• Latest

Што е разликата меѓу ветувања и прогнози на политичарите, и изнесени лажни вести и дезинформации?

October 29, 2021

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Што е разликата меѓу ветувања и прогнози на политичарите, и изнесени лажни вести и дезинформации?

October 29, 2021 18:28
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОНТЕКСТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во овој предизборен период, граѓаните слушаат од политичарите разно-разни ветувања и предвидувања, кои честопати не се остваруваат. Но, во изминатите епизоди на „Кратки нозе“, не се занимаваме со остварливоста на ветувањата и предвидувањата на политичарите, кои се предмет на друга методологија што ја користат повеќе страници и проверувачи на факти во земјава и регионот.

Откако ќе помине извесен временски период, овие „вистиномери“ анализираат дали дадената прогноза или некое ветување на одреден политичар е реализирано и во колкав процент, дали е остварено целосно, делумно или воопшто не е остварено. Кратки нозе, за разлика од тоа, се фокусираат на изнесените факти, на она што некој го тврди дека е сегашна состојба или дека се случило во минатото.

Затоа, не ги анализиравме предвидувањата на премиерот Заев за победа во првиот изборен круг на локалните избори, ниту пак најавите на лидерот на опозицијата Мицкоски за победа на претходните избори или пак за формирање на ново парламентарно мнозинство. Тие предвидувања не се остварија, но кога беа дадени, тие не претставуваа факти, туку прогнози и мислења на политичките лидери за иднината, кои излегоа погрешни и неточни.

Но, „Кратки нозе“, како во оваа, така и во наредните епизоди ќе продолжи да се занимава со она што политичарите го претставуваат како податок или факт, како нешто што е вистина во сегашноста или минатото, но не е вистина, претставува неточен податок или манипулација со вистината.

Прогнозите за иднината може да се остварат или да не се остварат. Но, фактите се неприкосновени. Тие на публиката треба да и се презентираат на вистинит начин, без извртување и без манипулации. Тоа е она што сметаме дека го заслужува публиката, и ништо помалку од тоа.

Петрит Сарачини

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ