• Latest
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Села се сретна со претставници на ОБСЕ/ОДИХР, тетовската трагедија и денеска на партиските трпези

September 15, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Села се сретна со претставници на ОБСЕ/ОДИХР, тетовската трагедија и денеска на партиските трпези

September 15, 2021 16:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Избори, 2017 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села денеска оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ-ОДИХР во Скопје.

Главна тема на која се препукуваат политичките партии се уште е трагедијата во Тетово во која загинаа 14 лица. ВМРО-ДПМНЕ и денеска бара оставка од Заев, Филипче и Хасани, додека од СДСМ одговараат дека опозицијата, продолжува со обидите да спечалат некој политички поен на несреќата во Тетово.

СРЕДБА

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села денеска оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ-ОДИХР во Скопје, Тана де Зелуета и политичкиот советник, Даниела Диакону. Тие разговараа за спроведувањето на локалните избори.

ТРАГЕДИЈАТА ВО ТЕТОВО И ДЕНЕС СЕ НАЈДЕ НА ПАРТИСКИТЕ ТРПЕЗИ

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска ја засилија кампањата со барање на оставки, но овојпат и од премиерот Зоран Заев.

„Колку луѓе треба да ги загубат своите животи за Заев да си даде оставка?! Нека каже Заев уште колку трагедии треба да и се случат на државата за некој да понесе одговорност?! Ако си даде оставка Заев не се распушта државата, само тој си дава оставка едноставно е! Оставка од Заев, Филипче и Хасани мора да има, и тоа не е распуштање на државата како што сака да претстави Заев, тие не се ниту аристократи, ниту пак државата е нивна“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ одговорија дека нема ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат со обидите да спечалат некој политички поен на несреќата во Тетово и потврдуваат дека не го знаат Уставот, Деловникот за работата на Собранието, ниту законите.

„Колку и да се обидуваат ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Александар Николоски да манипулираат со јавноста, владата предводена од СДСМ постапува според Уставот и доследно ги почитува законите. Со падот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ заврши времето кога политиката беше над правото, кога пресуди се диктираа по телефон, а институциите се злоупотребуваа.

Не може да се заборави како ВМРО-ДПМНЕ се однесуваше за време на најголемата пандемија, преку кршење на мерките, ширење лажни вести, потсмевање со вирусот и навреди врз здравствените работници“, велат од СДСМ.

РОКОВНИК

Сите поважни рокови до крајот на изборниот процес на едно место се собрани во роковникот што го објави и ЦИВИЛ. Роковникот содржи податоци за тоа кога најдоцна треба да се поднесуваат кандидатските листи, финансиските и други извештаи, кога се гласа, кои се роковите за објавување на резултатите од изборите и многу други фази, настани и активности во текот на изборниот процес.

МОНИТОРИНГ

ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ Во тек е повикот за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Заинтересираните можат да се пријавуваат по пат на едноставна онлајн апликација до 30 септември. На медиумската платформа на организацијата достапни се и одговори на најчесто поставуваните прашања. Во овој период се спроведува и долгорочен изборен мониторинг, кој беше интензивиран од 15 август.

ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ спроведува и долгорочен мониторинг на дезинформациите и говорот на омразата. Како и во низа други области, тоа се прави во блиска соработка со граѓанките и граѓаните. Меѓу другото, достапна е и Граѓанската пријава на која може да се пријавуваат случаи на дезинформации и говор на омраза, но и кршење на човековите права, корупција, дискриминација и низа други негативни појави во општеството.

ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности.

ПОТСЕТНИК: ЦИВИЛ ГИ ПОВИКА СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ И НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ДА ЈА ИСПРАЌААТ ИНФОРМАЦИИ ЗА АКТИВНОСТИТЕ

Во рамките на својот долгорочен изборен мониторинг, ЦИВИЛ и Редакцијата при медиумската платформа, редовно ги бележат настаните на различните учесници во изборната трка. Организацијата неодамна ги повика политичките партии и независните кандидати редовно да ја известуваат организацијата и нејзината медиумска платформа за своите активности. Дел од учесниците во изборната трка сè уште не одговорија на повикот.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ