• Latest

Повторување на гласањето во Дебар и Шуто Оризари, лицата со телесна попреченост дискриминирани и во овој изборен процес, зголемен изборниот крвен притисок

October 26, 2021

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Повторување на гласањето во Дебар и Шуто Оризари, лицата со телесна попреченост дискриминирани и во овој изборен процес, зголемен изборниот крвен притисок

October 26, 2021 17:19
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Во Дебар и Шуто Оризари ќе се повтори гласањето од првиот круг на две избирачки места, Усвоен предлог-упатството за измените за важечки и неважечки гласачки ливчиња

Во недела на локалните избори повторување на гласањето од првиот круг ќе има на две избирачки места – на 0543 во Дебар за градоначалник и на 2957/1 во Шуто Оризари за членови на советот. Управниот суд го поништи гласањето во овие две избирачки места откако тужби до него за одлуките на ДИК по приговорите поднесоа Алијанса на Албанците и Алтернатива и Движењето „Одлучно за Македонија“ предводено од ДОМ и ЛДП.

Членовите на ДИК едногласно го усвоија и Предлог-упатството за измените и дополнувањата на упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Димитровска: На гласањето на лице со оштетена десна рака не му беше дозволено да се идентификува со левата рака или со лична карта

И на овие локални избори околу 76 проценти беа непристапни гласачките места и голем број од гласачите со попреченост не можеа да гласаат токму од тие причини. Непристапност на гласачките места за лицата со телесна попреченост и за лицата кои имаат слаб вид или се слепи, така што ништо не е сменето од минатите избори иако беше посочено со какви проблеми се соочуваат лицата со попреченост, вели Благица Димитровска од ИНКЛУЗИВА за ЦИВИЛ.

МОНИТОРИНГ

ИЗБОРЕН РАПОРТ #26: Зголемен изборниот крвен притисок, „пеглање на разликите“ со тупаници, црната кампања продолжува

Изборниот крвен притисок е зголемен, а средствата со кои се служат дел од политичките маратонци на јавноста ѝ се познати со децении. Тие се „само малку“ поинтензивни во деновите меѓу двата изборни круга. Манипулациите и дезинформациите, заканите и говорот на омразата со години се толку интензивни што станаа норма, секојдневие, основна состојка на воздухот што го дишеме.

ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЗЕЛЕНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ“

Зелено општество за сите – годишна конференција на ЦИВИЛ за зелени вредности, антинационализам и социјална правда

„Зелено општество за сите“ е наслов на годишната конференција што ја организира ЦИВИЛ во четврток, 28 октомври, со почеток во 12 часот, хотел „Парк Резиденс“ (зад фудбалскиот стадион), сала „Њујорк“.

Како и секоја година, на „зелените“ конференции на ЦИВИЛ говорат претставнички и претставници од граѓанското општество, институциите, владата, политичките партии и иницијативи од земјава, како и од регионот. Како и минатата, ковид-година, и оваа конференција на ЦИВИЛ се одржува во вонредни услови – меѓу два изборни круга на локалните избори што се одржуваат во земјата.

ЕДИТОРИЈАЛ

„Во политиката, од едната страна се неодговорните (политички) структури кои се служат со црна пропаганда и со сите дозволени и недозволени средства што може да се замислат. Од другата страна се политичките структури што, помалку или повеќе успешно, се обидуваат да се задржат на платото каде што се негува демократскиот дух, дијалогот, правото и правдата, помирувањето и прогресивните идеи. Разликата е како онаа меѓу порнографијата и високата естетика на еротската поезија“ – пишува Џабир Дерала во денешниот ЕДИТОРИЈАЛ со наслов „Невозможна романса“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ВЛАДАТА на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување на локација надвор од населено место. Ова доаѓа како одговор на барањето на граѓаните од Бардовци и Волково кои со месеци протестираа против изградбата на центарот.

ИЗВЕШТАЈ Во следната година Северна Македонија треба особено да ја подобри интерсекторската координација и да ги зголеми финансиските ресурси за намалување на аеро-загадувањето на локално и национално ниво, да направи значајни чекори во воспоставување на регионален систем за менаџирање со отпад, да го имплементира Парискиот договор, вклучително и да направи адаптација со Стратегијата и законите со рамката на ЕУ 2030, се наведува во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјава, во однос на животната средина.

КОНГРЕСОТ  на локални и регионални власти на Советот на Европа, кој оваа недела заседава во Стразбур, утре ќе расправа по Извештајот за спроведувањето на Европската повелба за локална автономија од страна на Северна Македонија.

БЕГАЛЦИ Седуммина граѓани на Авганистан, четворица возрасни и три деца, изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје преку Истанбул, заминаа за Португалија како нивно трајно одредиште, соопшти владината Прес-служба.

АЛБУМ НА ОМРАЗАТА

Тимот на ЦИВИЛ состави видео со кратка селекција од скриншотови од коментари и објави на социјалните мрежи кои содржат говор на омразата, дезинформации и повици на насилство. Се рабира, архивирањето на овие случаи се одвива на друг начин, според времето, контекстот, изворите, форматот и друг тип на категоризации.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Чудно е колку бргу заборава оваа јавност. Па одговор на истото прашање доби неодамна, пред само една година, на предвремените парламентарни избори во јули 2020-та. Тогаш, полицијата раководена техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев, повика во полициска станица граѓани што напишале на Фејсбук дека „Северна“ треба да се чкрта од гласачкото ливче, што, без оглед колку со тој став се согласува некој или не, е нивно уставно право.

Одговорот на прашањето „што ќе се случи ако победат?“ се гледа – од авион. Пробан е низ повеќегодишната пракса на владеење, повторен е повеќепати, јасен е доволно за да допре до секого и да го оствари посакуваниот ефект.“, пишува Петрит Сарачини во колумната „Што ќе се случи ако победат?“.

„Работата на полицијата МОРА да биде под постојан надзор на јавноста и медиумите, а секако и на опозицијата. Половина од криминалот во Македонија – трговијата и транспортот на дрога, на пример – е НЕВОЗМОЖЕН без учество на корумпирани полицајци од сите „партии“ и „независни кандидатскии листи“, во и без униформи. Ама, па, ова со прилепската полициска вибер-група ги надминува и најсмешните вицови за глупоста на полицајците.“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Знам дека си ти кога викам алооо“.

Д. Тахири 

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ