура аутомотив системс“ денеска во ТИРЗ 2 во Скопје го означија почетокот на заедничката инвестиција во С. Македонија.

ДИПЛОМАТИЈА Совет на Амбасадори ја цени одлуката на Владата привремено да вдоми во Република Северна Македонија одреден број лица вработени во меѓународни организации, потоа на жени и деца од Авганистан на кои животот може да им биде загрозен од талибанските власти.

ИНИЦИЈАТИВА: НАПРАВИ РАЗЛИКА, ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Уметникот Агим Пошка од Струга во видео порака во Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“, за тоа како треба да се однесуваме едни кон други, за иднината и хармонијата меѓу нас.

Мултиталентираната пијанистка, професорка и спортистка Дуња Иванова, во видео порака  за Иницијативата „Направи разлика, почитувај ги различностите“ зборува како таа ги доживува различностите, преку сетилата, музиката и филозофијата.

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни изборни набљудувачи

ЦИВИЛ отвори повик за аплицирање за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Повикот ќе биде отворен до 30 септември 2021 година, но на заинтересираните им се препорачува да се пријават што поскоро.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

СЛОБОДНА ЗОНА

„Може ли да им се верува на кандидати кои на збор се залагаат за директна демократија, а на дело ги кршат условите за кандидирање кои самите ги поставиле?

Може ли да стане збор за „непартиска и независна листа на кандидати за советници“, кога ем носителката на листата, ем кандидатката за градоначалничка на Скопје влегле во политиката и градските и државните институции како партиски кандидати?“, пишува Жарко Трајановски во колумната „Ние не сме партија“?

„Што и да правите драги властодршци, не дозволувајте да се уништи последното катче на човечката слобода, каде можеш да бидеш свој, но и да бидеш тоа што не си. Да среќаваш нормални луѓе со целата своја ненормалност, токму затоа што се припадници на човечкиот род“, пишува Војо Маневски во колумната „Еј кафано!“.

„Прогресивните Авганистанци се под закана по нивниот живот и бегаат пред наездата на Талибанците. Но и ние имаме Талибанци овде. Се ситат на туѓата човечка несреќа, лажат и манипулираат со емоциите на луѓето, дезинформираат. Со една цел, личен и политички профит. Погодено им е времето, идат локални избори. Повторно: Стравот го користат како оружје“, пишува Џабир Дерала во ЕДИТОРИЈАЛОТ „Талибанците од нашето маало“

Д. Муратов

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ