Германската влада ја клацифицираше Македонија како подрачје со висок ризик од инфекција со Ковид-19. Затоа, почнувајќи од 22 Август сите патници над 12 години кои примиле вакцина одобрена во Германија, и се потполно вакцинирани, смеат да влезат во Германија за сите цели на патување, под услов од последната потребна вакцинација да поминале најмалку 14 дена. На децата под 12 -годишна возраст им е дозволено да патуваат во придружба со барем еден целосно вакциниран родител, и ако самите децата не се вакцинирани.
Сите останати лица ќе можат да влезат во земјата само ако патувањето е неопходно, притоа се должни да заминат во карантин. Начелно овој карантин трае 10 дена. За овој период не е дозволено да се примаат посетители. Исто така може да се направи тест (тест за антигени или ПЦР-тест) најрано пет дена по влегувањето и резултатот може да се испрати преку порталот за влез.
Одлуката за дозвола за влез ја донесува соодветната гранична полиција. Амбасадата во овој случај не може да даде индивидуални изјави.












