• Latest
Изборен рапорт, 18 октомври 2021 (фото: А. Петровски)

ОДИХР и ЦИВИЛ за изборниот процес, црна кампања и родово базиран говор на омраза, ОЈО формира предмети за кривични дела во изборите

October 18, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ОДИХР и ЦИВИЛ за изборниот процес, црна кампања и родово базиран говор на омраза, ОЈО формира предмети за кривични дела во изборите

October 18, 2021 17:20
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Изборен рапорт, 18 октомври 2021 (фото: А. Петровски)

Изборен рапорт, 18 октомври 2021 (фото: А. Петровски)

Share on FacebookShare on Twitter

Каква политичка култура- такви избори

Општата оценка на ЦИВИЛ за изборниот процес е дека беше слободен, фер и демократски. Сепак, и овој изборен процес на површина ги исфрли сите слабости на изборниот систем и сериозните недостатоци во политичката и изборната култура во земјава.

Кршење на изборниот молк, родовиот дисбаланс, црната кампања и говорот на омраза во текот на изборниот процес за локалните избори што се одржаа вчера, за Изборниот законик и се друго што го одбележа изборниот ден, но и предизборната кампања, во Изборниот рапорт на ЦИВИЛ #24: Каква политичка култура – такви избори.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Дерала: Изборниот процес го одбележа црната кампања и родово базираниот говор на омраза

„Ако видите дека за време на изборни процеси сме имале и убиства, за локални избори имавме и „олимписки“ кругови, по  седумдесет или сто луѓе на една адреса итн., влечени за уши, овие избори беа фер и демократски. Реално гледано, овие избори беа без инциденти, дури и бројката од 91 инцидент од Спасовски, и нас не изненади, мислевме дека има и помалку. Имаше низа нерегуларности коишто се однесуваа повеќе на кршење на изборниот молк…

Има еден голем проблем, тоа што македонската политичка култура е таква што има огромна „толеранција“ кон црната кампања, и особено, родово базираната црна кампања. На тие малку жени кои имаа среќа да влезат во битката за локална власт, имаше неверојатна црна кампања која навистина е за срамота.

Г-ѓа де Зулуета во интервју за ЦИВИЛ МЕДИА изјави дека била шокирана кога дошла овде и кога ја видела претходната ситуација. Сега веројатно ќе биде нешто полоша.“, изјави Џабир Дерала на Утрински брифинг.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА ОЈО Скопје оформи три предмети за сторени кривични дела во врска со изборите и гласањето и тоа за „пукање со огнено оружје“, за „изнуда“ и за „уништување на изборен материјал“, ОЈО Кавадарци отвори еден предмет за „уништување на изборен материјал“, ОЈО Свети Николе еден предмет за „поткуп“, ОЈО Кочани седум предмети, меѓу кои за „поткуп“ и „повреда на  слободата на определување на избирачите”,  ОЈО Делчево еден предмет за „уништување на изборен материјал“, ОЈО Струга предмет за „уништување на изборен материјал“, ОЈО Гостивар предмет за „повредна на тајноста на гласањето“ и ОЈО Гостивар предмет за „поткуп“.

ИЗБОРИ Согласно обработените 100 отсто од податоци од Државната изборна комисија (ДИК) до 9:30 часот денеска, на вчерашните Локални избори во првиот круг избрани се 27 градоначалници, од кои за еден не е исполнет цензусот за излезеност, а се уште не се целосно обработени гласовите за 15 општини и Градот Скопје.

ДИПЛОМАТСКА СРЕДБА Министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за односите со Западен Балкан, во контекст на средбата помеѓу високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и лидерите од регионот во ОН.

ГОВОР НА ОМРАЗА

Говор на омраза по партиска и етничка припадност

Во текот на вчерашниот ден, покрај тоа што се кршеше изборниот молк, на социјалните мрежи доминираше и говорот на омраза.

На Твитер е објавена фотографија од извесен профил Султана која сподели фотографија од прилепски Роми, поддржувачи на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Горан Сугарески со коментар: „Колку вреди во евра сликава“. Дел од коменратите се: „циганарија“, „циганин сам ал најлепши“, „не знам колку вреди ама знам колку смрди“, „5 евра по ѓуптин“…

СЛОБОДНА ЗОНА

„Изборите, генерално, се одржаа во демократска атмосфера – опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека гласањето било „со многу позитивна енергија“, власта дека сме имале „фер, слободни и демократски избори“ – и покрај разните „превентивни“ постизборни набројувања на случаи на наводен поткуп и притисок врз гласачи. На еден час по изборите, Оливер Спасовски соопшти дека на денот на гласањето биле пријавени само 91 изборни „настани“, без посериозни инциденти, што е многу помалку од некои минати изборни времиња. Добро изведените избори се важен тренд за стабилизирање на демократијата во Македонија.“, Сашо Орданоски во колумната „Дали изборната „чаша“ е половина празна или половина полна, зависи од тоа колку сте жеден“.

Д. Тахири

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ