• Latest

Најчевска: Партизација во училиштата значи кога некој е на власт, a дефинитивно нема поим што значи образованието за развојот на заедницата

September 29, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Најчевска: Партизација во училиштата значи кога некој е на власт, a дефинитивно нема поим што значи образованието за развојот на заедницата

September 29, 2021 12:53
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Политиката не треба да се тргне од образованието, дури е потребно политиката да води сметка за образованието, изјави меѓу другото проф. д-р. Мирјана Најчевска на панелот на ЦИВИЛ „Деполитизација на образованието“.

 

„Потребен е соодветен начин на третман на образованието од страна на политиката. Кога станува збор за партизацијата, тоа е веќе сосема друг проблем. Некој може да го партизира образованието само доколку не го разбира образованието, само доколку не го разбира значењето на образованието. Партизацијата значи кога некој е на власт, којшто ги држи узгините, некој којшто е во процесите на одлучување и слично, дефинитивно нема поим што значи образованието за заедницата, за развојот на една заедница, и воопшто за развојот на една држава. Ако тргнеме од еден многу елементарен пример, пример кој повеќе пати го повторуваме, меѓутоа стана некоја видна мантра  без вистина да го сфаќаме значењето на она што го кажуваме. Тоа е примерот на Финска и нејзиното образование.“, вели Најчевска.

 

Во однос на најсоодветен модел на воспоставено образование во светски рамки, Најчевска ГО посочи  пример  финското образование.

„Во 1960 година, некој во политиката во Финска, на ниво на политичко одлучување, на ниво на политичко решавање и слично, дошол до заклучок дека развојот на финското школство може да биде соодветен само доколку се посвети соодветно внимание на образованието, и доколку се направат такви суштински, коренити промени во образованието, коишто ќе доведат до таков развој. Од 1960 година до денеска, Финска цело време нешто додава, нешто менува, обликува, меѓутоа, основниот концепт е ставен тогаш. Тоа кажува дека ни е потребна политичка волја, политичко решение, меѓутоа, долгорочно, нешто што ќе произлезе од самата заедница, нешто кое ќе го прифатат сите политички фактори, и зад кое што ќе стојат година по година, по декада, за да може да се направи вистинската промена.

Она што Финците го направиле е, прво, решиле што и како ќе се случува со образованието на наставниците, потоа решиле што и како ќе се случува со именувањето на менаџерскиот кадар којшто ќе работи во рамките на училиштата. Потоа дошло и се она што е поврзано со програмите, со курикулумите, со содржините, со учениците. Меѓутоа, првата промена, основната промена започнала од менаџерскиот кадар на училиштата, и од се она што претставува образование на наставниците, на учителите, на сите едукатори во основното и средното образование.“, посочува Најчевска.

Дијана Тахири

камера: Атанас Петровски

монтажа: Ариан Мехмети 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ