• Latest

Солидарност и добредојде за граѓаните од Авганистан, Дендиас ги затоплува односите, лажна објава ги сатанизира лекарите

August 31, 2021
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Солидарност и добредојде за граѓаните од Авганистан, Дендиас ги затоплува односите, лажна објава ги сатанизира лекарите

August 31, 2021 16:29
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ со солидарност, сочувство и добредојде за граѓанките и граѓаните од Авганистан

ЦИВИЛ – Центар за слобода им изразува целосна солидарност, сочувство и добредојде на граѓанките и граѓаните од Авганистан, вработени во граѓанскиот сектор, сојузничките мисии, медиумски и други организации и нивните семејства, кои пристигнаа во нашата земја.

Овие мирољубиви граѓанки и граѓани на Авганистан беа принудени да ја напуштат нивната татковина под сериозни закани по нивните животи од страна на талибанскиот режим и терор. 

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Заев: „Нашата Влада смета на грчка поддршка меѓу земјите членки на ЕУ

„Нашата Влада смета на грчка поддршка меѓу земјите членки на ЕУ во однос на нашето членство, бидејќи тоа е нашата единствена алтернатива и од особено значење и важност се односите и соработката меѓу нашите две земји за нашето пристапување во Европската Унија“, рече премиерот Заев оценувајќи го особено позитивно периодот по Преспанскиот договор, за кој е карактеристично интензивирањето на  пријателските односи особено преку средби, контакти и иницијативи спроведени на сите нивоа.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

ПОЛИТИКА Денешната посета на Скопје на министерот за надворешни работи Никос Дендиас, по поканата од неговиот колега Бујар Османи, меѓу другото, има за цел и брзо затоплување на односите со Северна Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јавува МИА.

ВИСТИНОМЕР Фејсбук објава ја злоупотребува критичната ситуација со големиот наплив на новозаразени од ковид-19 во Тетово и ги деградира и сатанизира лекарите, нарекувајќи ги убијци, масони и секташи. Во невистинитата објавата е присутен говор на омраза, кој влева страв и вознемиреност кај граѓаните, додека лекарите водат беспоштедна битка да обезбедат здравствена помош и хоспитализација за огромниот број на новозаразени пациенти, пишува „Вистиномер“ во новата анализа

ЗЕЛЕНИ Употребата на оловен бензин е искоренета во целиот свет, пресвртница што ќе спречи повеќе од 1,2 милиони прерани смртни случаи и ќе им спаси на светските економии повеќе од 2,4 милијарди долари годишно, соопшти Програмата за животна средина на ОН (УНЕП).

ЗДРАВСТВО  Со последните бројки 52 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 28 проценти од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

ИЗБОРИ Зголемен интензитет на активностите на политичките партии, независните кандидати, но и на Државната изборна комисија (ДИК) се забележува на крајот на август во пресрет на локалните избори закажани за 17 октомври.

МУЛТИКУЛТУРА

#НаправиРазлика #ПочитувајГиРазличностите

„Мојот живот е исполнет со убавините на мешањето меѓу луѓето со најразлични потекла. И цел живот учам нешто ново, секој ден. Учам како да се ставам во чевлите на другиот, со поинакво потекло, со поинаква култура, навики и обичаи“, истакна Џабир Дерала во Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“.

„Учам како да ја разберам маката на другиот, за да помогнам, учам како да ја разберам и среќата на другиот, за да се придружам кон таа среќа. 

Ретроспектива: Операција „Попис“ низ призмата на ЦИВИЛ

За неколку дена треба да започне долго одложуваната операција на попис на население во Република Северна Македонија. Последниот спроведен попис во земјава е одржан во далечната 2002 година, а обид за попис имаше во 2012 година, кога се прекина, а Специјалното Јавно Обвинителство покрена постапка против Никола Груевски и Али Ахмети за намерно стопирање на пописот во 2011-та година и за нанесена штета на буџетот од 3 милиони евра.

Солидарноста и хуманоста надвладеа над омразата кон бегалците

Вчера вечер, некаде после 23 часот, на Меѓународниот аеродром Скопје, со лет преку Тбилиси, Грузија, пристигнаа првите 149 граѓанки и граѓани од Авганистан што ќе бидат прифатени во нашата земја. По пристигнувањето на авионот со авганистанските бегалци, од кои повеќето жени и деца, прва излезе бремена жена во 39-тата недела од бременоста, која со возило на Итна медицинска помош беше однесена на Клиниката за гинекологија во Скопје.

СЛОБОДНА ЗОНА

Левица и нејзината пропагандна машинерија на социјалните мрежи повторно плукаат и пукаат врз повеќе од 50 невладини организации, овој пат со испуканите националистички ќор-фишеци од пред 6 години на избеганиот криминалец Никола Груевски. Замислете, сакаат да го легитимираат и релативизираат нивниот повик за бојкот на пописот, „потсетувајќи“ дека овие педесетина граѓански организации беа против идејата на Груевски за попис во 2015 година, четири години откако самиот тој го прекина пописот и му изеде на народот 14 милиони евра, пишува Петрит Сарачини во својата колумна „Левица и бојкотерите на пописот пак пукаат врз невладините, со испуканите националистички ќор-фишеци на Груевски”. 

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ