Во 2016 гласавме на парламентарни избори; во 2017 на локални; во 2018 се пребројувавме на референдумот за Преспанскиот договор; во 2019 гласавме на претседателски избори; во 2020 повторно на парламентарни; во 2021 на локални избори… Плус осум општински референдуми во последните пет години. Овде спаѓа и спроведувањето на пописот на населението, бидејќи се третира како еминентна изборна активност. А, веќе се спомнува и 2022 година како можност за вонредни парламентарни избори, пишува во новата колумна на Сашо Орданоски „Може ли Македонија да издржи олку демократија?”.
„За мене, ѕвезда на првите денови на кампањата е урнебесно смешниот лик завиткан во пелерина, налик на аланфордовската подбивна верзија на Супермен (Суперхик). Единствено тој е извесно освежување, иако е здодевно човек да го слуша повеќе од 15 секунди. Наспроти познатата галерија од мрачните ликови кои никогаш не учествуваат, туку само кукаат од длабоката сенка на својот партиски бункер. Вистински паланечки циркус“, пишува Џабир Дерала во едиторијалот „Македонска изборна салата, проклетство и благослов“.
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ:
– Централиот карван „Најдоброто за мојата општина“ е меѓу граѓаните на Демир Капија и Неготино, а на централниот настан во Кавадарци ќе се обратат претседателот Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Горан Тодоров.
– Во рамки на вториот караван ќе се обратат потпретседателот Бојан Маричиќ и кандидатот за градоначалник Перо Костадинов во Валандово.
-Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во повеќе населени места Конче, Радовиш, Струмица.
– Прес-конференција на ДУИ во Гортивар
– Иницијативата Зелен Хуман Град ќе одржи прес-конференција на тема ” Изградба на зграда”, во Паркот на Новинарите во Скопје.
-Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“, предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП во Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци .
– Изборни активности на Движењето Беса во Бутел и Шуто Оризари.
ИЗБОРЕН РАПОРТ: ЦИВИЛ ќе го емитува осмото издание на „Изборен рапорт“ денеска (понеделник, 4 октомври), во 11:15 часот. „Изборен рапорт“ со најновите информации од изборниот мониторинг се емитува во живо, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.
ДИПЛОМАТИЈА: Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во работна посета на Сојузна Република Германија каде ќе одржи средби со министерот за надворешни работи, Хајко Мас и државниот министер надлежен за Европа, Михаел Рот.
ФОРУМ: Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, ќе учествува на 21-от Економски форум во Белград како говорник на панелот „ЕУ-Западен Балкан: Што може да очекуваме од состанокот на ЕУ во Словенија?“.
ОБРАЗОВАНИЕ: Ректорот на УКЛО и Деканот на ФТУ ќе се обрати на првиот академски час во Охрид
– Свечен прием на новите студенти на Универзитетот во Тетово
– Свечен прием за студентите на Факултетот за бизнис администрација – Куманово.
КУЛТУРА: Прес-конференција по повод почетокот на новата концертна сезона „Филхармонија во движење“
КОМУНИКАЦИЈА: Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев