Оти, демократско-капиталистичкиот „договор“ не беше таков: добро, ајде, по една јахта и по една вила на Азурната обала, па и по еден Пикасо обесен на ѕид или фудбалски тим во Премиер лигата; ама не и цели квартови низ Лондон и Женева и збирка на дијаманти како од времињата на Луј IV и Романови, добога! Тоа ги предизвика буржоаските револуции, по што следуваше воздигнувањето на капитализмот – нема сега да се враќаме назад со рушење на капитализмот на истиот начин како што го градевме!, пишува во новата колумна на Сашо Орданоски „ Пандорина кутија: Следи ги парите!”.
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ:
– Прес-конференција на огранокот на ДУИ, пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, во Гостивар.
– Портпаролот на Движењето БЕСА ќе одржи прес-конференција во седиштето на Беса, движењето ќе има зборни активности во Студеничани.
– Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Бутел, Чаир и Центар.
– Централниот караван на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ меѓу граѓаните на Петровец и Илинден, а на централниот настан во Аеродром ќе се обратат претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев и кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Александар Филиповски.
– Во рамки на вториот караван на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ ќе се обратат потпреседателот на СДСМ Оливер Спасовски и кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба, Борче Георгиевски, во паркот Ченто во Гази Баба.
– Изјава за медиуми на Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром, во промотивниот штаб на СДСМ во Ново Лисиче.
– Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП. Движењето ќе организира онлајн трибина на тема „Во какво Скопје сакате да живеете?“
– Средба со граѓани и здруженија на граѓани на Иницијативата Зелен хуман град на тема „Урбана мобилност“, во Скопје на ул.„Џон Кенеди“
ИЗБОРЕН РАПОРТ: Деветтото издание на „Изборен рапорт“, ЦИВИЛ ќе го емитува денеска (вторник, 5 октомври), во 11:15 часот. „Изборен рапорт“ со најновите информации од изборниот мониторинг се емитува во живо, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.
ПОСЕТА: Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ќе престојува во дводневна официјална посета на Хеленската Република.
МЕДИУМИ: Со дискусија посветена на годинашната фестивалска тема „Жените во медиумите“ почнува Петто издание на Медиумскиот фестивал Скопје во организација на ПИНА – Платформата за истражувачко новинарство и анализи.
ЕКОНОМИЈА: Во Владата денеска ќе бидат презентирани предлог-мерки за забрзан економски раст на македонскиот старт-ап екосистем.
КУЛТУРА: Денеска на програмата на Интерфест-Битола ќе се одржи поетска вечер посветена на Блаже Конески.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев