• Latest

Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

April 23, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

April 23, 2026 11:48
in АНАЛИЗИ, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Александар Иванов

Во оваа колумна се обидувам попрецизно да ја именувам трагедијата на балканските народи. Се работи за тоа како од историски миг во кој се отвораше можност за сопствени држави, национална самосвест и чувство на достоинство, постепено влеговме во состојба на хронична несигурност, натпревар во жртвеност и политичка психологија на постојано загрозени заедници. Наместо зрелa национална гордост, која подразбира самопочит и одговорност, често добиваме нервозен национализам. Наместо историска зрелост, произведуваме колективен синдром на Касандра: сите предупредуваат, сите чувствуваат опасност, но малкумина се подготвени да ја преиспитаат сопствената улога во создавањето на таа опасност.

Во ноември минатата година пишував за „Трагедијата на нарцисоидните народи“, предупредувајќи дека во Европа постоеше сериозно стратешко слепило, особено по падот на комунизмот. Опиени од победата во Студената војна и од уверувањето дека либерално-демократскиот модел е последната станица на политичката еволуција, европските елити потценија колку долго живеат империјалните матрици, меморијата на поразите и чувството на понижување. Балканот, како простор што секогаш бил на пресек на различни империи, оваа грешка ја плаќа поскапо од многумина други.

Балканот како вечна периферија на империите

Балканот отсекогаш имал специфична геополитичка судбина: ретко бил центар, а речиси секогаш периферија. Прво на Рим, потоа на Византија, а подоцна и на Отоманското царство. Тоа е комплексна територија каде континуирано се прекршуваат јазични, етнички и други групи на народи, и токму во таа прекршеност се раѓа неговата сила, но и неговата ранливост. Последните големи империи што трајно ја обликуваа политичката и демографската матрица на просторот се Отоманската и Австроунгарската. Затоа и денес многу од државните нервози се всушност задоцнети реакции на империјалните распади. Балканските војни и двете светски војни не ја сменија само картата – тие ја сменија и логиката на преживување на народите.

Југословенскиот проект: награда, хегемонија и отпор

Создавањето на Југославија беше повеќе од романтична идеја за јужнословенско обединување. Тоа беше геополитички проект кој, меѓу другото, ја наградуваше големата жртва на српскиот народ во Првата светска војна. Но таа награда, барем делумно, беше реализирана на штета на помалите народи – пред сè Македонците, Црногорците и Босанците. Оттука, уште во својата генеза, југословенската држава носеше внатрешна нерамнотежа: формално обединување, но суштински хиерархија. Во Македонија тоа особено се чувствуваше преку вонредни мерки, административен притисок и системско негирање на посебноста. Кулминацијата на овој отпор беше атентатот на српскиот монарх Александар Караѓорѓевиќ и францускиот министер за надворешни работи, што резултираше со многу силна осуда од тогашната меѓународна заедница. Меѓу другото, тоа апсолутно може да се види од првите кодификации за меѓународна криминализација на тероризмот. Фактот дека Хрватите и Македонците соработувале во атентатот, јасно зборува за нивната заедничка борба со хегемонијата.

Кога државата не создава простор за политичка артикулација, насилството почнува да се јавува како изопачен јазик на политиката.

Бугарската траума и паралелите на поразот

Во меѓувреме, во Бугарија се одвиваат сосема различни политички процеси. Првично оформени како држава како резултат на војна која ја добива Руската империја против Отоманската империја (со тенденција за проекција на моќ во топлите мориња), бугарската држава во првите години после автономијата во 1878 година влегува во налет на национален ентузијазам. Исто како и српската држава (која во 1878 станува независна заедно со Грција), таа покажува експанзионистички потенцијали кон териториите кои се населени со доминантно словенско население. Тоа се пред сè териториите на тогашна отоманска Македонија – и тоа доминантно на Солунскиот, Битолскиот, Косовскиот и Ќустендилскиот вилает.

Формирањето на балканскиот сојуз за протерување на Турците од полуостровот после повеќе од 5 века претставува клучен настан. Патем, читателите треба да знаат дека вардарската долина и Тракија е најдолго владеените европски територии од Отоманска Турција. Тоа е краток сојуз кој во себе длабоко носи недоверба и задни намери. Овој сојуз се покажува трауматично погубно за големобугарските амбиции, а наградно за српските и грчките големодржавни амбиции. Ова дополнително се продлабочува со поразот во Втората светска војна, каде Бугарија е на поразената страна.

  • Факт е дека Србија има голема улога во двете светски војни и не е на страната на поразените, туку на победниците.

  • Но исто така факт е дека и Бугарија има голем број на жртви, но тоа е помалку познато, се разбира поради тоа што е на поразената страна.

Мала дигресија. Овде може и да ја бараме една од сличностите помеѓу државните избори во Бугарија и Унгарија, врзано со изборот на стабилни (сакале или не) и тврдокорни авторитарни лидери. Имено, она што е заедничко за двете држави е поразот во двете светски војни, како и промената на економско-политичкиот систем после Втората светска војна.

Комунизмот, раселувањата и институционалната меморија

Втората светска војна, како „најслоевит“ и системски воен судир во модерната историја, на Балканот не значи само ново разурнување, туку и ново државно картографирање. Врз основа на правото на самоопределување, во рамките на новата југословенска држава се воспоставуваат Социјалистички  БиХ, Црна Гора и Македонија како политички субјекти со сопствена институционална тежина.

Геополитичкото значење на Комунистичката интернационала и потезите на Георги Димитров отвораат простор Македонците да добијат поширока автономија. Но тој процес трае кратко. Судирот меѓу Сталин и Тито не е само геополитички раскол. Тој е и национална траума, особено за македонското население од Грција. Тоа население и онака веќе беше погодено од претходни бранови на раселување, а потоа доживува ново принудно иселување. Притоа, важно е да се биде аналитички прецизен: мерката не беше насочена исклучиво против Македонците, туку против комунистите во Грција воопшто. Сепак, за македонската меморија последицата е иста: чувство на историска распарченост и недовршеност.

Потоа следува еден исклучително важен, но често потценет процес: создавање на сопствена институционална и државна архитектура, односно постепено формирање на она што јас го нарекувам социјална интелигенција на државата. За тоа критично значење има 1967 година — со создавањето на МАНУ и со автономијата на МПЦ — што се совпаѓа со обидите за дистанцирање од доминантното српско влијание (види повеќе).

Македонија во Југославија беше типична држава-балансер: доволно мала за да не доминира, но доволно важна за да биде неопходна во одржувањето на рамнотежата. Проблемот беше што не можеше да ги неутрализира судирите меѓу големохрватскиот и големосрпскиот национализам. Во тој поширок контекст, трагедијата на македонскиот народ денес, не е изолирана приказна – таа е последица и на трагедијата пред се на големосрпскиот и на големобугарскиот историски елемент.

Стратешкото слепило на модерните елити

Она каде што нашите политички елити по 1995 година – пресвртна година која ја поврзувам со атентатот врз првиот претседател – покажаа целосно стратешко слепило, е нивниот неуспех да изградат избалансиран однос кон минатото. Ние не успеавме да артикулираме национална приказна која ќе биде истовремено автентична, но и попаметно позиционирана кон српската и бугарската страна на историјата. Со грчкиот наратив, природно, поврзаноста е далеку помала поради очигледната јазична и етничка бариера.

Оваа историска дезориентираност не е случајна. Таа директно се надоврзува на фактот дека Македонија – веројатно единствена во регионот заедно со Србија и Црна Гора – никогаш суштински не расчисти со товарот на комунистичкото минато. Овој демократски дефицит е тесно врзан со нечепнатите остатоци од југословенските безбедносни и разузнавачки структури кои продолжија да дејствуваат.

Затоа, кога денес ги анализираме политичките ставови и потези на државите околу нас, мора да ја разбереме геополитичката психологија на регионот преку неколку клучни призми:

  • Македонија како точка на прекршување: Ннашата територија останува арена на која традиционално се судираат албанските, српските и бугарските интереси. За Грција, од друга страна, постоењето на Македонија од стратешки аспект претставува природен тампон и логичен развој на „географско-економската целина“ на вардарската оска.
  • Српската парадоксална траума: Србија боледува од специфичен историски синдром – иако од Втората светска војна излезе како победник, нејзиниот современ наратив е обележан со перцепцијата за држава чија моќ и влијание континуирано се стеснуваат.
  • Историската фрустрација на Бугарија: Низ целиот 20-ти век, Бугарија го влече комплексот на поразена и виновна држава. Како и многу други постсоцијалистички земји (со исклучок на Словенија), таа мина низ хаотична транзиција која ја доведе до раб на нефункционалност – процес кој беше амортизиран, но не и суштински искоренет, единствено преку нејзиниот прием во ЕУ.
  • Посткомунистичкиот ревизионизам: Падот на комунизмот ги отвори пандорините кутии на Балканот, давајќи им шанса на старите хегемонии за ревизија на историјата и границите. Најеклатантен пример за тоа беше деструктивната одлука на Србија преку војни да се обиде да ја задржи својата доминантна позиција во текот на деведесетите години.

Соочување со реалноста: патот кон иднината

На крајот, Македонија мора длабоко и искрено да премине во соочување со сопствената оригиналност. Треба да прифатиме дека жртвата за создавање на државата во најголем дел е жртва на македонскиот народ, но и дека државата е производ на пошироки регионални и геополитички процеси. Без интервенциите на соседните држави Османлиската империја можеби би владеела подолго. Без бугарската логистичка поддршка македонското револуционерно движење ќе имаше поинаква траекторија. Без комунистичкиот пресврт немаше да се отвори прозорецот за македонска државност, а без државничката стратегија на политичките елити во Социјалистичка Македонија немаше да се создадат институциите што подоцна ќе го носат осамостојувањето. Да се признае ова не значи да се намали македонската приказна, туку да се направи посилна и поотпорна.

За жал, и по три и пол децении независност, ние сè уште недоволно рефлективно гледаме на овие процеси. Во услови на нови геополитички потреси, во свет во кој моќта повторно се враќа на голема сцена, а геополитиката не познава вакуум, Македонија нема луксуз бескрајно да чека туѓи одлуки. Затоа прашањето не е само дали ќе влеземе во Европската Унија, туку и дали сме подготвени децении да ја врзуваме целата национална стратегија за еден процес чие темпо не го контролираме. Време е ова да го погледнеме без сентимент и без паника: економски, политички, културно и цивилизациски. Само така ќе излеземе од синдромот на Касандра и ќе се вратиме кон она што требаше да биде почетната точка — зрелата национална гордост. А таа зрела Национална гордост е полноправна земја членка на ЕУ.

Проф. д-р Александар Иванов е редовен професор на Факултетот за безбедност – Скопјe, специјализиран за безбедност на животната средина, меѓународни односи и трансформација на безбедносната наука во оперативна реалност.

Авторски права и одговорност
© 2026 проф. д-р Александар Иванов и ЦИВИЛ – Центар за слобода
Сите права се задржани.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ