• Latest

Вистиномер со ист наод како ЦИВИЛ Медиа, неточно е дека „Заев е исклучен од протоколот (на Меркел) за директна средба“

September 19, 2021

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер со ист наод како ЦИВИЛ Медиа, неточно е дека „Заев е исклучен од протоколот (на Меркел) за директна средба“

September 19, 2021 20:11
in ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Не е точно дека Заев бил исфрлен од протоколот на Меркел и дека Македонија е понижена и исклучена од иницијативата „Отворен Балкан“ и од процесот за интеграција во Европска Унија, пишува „Вистиномер“ во новата анализа. Овој наод се совпаѓа со констатациите што ги објави Цивилмедиа во содржината  „Лажна и малициозна објава за средбата на Заев и Меркел“ на 15 септември.

Вистиномер ја рецензира објавата на Фејсбук на „МК Денес“, која еуфорично и бомбастично најавува „скандал“ и (дез)информира дека македонскиот премиер бил исклучен од протоколот на германската канцеларка, Ангела Меркел. Постот е доста вирален и споделуван, констатираат порверувачите на факти од оваа организација.

Постот е придружен со текст во кој се изнесени низа дезинформации поврзани со посетата на Меркел на Албанија и нејзината проштална средба со лидерите од Западен Балкан, се вели, меѓу другото, во анализата на „Вистиномер“.

„Од сето ова можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме шири дезинформации дека Заев бил исфрлен од протоколот на Меркел и дека Македонија е понижена и исклучена од иницијативата „Отворен Балкан“ и од процесот за интеграција во Европска Унија“, пишува „Вистиномер“.

Констатациите се совпаѓаат со наодите на мониторингот тимот на Цивил медиа, кои беа изнесени во текстот објавен пред 4 дена со наслов:  „Лажна и малициозна објава за средбата на Заев и Меркел“

„Лажна вест и дезинформација е вчерашната објава на порталот мкденес.мк и Фејсбук статусот на лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески дека премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев е исклучен од протоколот на канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел, која денес допатува на еднодневна работна посета на Тирана“, пишува во содржината на Цивил медиа.

Овој напис беше повод за демант испратен до Цивил медиа од страна на Богојески, кој ја објави спорната содржина со свој коментар на неговиот Фејсбук профил.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ