• Latest

Оставката на Заев предизвика бура од реакции, регионални одгласи, ВМРО-ДПМНЕ го менува името на државата

November 2, 2021

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Оставката на Заев предизвика бура од реакции, регионални одгласи, ВМРО-ДПМНЕ го менува името на државата

November 2, 2021 10:33
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На неполн ден по соопштувањето за оставката од премиерска позиција и претседателска во СДСМ, премиерот во оставка, Зоран Заев ги повика коалициските партнери од парламентарното мнозинство на средба.

Коалициските партнери на средбата  едногласно и изразија поддршка на Владата потврдувајќи дека парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот и побараа од него да ја преиспита својата одлука за оставка од премиерската функција, како и од местото лидер на СДСМ.

На средбата заеднички е констатирано дека не се потребни предвремени парламентарни избори, бидејќи тие единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции.

Изјави на поддршка од претставници на парламентарното мнозинство

„Сите партнери што учествуваат во Владата беа апсолутно против оставката на премиерот Заев, затоа што сметаме дека таа беше избрзана и дека тој треба да продолжи со предводењето на Владата и спроведувањето на политиките, затоа што тоа го очекуваат граѓаните, изјави Груби, додавајќи дека на средбата било оценето оти на државата и треба стабилност, предвидливост и партнерство со евроатлантската заедница и дека оставката на премиерот Заев е непотребна.“, изјави прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби по средбата.

– Ние сметаме дека само оваа Влада може да го реши спорот со соседна Софија и да ги отвори пристапните преговори со ЕУ. Не смееме да си дозволиме авантури и како граѓани и како држава во овие кревки моменти, не само за нашата држава, туку за целиот регион, додаде Груби.

„Сите се согласивме дека какви било процеси што би воделе кон предвремени парламентарни избори ќе бидат многу проблематични, тешки и за економската, социјалната и безбедносната ситуација во државата. Затоа сите едногласно сме против организирањето на предвремени избори“, изјави генералниот секретар на Беса и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа по средбата.

„И пред да започне кампањата, кога го формиравме движењето „Одлучно за промени“ кажавме дека сме дел од парламентарното мнозинство и дека мнозинството и Владата се стабилни и не поддржуваме одржување на предвремени парламентарни избори и формирање на ново парламентарно мнозинство, бидејќи на Македонија и е потребна стабилност, се соочуваме со енергетска криза и се уште трае ковид пандемијата“, изјави Маја  Морачанин од ДОМ пред средбата.

Средба на претставниците од парламентарното мнозинство со премиерот Зоран Заев

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во изјава за ТВ 21 нагласи дека во неделата вечерта разговарал со Заев и му пренел оти не се согласува со неговата одлука за оставка од функциите премиер и лидер на СДСМ, која, според него, е „избрзана и неоснована“.

„Не се согласувам со таквата одлука. Ова се локални избори, ние пред една година победивме на општите избори и добивме мандат за да раководиме со политиките на државата“, изјави Ахмети.

И лидерот на НСДП, Тито Петковски пред средбата изјави дека не треба да има предвремени парламентарни избори, туку дека актуелната Влада треба да продолжи со работа.

– Стоиме на поддршката на парламентарно мнозинство со учество во оваа Влада и сметаме дека таа треба да продолжи. Се случија локални избори, Македонија мислам дека доби. Друго прашање е кој како тоа ќе го толкува. Завршија локалните избори и градоначалниците треба да си ги преземаат функциите, да се однесуваат одговорно и Владата да си продолжи“, истакна Петковски.

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи пред средбата нагласи дека неговата партија останува дел од владејачката коалиција и не гледа никаква причина нешто драматично да се случи.

– Сакаат да ја изместат темата. Ова беа локални избори. Ако сакаат да зборуваат за легитимитет на Влада, оваа Влада и на овие избори доби легитимитет. Апсолутно има многу повеќе гласови од опозицијата“, рече Тачи.

Од Кабинетот на Претседателот вчера информираа дека претседателот Стево Пендаровски официјално не е информиран за оставката на премиерот Заев.

Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски

– Претседателот на Република Северна Македонија, официјално не е информиран од претседателот на Собранието дека претседателот на Владата поднел оставка, што повлекува оставка на цела Влада. Кога ќе биде информиран за евентуално поднесена оставка, претседателот, во рамките на уставниот рок од десет дена по извршени консултации ќе го додели мандатот за состав на Влада на партијата или партиите кои што имаат мнозинство во Собранието. Притоа претседателот како и досега во своите постапки ќе се води согласно установеното толкување на уставната норма во праксата во изминатите 3 децении, информираат од кабинетот на Пендаровски.

И од Собранието информираа дека до нив не е стигната оставка од премиерот Заев и дека на вчерашната координативна средба кај собранискиот претседател Талат Џафери воопшто не станало збор за следните чекори што би следувале по изјавата на премиерот во неделата вечерта дека поднесува оставка на функцијата.

Собрание на Република Северна Македонија

Според член 219 од Деловникот на Собранието, „Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи… Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“.

Во член 220 се вели дека „Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“.

Актуелното парламентарното мнозинство од 62 пратеника го сочинуваат коалицијата предводена од СДСМ, во чиј состав се и Беса, НСДП, ЛДП, ДОМ, Демократскиот сојуз, ВМРО-НП, Партијата на пензионери, Српската странка во Македонија, Партијата за движење на Турците и Демократска партија на Турците, и плус ДУИ и ДПА.

Политички реакции во Грција за најавената оставка на Заев

На вчерашниот редовен брифинг со новинарите портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, во однос на тоа дали оставката ќе влијае врз спроведувањето на Договорот од Преспа, рече дека државите се обврзани од потпишаните договори.

“Владата, очигледно е дека не ги коментира внатрешните случувања во други држави, ниту во Северна Македонија. Јасно е дека државите имаат континуитет и во рамките на овој континуитет се обврзани од договорите што ги имаат потпишано“, рече Иконому.

„Ако има владина промена ова сигурно ќе донесе голем притисок врз Договорот, врз правилното спроведување на Договорот од Преспа што е прашање за нас. Но, сметам дека ќе создаде повеќекратни проблеми за самата Северна Македонија во врска со нејзиниот европски тек. Секако, од моментот кога целото европско раководство се обидува да ја убеди Бугарија да се договори со Северна Македонија и ова го видовме многу интензивно на Самитот во Брдо, во Словенија, ако видиме промена на ставот на Северна Македонија значи дека нема да се спроведат одлуките за проширување со Западен Балкан“, изјави  Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис во интервју за радиото „Параполитика“.

Парламент на Република Грција

Со став за оставката на Заев, преку социјалните мрежи се огласија и претставници на опозициската СИРИЗА.

“Мицотакис водеше евтин квази патриотизам против Договорот од Преспа. Заедно со националистите на ВМРО кои го сметаат Заев за предавник бидејќи го прифати „Северна Македонија. Оставката на Заев ги зајакнува истомислениците на НД“, напиша на Твитер Потпретседателот на Европскиот парламент и шеф на европратеничката група на СИРИЗА Димитрис Пападимулис .

Пратеникот од СИРИЗА Костас Захариадис на Фејсбук коментираше дека „Грција уште не ги има ратификувано меморандумите за соработка со Северна Македонија“ и „сега ќе разговараме со националистите од ВМРО“.

Меморандумите ги споменува и одговорната за меѓународни и европски работи во политичкиот Секретаријат на СИРИЗА Рања Свигу, која на Твитер пишува дека клучно е да се поддржи ЕУ перспективата на Северна Македонија, како и Договорот од Преспа.

-Оставката на Заев е непријатен развој на настаните. Поклучно од кога било за мирот и стабилноста во регионот е активно да се поддржи Договорот од Преспа и пристапната перспектива на Западен Балкан, особено на Северна Македонија. Заробена во барањата на нејзиното националистичко крило и плашејќи се дека ќе биде под притисок да преземе чекори како што е ратификацијата на трите меморандуми, Владата не обезбеди спроведување на договорот во важни области (на пр. учебниците во Северна Македонија). Денес мора јасно да им стави до знаење на нашите партнери дека на Западен Балкан се оценуваат меѓународната улога и кредибилитетот на ЕУ, пишува Свигу.

ВМРО –ДПМНЕ го менува името државата

Во меѓувреме, вчера на свечената конститутивна седница на Советот на Општина Штип учествуваа само 13 советници на ВМРО-ДПМНЕ и еден на Левица, додека деветте советници од СДСМ ја напуштиле седницата, изјавата се читала со старото име на државата, односно, само Македонија.

Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ синоќа на ТВ 24 изјави дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ кон Преспанскиот договор се нема променето, но исто така и ја разбира постапката на советниците.

Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ

 

„За ова разбрав од медиумите, не знам што точно се случило. Ако е така, мислам дека одговорноста треба да се види во општинската изборна комисија, затоа што Уверенијата ги издава комисијата, а не градоначалникот. Нашиот став како ВМРО-ДПМНЕ во однос на Преспанскиот договор не се променил. Преспанскиот за нас е завршена работа.

Од друга страна, како некој што му пречи придавката, ги разбирам и овие потези.

Не го гледам како нешто на кое што треба да му се дава преголемо значење, ниту да му се посветува преголемо внимание. Ако ова го гледаме како прекршување на Уставот, при промената на уставното име, зошто тогаш не го гледавме тоа како кршење на Уставот.“, вели Јанушев.

Д. Тахири 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ