• Latest

Бачовска: Сведоци сме на децениска вулгарна партизација на образованието

September 24, 2021
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Бачовска: Сведоци сме на децениска вулгарна партизација на образованието

September 24, 2021 16:49
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Едно е да зборуваме за влијанието на политиката во образованието, или исполитизирано општество, и нормално дека на ваков висок степен на исполитизирано општество какво што е нашето, сите актери истапуваат од вредносни позиции, а не од аргументирани. Секако е дека и образованието е длабоко исполитизирано. Не зборувам дека во оној конструктивен аспект политичката волја и државата се длабоко заинтересирани, туку сите оние деструктивни процеси дека и образованието е веќе дефинирано како политика. На некој начин и јас доаѓам од образование, штета што нема тука претставници на основното и на средното образование, каде што мислам дека проблемот е многу голем.“, изјави проф. д-р. Јасна Бачовска денеска на панелот на ЦИВИЛ „Деполитизација на училиштата“.

Жал ми е дека оваа година, кога славиме триесет години независност на државава, многу луѓе се постари од самата држава, па можеме така како личен опис да зборуваме, на некој начин, јас сум се школувала и во еден друг систем, сега имам дете во трето одделение, и како очевидец ги чувствувам сите тие негативни појави. Мојот син учи во јавно основно училиште, секој месец се преиспитуваме дали сме ја донеле вистинската одлука да учи… Не станува збор само за проблем со квалитет на кадарот, туку и со инфраструктурни услови, дали имаат сапун кога ќе влезат во училиштето, мириса непријатно од тоалетите, и некако престанувате да мислите за политизираност, туку каде го носам детето. Ова се страшни состојби, а образованието е секогаш на високи агенди на политичките партии. Постојано имавме модернизација на образованието, најавување на некои радикални промени, имплементирање на Кембриџ програми, а од друга страна имаме школи без греење и без основни услови за хигиена и функционирање, и клупи, а од друга страна зборувате за компјутери и паметни табли…Премногу ветување, малку остварувања, комплетно ретроградни процеси.

Во однос на партизацијата на образованието, Бачовска вели дека таа е посебно видлива во основното образование.

„И во социјализмот, на пример, десет години чекав вработување на факултетот, и бев демонстратор, неплатен, и дојдов во една состојба, во 2006 или 2007 година, се вработија луѓе, така паднаа од некаде, кај нас на правен факултет, па немаа ниту часови да држат, додека ти си чекал десет години  вработување како најдобар студент на генерацијата, и тоа се фрустрации.

И тоа е вулгарна партизација на образованието.

Во основното образование партизацијата е многу видлива, особено во ова општество, када што степенот на политичка култура е многу низок, како и демократската свест, партиципативната граѓанска култура е исто  ниска, и имаме состојби каде градоначалниците поставуваат директори на основните училишта, меѓутоа, директори фигури, кои никогаш ги нема нешто да кажат, да побараат, да се бунат, некој сервилно полтронски однос кон градоначалниците, премиерите…

Имавме поразителни состојби кога еден премиер го носеше детето на училиште со слики по медиумите. Тоа е проблем на култура што не може веќе ниту да се замаскира. Тој процес е толку голем, што не знам дали е можно да се реши ако го пуштиме со некој спонтан општествен процес.

Што се однесува до квалитетот на наставниот кадар, сега најлошите ученици се запишуваат на педагошката академија, бидејќи мислат дека најлесно ќе поминат факултет и ќе добијат некоја сигурна работа што ќе трае 4-5 часови. Тие факултети се неатрактивни за силните ученици“, додава меѓу другото Бачовска.

Дијана Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ