• Latest
Петрит Сарачини

Левица и бојкотерите на пописот пак пукаат врз невладините, со испуканите националистички ќор-фишеци на Груевски

August 31, 2021
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ПОПИС

Левица и бојкотерите на пописот пак пукаат врз невладините, со испуканите националистички ќор-фишеци на Груевски

Левица и нејзините пропагандисти повторно плукаат и пукаат врз 50-тина невладини организации, со испуканите националистички ќор-фишеци од 2015 година на избеганиот криминалец Никола Груевски - за организирање партиски попис во време кога пукаа „бомбите“ на Заев, и цела јавност ја дозна монструозноста на неговиот режим. Овие испукани куршуми веќе не проаѓаат во демократска и мултиетничка Северна Македонија.

August 31, 2021 16:05
in ПОПИС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Петрит Сарачини

Петрит Сарачини

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Левица и нејзината пропагандна машинерија на социјалните мрежи повторно плукаат и пукаат врз 50-тина невладини организации, овој пат со испуканите националистички ќор-фишеци од пред 6 години на избеганиот криминалец Никола Груевски. Замислете, сакаат да го легитимираат и релативизираат нивниот повик за бојкот на пописот, „потсетувајќи“ дека овие педесетина граѓански организации беа против идејата на Груевски за попис во 2015 година, четири години откако самиот тој го прекина пописот и му изеде на народот 14 милиони евра.

Кога веќе „потсетуваат“, редно е да ја потсетиме јавноста зошто невладините организации беа против таа идеја на Груевски. Оти, многу луѓе во нашето општество имаат навика брзо да забораваат.

Имено, во 2015 година, кога Груевски ја даде оваа „бравурозна“ ќор-фишек идеја, на големо пукаа „бомбите“ на Заев, односно, се објавуваа разговорите кои ги прислушувал Груевски и неговиот братучед, сега веќе осудениот и затворен тогашен шеф на тајната служба, Сашо Мијалков.

Преку овие објавени разговори од тогашната опозиција, пред целата јавност се слушнаа и соголија монструозните димензии на режимот, кој прислушувал над 20.000 граѓани, политички опоненти, новинари, интелектуалци, граѓански активисти, затворал луѓе, крадел избори и стотици милиони евра од парите на граѓаните.

Со овој ќор-фишек, Груевски се обиде да ја замајува јавноста и да го дефокусира нејзиното внимание од криминалот на столетието и разоткривањето на неговата диктатура.

Освен тоа, да не заборавиме – идејата на Груевски беше да спроведе попис по стара методологија, со партиско тело на негово чело, исто како во 2011 година.

И, најважното: Со овој ќор-фишек, Груевски сакаше да избега од одговорноста за неговиот страшен криминал и заробување на општеството, водејќи ја приказната кон неговата омилена тема и политика за владеење – поттикнување на поделби и меѓуетничка омраза.

Груевски брзо ја заборави идејата за пописот, бидејќи набргу потоа „му текна“ една уште „подобра“ идеја. Да ја злоупотреби таканаречената „Тиранска платформа“ за да ги подигне до максимум етничките тензии во земјата, откако ја прифати истата, но Али Ахмети и ДУИ го оставија да „виси“ на прозорецот од неговата шампита-палата од лажен мермер, гипс и стиропор.

Како заврши таа идеја на Груевски, видовме на 27 април 2017 година. Со крвав упад во Собранието, обид за државен удар, за убиство на пратеници и за поттикнување меѓуетничка војна во земјата.

Сега, радикалните националисти и десничари предводени од лажната „Левица“, се обидуваат повторно да пукаат врз невладините организации  и да го стигматизираат граѓанскиот сектор, но уште поважно – да ги продлабочат поделбите и меѓуетничката омраза, користејќи ги испуканите ќор-фишеци на Никола Груевски. Оти, во тие води најдобро „пливаат“ и мислат дека им носат најголем ќар.

Нека ми простат, ама, ако тие и нивните идоли паметат триесет секунди и преку жестока пропаганда и перење мозоци довеле до состојба и дел од граѓаните да се однесуваат така и да им веруваат, има некој што памети троа подолго.

Овие испукани куршуми, едноставно, веќе не проаѓаат во демократска и мултиетничка Северна Македонија.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ