• Latest
Тана де Зулуета, ОДИХР (фото: МИА)

Тана де Зулуета, ОДИХР, говори за слабостите на Изборниот законик, задоцнетите фингерпринт апарати и малиот број жени кандидатки во изборниот процес

October 15, 2021
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Тана де Зулуета, ОДИХР, говори за слабостите на Изборниот законик, задоцнетите фингерпринт апарати и малиот број жени кандидатки во изборниот процес

October 15, 2021 19:41
in ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Тана де Зулуета, ОДИХР (фото: МИА)

Тана де Зулуета, ОДИХР (фото: МИА)

Share on FacebookShare on Twitter

Интервјуто со Тана де Зулуета која ја предводи Мисијата за изборен мониторинг на ОДИХР во Северна Македонија, открива детали за главните цели на мисијата, досегашните наоди од мониторингот на локалните избори, како и за главните предизвици на изборниот процес. Посебен фокус во интервјуто со де Зулуета беше родовата еднаквост и учеството на жените во политиката.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се главните цели на набљудувачката мисија на ОДИХР во Северна Македонија овој пат на локалните избори?

ЗУЛУЕТА: Мандатот на изборното набљудување на ОБСЕ/ОДИХР и секогаш ист. Доаѓаме да процениме дали спроведувањето на изборите е во согласност со заложбите на ОДИХР, со меѓународните стандарди и со националното законодавство. Сликата доста брзо се промени бидејќи законот се измени откако последен пат бевме тука. Го гледаме и воведувањето на технологијата за биометриска идентификација на гласачите, а ова беше воведено во доцна фаза од подготовките, по промовирањето, по обуката на избирачкиот персонал. Другата новина која што ја следиме се уредите за биометриска идентификација на гласачите, што пристигнаа доцна. ОДИХР изврши одреден притисок врз администрацијата во однос на обуката. Значи, тоа е нешто што го следиме и како и сите гласачи на Република Северна Македонија, ќе чекаме да видиме што ќе се случи на денот на изборите.

ЦИВИЛ МЕДИА: Краткорочните набљудувачи на изборите на ОДИХР се веќе пристигнати и ќе бидат распоредени или веќе се распоредени? Дали имаат некои посебни задачи, или сето тоа е во рамките на добро-познатиот мандат на ОДИХР?

ЗУЛУЕТА: Не, сега сé е различно, со посебните мерки на претпазливост кои сите треба да ги почитуваме поради пандемијата. Значи, нашите краткорочни набљудувачи минаа низ обука, вкупно се 126 краткорочни набљудувачи. Тие пристигнаа денеска (13 октомври), од 23 земји учеснички, добра меѓународна покриеност. Ги брифиравме онлајн во понеделникот и вторникот. Моравме да го испланираме времето за да можеме да зборуваме со луѓе кои се наоѓаат во Цирих и во Калифорнија. Така, за некои беше утро, а за некои беше вечер.

Ги брифиравме за тоа што точно се нивните задачи. Тие се значајна компонента на нашата мисија и онаа која недостасуваше кога последен пат ОДИХР набљудуваше во земјата, затоа што за парламентарните избори тоа не беше можно поради пандемијата. Многу засегнати страни го поздравија фактот што ќе вршат системско набљудување на гласањето, на пребројувањето и на сумирањето на резултатите. Секако и на првите приговори, доколку ги има. Ова ќе ни овозможи да имаме статистика во однос на спроведувањето на изборите, што ќе помогне, се надевам, да се даде добра слика за изборите.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како би го опишале изборниот процес досега? Кои се вашите главни наоди, покрај тоа што биометриските уреди пристигнаа доцна, како и дека легислативата се воведе прилично доцна?

ЗУЛУЕТА: Амандманите на Изборниот законик многу доцнеа, а ние веќе имавме укажано на овој факт во нашиот привремен извештај и секако ова е спротивно на меѓународните добри практики, како и заложби. Тие ги земаат предвид некои од препораките на ОДИХР, но други не се земени во предвид.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како на пример?

ЗУЛУЕТА: Па, сметам дека најважната, сеопфатна препорака, која понатаму останува, а потоа по изборите ќе видиме што друго ќе сакаме да дадеме како препорака, е дека Изборниот законик во кој имаше бројни последователни прилагодувања низ годините, мора да се среди, бидејќи не е целосен и не е конзистентен. Понекогаш членовите во него не се во согласност едни со други. Тешко е за администрацијата да ги спроведе, а тешко е и за гласачите и кандидатите да функционираат со правна несигурност. Ова е многу важно и се надевам навистина дека политичките партии ќе најдат консензус за да им овозможат на граѓаните да имаат нешто што би било навистина функционален Изборен законик.

ЦИВИЛ МЕДИА: Зошто мислите дека нашите институции не успеваат да ги исполнат препораките на ОДИХР?

ЗУЛУЕТА: Тешко е да се каже. Претпоставувам историско прашање. Можеби се сведува на политичка волја. Градењето консензус не е едноставно. Веќе некои време има слаби мнозинства во парламентот, но мислам дека најважно е да се најде заеднички јазик за прашања како што се спроведување на изборите, што е начин за сите учесници да се заштитат себеси, наместо да бараат предност. Ако парламентот најде време, тоа би било добро.

Изборниот законик во кој имаше бројни последователни прилагодувања низ годините, мора да се среди, бидејќи не е целосен и не е конзистентен. Понекогаш членовите во него не се во согласност едни со други. Тешко е за администрацијата да ги спроведе, а тешко е и за гласачите и кандидатите да функционираат со правна несигурност.

ПОСЕБЕН АКЦЕНТ: УЧЕСТВО НА ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА И РОДОВА ЕДНАКВОСТ

Бев погодена кога дознав дека од 80 градоначалници кои се кандидираат сега, само шест се жени. Ова е многу мала бројка. Со оглед на важноста на градоначалникот во политичкиот систем и административниот систем на Репиблика Северна Македонија, тоа е жално.

ЦИВИЛ МЕДИА: Имаме многу мал број жени кандидати повторно на нашите избори. Покрај тоа што се малку на број (за што би сакал да ве замолам да коментирате), тие се и мета на огромен говор на омраза, родово базиран говор на омраза, што ги таргетира жените кандидатки на овие локални избори. Кои се вашите коментари за двата случаи?

ЗУЛУЕТА: Една од работите што ОДИХР ги гледа е и учеството на жените во политичкиот живот. Тоа се трудиме сеопфатно да го гледаме, да го разбереме, како и гласачите, но исто така и кандидатите, политичките партии, колку жените се ангажирани.

На прв поглед, сликата не е толку лоша, бидејќи имате систем на квоти во оваа земја за советите и за парламентот, што го гарантира минимумот што законот го предвидува. Така што, на тој план, сликата не е толку загрижувачка.

Но, кога ќе ги погледнете градоначалниците, јас бев погодена кога дознав дека од 80 градоначалници кои се кандидираат сега, само шест се жени. Ова е многу мала бројка. Со оглед на важноста на градоначалникот во политичкиот систем и административниот систем на Репиблика Северна Македонија, тоа е жално. Бројот на кандидати за градоначалници ја одразува ситуацијата, која не се развива во позитивна смисла.

Партиите не беа во потрага по жени кандидатки, а и ни признаа така искрено. Има само 25 жени од мислам 312 кандидати. Значи овие 25 жени треба навистина многу добро да се справат за да ги задржат 8-те проценти што ги имавме претходно. А некои од нив се јасно поставени таму за шоу, ако гледате на што мислам. Партијата која ги поставува во некои случаи знае дека нема да победат, но тие ќе го подобрат имиџот на партијата.

Се обидовме да разбереме зошто, а сигурна сум дека вие и другите во земјата подобро од мене ќе го одговорат тоа прашање. Но, интересно е тоа што колку подолго беа нашите набљудувачи во регионите, разговарајќи со луѓето, посетувајќи ги селата, толку појасно стана дека препреките за учество на жените се длабоки и дека тие се од културен карактер, како и од економски.

Често, жените кандидати кога зборуваат, тие се придружени од своите машки роднини. А често, кога има двајца што одговараат на прашања, зборува мажот, дури и жената да е позначајна. Така, сфативме дека жените се соочуваат со многу пречки, од типот на невидливите. Но, постои и друга пречка што може да ги обесхрабри, а како што спомнавте, тоа се нападите, родово базираните напади, посебно на социјалните мрежи.

Жените се многу ранливи по ова прашање. Огромна е штетата за нивниот углед, како и за општеството. Тие се многу поранливи од нивните машки противници, а нивните напаѓачи го знаат тоа, па затоа одат по нив. А тоа не е убава глетка.

ЦИВИЛ МЕДИА: Што сметате дека треба ова општество, како и институциите да сторат?

ЗУЛУЕТА: Сметам дека, доколку постои свест, како и лидерска свест, да се води со пример и јавно да се зборува против ова од страна на влијателни и важни политички лидери, нема да бидат само жените кои се жалат, туку и мажите ќе се жалат.

ЦИВИЛ МЕДИА: А веројатно и институциите го држат законот во свои раце и може да ги санкционираат оние кои вршат законски прекршоци и ги напаѓаат жените.

ЗУЛУЕТА: Во некои случаи, моќта на овие социјални мрежи е во тоа што овие можат да бидат анонимни, но понекогаш не. А интересно е тоа што поплаки не се поднесени поради колебањето на самите жени дали да ги носат овие случаи на суд. Ова е жално и делумно е за да се избегне публицитет, а делумно од страв дека ќе им нанесе штета.

Интервјуто го водеше: Џабир Дерала
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Транскрипт и превод: Наташа Цветковса

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ