УТРИНСКИ КОЛУМНИ
„Само како илустрација ќе ви наведам став на еден таксист со кој се возев деновиве – ми досади да возам разни луѓе по градов, затоа се вклучив во кампањата кај еден од кандидатите. Одам на средби, убедувам луѓе што се возат со мене да гласат за него, но му кажав „сакам едно работно местенце за мене, било какво место само да се тргнам од таксито… Можеби ова не е репрезентно мислење на граѓаните, но секако не е осамен случај, пишува Војо Маневски во колумната „Зелени или позелени“.
„Хух! Добро е, го преживеавме митингов – но, не за долго: крв има да се лее по скопските калдрми кога Апасиев ќе дојде на власт! Дури и маратонецот Камиказа на митингот малку подголтна и делуваше некако замислен, оти едно е да се трча за градоначалнички мандат, а друго е да се бега пред крвавите секири на Апасиев, брзоногиот револуционер висок 160 сантиметри. Не знае Камиказа, ама можеби претпоставува, дека целата „екипа“ на Робеспјер заврши трагично и без судење, како и тој (Робеспјер) самиот, а на Перо уметничкото име Камиказа веројатно почнува да му звучи како лош прекар (староримски omen), навестување на политичката судбина што сигурно не си ја посакува“, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Конечно дојде време да му се плашиме на Апасиев”.
Утринава, ЦИВИЛ МЕДИА објави и колумни од Билјана Арсовска (Фронтлајн), Ивица Челиковиќ и Денко Малески (Слободен печат).
ИЗБОРЕН РАПОРТ: „Изборен рапорт“ #10, ЦИВИЛ ќе го емитува денеска (среда, 6 октомври), во 10:30 часот. „Изборен рапорт“ со најновите информации од изборниот мониторинг се емитува во живо, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021
Централниот караван на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ меѓу граѓаните на Свети Николе и Пробиштип, а на централниот настан во Свети Николе ќе се обратат претседателот Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Сашо Велковски, во Пробиштип ќе се обратат премиерот и кандидатот за градоначалник Драган Атанасов.
Во рамки на вториот караван на Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ во Ресен ќе се обратат Радмила Шекеринска и кандидатот за градоначалник Живко Гошаревски.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Петровец, Илинден, Зелениково и Ѓорче Петров.
Изборни активности на Движењето „Одлучно за промени“ предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП во Свети Николе,Штип и Делчево .
Изборни активности на Движењето Беса во Липково.
Председателот на Движењето БЕСА и кандидат за градоначалник за Тетово Билал Касами ќе дава изјава за медиуми во врска со изборните активности во Тетово.
НАСТАНИ
САМИТ: Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе учествуваат на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брдо кај Крањ.
ПОСЕТА: Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ја продолжува неговата дводневна официјална посета на Грција, прва на највисоко ниво меѓу двете држави.
ДОНАЦИЈА: Во касарната во Ѓорче Петров денеска ќе биде предадена донација од Обединетото Кралство наменета за припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група и за специјалните сили.
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ: Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија ќе одржи настан за одбележување на Светскиот ден на лицата со церебрална парализа во ДХО „Даре Џамбаз“.
КУЛТУРА: Предавање на Хедвиг Фејен (Холандија), основач и директорка на Европското номадско биенале за современа уметност – Манифеста во Музејот на современа уметност.
ИНФОРМАЦИСКИ ХАОС
„Кратки нозе“ #4: За „Скопје 2014“ од Латас, за Сорос и извидничкиот камп, за скринингот во училишта
Во ова издание, разоткриваме серија невистини од Драган Павловиќ Латас за проектот Скопје 2014. Откриваме и дезинформации дека Фондацијата на Сорос го финансирала спорниот камп на Првиот скопски извиднички одред, како и дека од деца во училишта се собира генетски материјал.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев