Водачот на движењето против носењето заштитни маски во централен Тексас, Кејлеб Волас , почина на 30 годишна возраст како последица од ковид-19, откако предходно три недели бил на интензивна нега.
Ваквата информација на социјалните мрежи ја сподели неговата сопруга Џесика Волас , која е бремена и со која има 3 деца.Таа преку интернет собираше средства за неговото лекување. Таа неодамна изјави дека состојбата на 30-годишниот Волас се влошила и дека лекарите веќе немале опции како да го лекуваат.
Волас стекнал популарност кај поширока јавност откако станал еден од организаторите на „маршевите за слободата“, на кои се протестираше против мерките за носење заштитна маска за време на пандемијата со коронавирусот. Тој притоа бил еден од основачите на движењето „Бранители на слободата на Сан Анџело“, кое се бореше против коронамерките и задолжителното вакцинирање












