• Latest
Обновливи извори на енергија

Зелен поимник: Што е циркуларна економија (Зелена економија)?

October 19, 2021

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Зелен поимник: Што е циркуларна економија (Зелена економија)?

Иако идејата за овој концепт се смета за иновативна, таа е сепак аналогија на животниот циклус во природата. Со повторното искористување на веќе употребеното, барањето начини отпадот да се претвори во ресурси (исто како и кај природата, која не познава отпад, туку само ресурси), циркуларниот модел на економија заговара - враќање кон природата

October 19, 2021 22:13
in ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ, ТОП 5
Обновливи извори на енергија

Обновливи извори на енергија

Share on FacebookShare on Twitter

подготви: НАТАША МАЛИНКА МИНОВСКА

Во природата не постои отпад. Отпадот е дело на човекот. Во последно време се повеќе станува јасно дека природата потклекнува, дека веќе не може да го издржи притисокот кој отуѓениот човек од неа го врши врз неа. Ресурсите ги има сè помалку, отпадот сè повеќе,  климатските услови се сè полоши, а загадувањето е сè поголемо.

Прашањето е, како да се реши овој проблем? Како повторно да се свртиме кон природата? Како отпадот кој неуморно го создаваме да се трансформира во нешто корисно за сите, во производ и пари без никакви негативни последици по животната средина?

Одговорот на ова прашање го дава циркуларната економија, која како модел води кон обнова на екосистемите, но и се стреми кон веведување на иновации и влијае врз промената на навиките на општеството.

Се повеќе земји во светот ја сфаќаат штетноста на до неодамна најпопуларниот- линеарен модел на економија, кој се сведува на неконтролирана експлоатација на природните  ресурси (најчесто на необновливите) по принципот на земање, искористување и фрлање.

Негативните тенденции врз животната средина, кои се јавуваат како последица од практикувањето на овој модел на економија, наложуваат насочување кон друг, одржлив начин на делување, менување на деловните модели и навики, како и начинот на размислување. Циркуларната економија најчесто се сведува на управување со ресурсите кои се ограничени,  нивно максимално искористување, минимално создавање на отпад и негово трансформирање во ресурси.

Иако идејата за овој концепт се смета за иновативна, таа е сепак аналогија на животниот циклус во природата. Со повторното искористување на веќе употребеното, барањето начини отпадот да се претвори во ресурси (исто како и кај природата, која не познава отпад, туку само ресурси), циркуларниот модел на економија заговара – враќање кон природата.

Насочувањето на вниманието кон енергетската ефикасност и еколошката одржливост, кои се  применливи во сите аспекти на животот, претставува темел на новиот начин на општествено однесување.  На тој начин, човештвото настојува повторно да го воспостави изгубениот однос со природата, како и да ја врати вербата во можноста за понатамошен просперитет.

Во прилог на афирмацијата на идејата за воведување на циркуларната економија е аргументот дека заложбата за постигнување на одржлив развој на глобално ниво, не подразбира негативна промена на квалитетот на животот на луѓето, ниту пак пад на производството и профитот на произведувачите.

Зелената економија е свртена кон постигнување еднаквост и социјална правда.

Според тоа, овој модел може и мора да биде макар еднакво профитабилен како линеарниот, но, и да им овозможи еднакво задоволство на потрошувачите од производите и услугите.

За остварување на целите (економски и еколошки одржливи системи) на  циркуларната економија, ставен е акцент на иновативното размислување во сите процеси на производство, на системското размислување, на  продолжување на животниот век на производите, како и на процесот на рециклажа.

Потребата од  воведување на моделот на циркуларната економија, Европската комисија (2017 година)го има преточено  во документ наречен „Манифест за Европа со ефикасни ресурси“ (Manifesto for a Resource-Efficient Europe), во кој јасно е нагласено дека „во светот со растечки притисок врз  природните ресурси и животната околина, Европската унија нема друг избор освен да тргне по патот на транзиција кон ресурсно ефикасно и во крајна линија регенеративен модел на циркуларната економија“.

објавено на: greencivil.mk

—

 

Линкови:

https://www.kamatica.com/vodic/sta-je-cirkularna-ekonomija-i-zasto-je-vazna/62139

http://www.tfzr.uns.ac.rs/Content/files/0/Cirkularna%20ekonomija.pdf

https://www.osce.org/files/f/documents/a/5/292311.PDF

https://bfpe.org/u-fokusu/razvoj-i-decentralizacija-fokus/sta-je-cirkularna-ekonomija/

https://www.libertas.hr/za-studente/sto-je-cirkularna-ekonomija-i-kako-utjece-na-novi-svjetski-poredak-i-stvaranje-novih-radnih-mjesta/

https://www.mmu.ac.uk/media/mmuacuk/content/documents/w2rin/5756-R4GM-IO4-Croatian-v4.pdf

https://www.mmu.ac.uk/media/mmuacuk/content/documents/w2rin/5756-R4GM-IO4-Croatian-v4.pdf

https://www.draganvaragic.com/blog/cirkularna-ekonomija-megatrend-novi-poslovni-modeli-i-internet/

https://kruzna-ekonomija.com/

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ