• Latest
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

Фашизмот и ние

April 24, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

Фашизмот и ние

Македонскиот ситно-граѓански "мал фашизам"

April 24, 2026 08:54
in ДЕМОКРАТИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Љубомир Д. Фрчкоски

Терминот “мал фашизам” веројатно се должи на Алберто Тоскано или пред него на Феликс Гатари или Фуко, не е важно, важно е дека се разликува од класичниот фашизам не само по листата особини кои Умберто Еко ги набројуваше туку по една специфична слобода/задоволство да се мрази „другиот“.

Значи нема ситуација на креирање „Нов поредок и Голем вечен Рајх“ туку се нормализира колапсот на општеството и неговите инклузивни норми под раководење на популистичкиот мал фашистички национализам. Општиот колапс во општеството и економијата се развива во политика на раководење со статус-квото на гниење и омраза што е хумус на „малиот фашизам“. Тој е некаков вентил за издувување на ферментираниот притисокот внатре во општеството од неговото гниење, кое може да води до експлозија и наместо неа сигурносниот вентил на малиот фашизам шишти постојано.

Но, сепак малиот фашизам има малку посложена феноменологија од оваа механичка метафора, а таа се препознава „по книга“ во Македонија под ДПМНЕ.

Фашистичката состојба на умот кодифицира специфична есенцијалистичка интерпретација на националниот идентитет и културата: таа станува неподвижна, во камен издлабена варијабла со која се цени сè друго – културните архетипови, етничките карактеристики измешани со расизам, „другите“ како пријатели или непријатели, паничење околу мигрантите и антитерористички секуритаризам, всушност, полициско присуство и каде не е потребно, враќање на модел на доминација на токсична машкост и со тоа сексизам, хомофобија и антифеминизам.

Културата на есенцијалистичкиот идентитет се базира на фабрикување историја на нацијата како жртва на историските премрежија. Таму каде поразите се слават повеќе од хероите, каде се создаваат фантазми за големина на нацијата и се жали за загубеното единство или територија, кои никогаш се немале итн.

Малиот фашизам го убива јазикот и текстот на начин што зборовите во јавниот дискурс и комуникацијата ја заробува во еднолиниски значења. Зборовите добиваат ригидни значења и со тоа се бара сигурност и потврда на фашистичките ставови. Тоа им одзема слоевитост на зборовите и изразите и ја затвара онаа мала пукнатина на сомнеж и можности на кои се базира можноста за деконструктивното читање на секој текст со значењата кои овозможува разлика, развој и промена. Таквите сомнежи наводно можеле да го „загрозат идентитетот“ и мора да се елиминираат. Со тоа се губи секое симболично значење на јазикот и говорот.

Но, најинтересна е неговата колективно психолошка слика која Фуко ја нарекува „ослободување на малите задоволства…“, а Гатари „секој сака да биде фашист…“. Имено, приватизацијата на насилството и негова еротизација, либидална инвестиција во процесот со кој секој поединец слободно го искажува гневот и омразата кон другиот, со негово понижување и неказнуван расизам. Естетиката на фашистичката политика е во слободата на искажување на омразата на малиот субјект – граѓанинот. Никакви нови проекти, нова држава, нов систем… Никаков напредок во ништо не е потребен, само неказнето ослободување во перфомативното мразeње и јавно искажување на истото.

Да се живее во ексцес во ноќното право на Хегел, во обсценоста на прекршување на либералните демократски норми – дозволени премолчено од елитата која го стимулира малиот фашизам. Тој не им дава на масите права, само слобода да се искажат во најдолните либидални задоволства на обсцена омраза и доминација врз други луѓе: мигранти , “соросовци”, педери, предавници, либерали, феминистки.

Таа “слобода” малиот фашизам ја стимулира со ставање на медиумите во  “dominance mode” со параноично ширење страв од исчезнување на машките, бели, хетеросексуални, вистински “наши” мали гадинки.

Политиката на малиот фашизам, како и секоја политика горе-долу, е базирана на организација на емоциите, е афектна политика. Но оваа, посебно нагласено, нема и не може да создаде кохеренција на идеолошки ставови или програма на развој и благосостојба на граѓанството. Таа е политика на контрадикции, раководење со конфузијата на кризата и систематска дезориентација, ширење дезинформации, матење во post-truth општеството. Во него, откога се утврдува дека вистина нема, победува оној кој повеќе лаже и има повеќе медиуми за тоа да го наметне. Со тоа се инструментализира во основа нихилистичка перспектива затскриена зад национално-идентитетска орнаментика.

Запомнете ја „класиката“ за луѓето на фашизмот на Хана Арент: Фашизмот не се потпира на убедените нацисти или комунисти туку на луѓето кои повеќе не разликуваат лага од вистина, факти од илузии (Изворите на тоталитаризмот).

Сето ова се објаснува, како што споменавме, со политиката на афекти и кај некои извори се нарекува, fascist junk politics.

Каде се милите македонки/чиња во сево ова?

Тие во голема бројка, наместо да го живеат животот, гласаа за ДПМНЕ и повторно влегоа во нивното моронско реалити. Не можеш да си глуп, а потоа да се жалиш зошто си глуп! Тоа нѐ чинеше сите национално и меѓународно изолирање и понижување, па внатрешни прогони, разнишување на меѓунационалните односи и општо осиромашување.

Условите на малиот фашизам ДПМНЕ во социјалната бранша ги исполни развивајќи две колективни паранои: криза од неизвесна, сиромашна егзистенција која се префрлува на минатите владејачки гарнитури; и создавање „жртвен јарец“ со пропаганда за опасност од гаснење и загроза на нашиот исконски македонски идентитет со инвазија и „силување“ на Македонија од странците и нивните договори во кои ние само попуштаме и се губиме, завери на нашите предавници, малцинствата одвнатре, либерали, соросоиди, ЛГБТ+ и Транс луѓе, феминистки и слично!

Тој симулакрум на лагата и контролата со медиумите во post-truth општество израснува во клучна алатка за контрола и доминација.

Образованието кое е институционална моќ на подредување, но и на еманципација, со кое се дисциплинира субјектот во поредокот, и низ кое Големиот друг на поредокот го субјективизира субјектот, неговото саморазбирање и односот кон „другиот“ во случајов е ставено под патријахална , дискриминациска чизма, назад во темните зандани на традиционализмот.

Невладините се во подрумите и казаматите на исчезнувањето. Но владините ботови затоа се пуштени на најсилно со омразата кон сите кои не се власта.

Ни претстои драги мои, повторно рушење на авторитарната власт и нејзината/нашата фашистичка состојба на умот, ако Македонија воопшто сака и има енергија повеќе да преживее како држава и нација.

Извор: Либертас

 


Прочитајте и: 

БЕЛЕШКИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ КОНСТИТУЦИОНАЛИЗАМ – Проф. д-р Љубомир Д. Фрчкоски

(Печатеното издание, во издание на ЦИВИЛ, е достапно во книжарницата „Или-Или“ во Скопје)

(ЕКСКЛУЗИВНО) Фрчкоски за македонскиот конституционализам (1): Ако успееше тајната операција „Опера“ на КОС, за државен удар во Југославија и квислиншка влада во Македонија, нас ќе нè пратеа в затвор

(ЕКСКЛУЗИВНО) Фрчкоски за ЦИВИЛ МЕДИА (2): Македонскиот устав го издржа тестот на времето, обезбедува широка рамка за почитување на човековите права и слободи

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ