• Latest

Политичка злоупотреба на трагедијата во Тетово, краен рок за поднесување кандидатури, изборен мониторинг на ЦИВИЛ

September 11, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Политичка злоупотреба на трагедијата во Тетово, краен рок за поднесување кандидатури, изборен мониторинг на ЦИВИЛ

September 11, 2021 19:02
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Релативно мирен ден за Мониторинг тимот на ЦИВИЛ. Сепак, и денешниот ден, додека траат деновите на жалост, по трагедијата во Тетово, каде што во пожарот кој изби во модуларната ковид-болница животот го загубија 14 лица, политичките партии на опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Левица, ја бомбардираат владејачката коалиција со обвинувања и повици за оставки.

ДУЕЛИ

Извесно е дека трагедијата што му се случи на Тетово и на целата земја, максимално се искористува, односно злоупотребува во изборен контекст. ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини СДСМ дека нема одговор на клучни прашања.

„Наместо жалопојки колку Филипче е супер, отворете очи и гледајте што се случува. Пропуст до пропуст. Сомнителни тендери. Најмногу заболени и починати од корона по глава на жител во Европа. Распад на системот во здравството. И страшна трагедија за која СДСМ нема одговори на клучните прашања“ – соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Со осуди и повици за оставки се појавија и другите политички партии на опозицијата.

СДСМ возврати на нападите со ставот дека ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести додека целата држава жали по жртвите од трагедијата.

„Додека цела држава жали ВМРО-ДПМНЕ монтира и шири лажни вести за министерот Венко Филипче. Работата и посветеноста на Венко Филипче и неговите дела се препознаени од граѓаните и ниту еден фотошоп и  манипулации не можат да го избришат тоа. Јавноста уште еднаш сведочи на нечовечно некрофилско однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски. ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се извор на лажни вести, посочени и во студија финансирана од ЕУ. Нивните деструкции и лажни вести , се препознаени од граѓаните и затоа нема да им поминат и овојпат повторно ќе бидат поразени на избори“ – се вели во еден од одговорите на СДСМ.

КАНДИДАТУРИ

Денеска (11 септември) на полноќ, истекува рокот за поднесување кандидатури за локалните избори на 17 октомври до општинските изборни комисии (ОИК). Дежурни тимови на ОИК ги примаат кандидатурите до истекот на рокот.

Кандидатурите ќе се разгледуваат на ниво на ОИК. Најдоцна на 18 септември, општинските изборни комисии ги доставуваат утврдените кандидати до ДИК.

РОКОВНИК

Сите поважни рокови до крајот на изборниот процес на едно место се собрани во роковникот што го објави и ЦИВИЛ. Роковникот содржи податоци за тоа кога најдоцна треба да се поднесуваат кандидатските листи, финансиските и други извештаи, кога се гласа, кои се роковите за објавување на резултатите од изборите и многу други фази, настани и активности во текот на изборниот процес.

МОНИТОРИНГ

ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ Во тек е повикот за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Заинтересираните можат да се пријавуваат по пат на едноставна онлајн апликација до 30 септември. На медиумската платформа на организацијата достапни се и одговори на најчесто поставуваните прашања. Во овој период се спроведува и долгорочен изборен мониторинг, кој беше интензивиран од 15 август.

ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ спроведува и долгорочен мониторинг на дезинформациите и говорот на омразата. Како и во низа други области, тоа се прави во блиска соработка со граѓанките и граѓаните. Меѓу другото, достапна е и Граѓанската пријава на која може да се пријавуваат случаи на дезинформации и говор на омраза, но и кршење на човековите права, корупција, дискриминација и низа други негативни појави во општеството.

ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности.

Џ. Дерала

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ