• Latest

Експрес и КохаЊуз со наводи дека 200 милиони евра црни пари од руските служби се „инвестирани“ за соборување на Зоран Заев

November 7, 2021

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

Експрес и КохаЊуз со наводи дека 200 милиони евра црни пари од руските служби се „инвестирани“ за соборување на Зоран Заев

November 7, 2021 11:35
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Дел од медиумите на албански јазик излегоа со информации дека, наводно, руските тајни служби инвестирале 200.000.000 евра и го финансирале ВМРО-ДПМНЕ и одредени албански партии за соборување на про-НАТО владата на премиерот Зоран Заев. Овие наводи ги објавија express.mk и kohanews.com, врз основа на, како што велат, изјава на висок функционер на македонската тајна служба, кој побарал да остане анонимен.

За постоење на црните пари во кампањата проговори и премиерот Заев на прес конференцијата по локалните избори кога ја објави својата оставка. За оваа тема стана збор и во Изборниот  рапорт #34 на ЦИВИЛ и во анализата „Црните пари во македонскиот политички циркус“ од Џабир Дерала, иако во нив не се споменуваа суми.

Медумите ја пренесуваат изјавата на високиот функционер за сценариото според кое се финансирале овие партии во изборната кампања.

„Првото сценарио е средствата да дојдат од Русија, и тоа е направено преку македонски бизнисмени кои градат објекти во општините Аеродром, Гази Баба, Карпош, Ѓорче и други општини во Северна Македонија“ – пишуваат медиумите.

Според нивниот извор, преку овие инвестиции, парите се насочувале кон бизнисмени блиски на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Перењето пари се случувало преку новите згради, кои се во сопственост на познати бизнисмени, кои долги години го поддржуваат Никола Груевски. Овие сопственици биле главни финансиери на кампањата на кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според второто сценарио, финансиите доаѓаат преку Чешка и Словачка. Од овие земји, познати бизнисмени поддржале одредена албанска партија во Северна Македонија, се вели понатаму во овие скандалозни откритија на медиумите.

„Тајната служба ги документира сите овие движења“, изјавил високиот функционер на македонската тајна служба. Во меѓувреме, споменатите медиуми наведуваат дека операцијата чинела 200 милиони евра, доволно за да се разнишаат позициите на владата на премиерот Заев. „Голем дел од општините кои некогаш имаа градоначалници од редовите на СДСМ, денес се предводени од кандидати на опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ“ – пишуваат медиумите на албански јазик.

Според пишувањето на овие медиуми, се очекува реакцијата на официјален Вашингтон на најновите случувања  во Северна Македонија. Според нив, САД е силен поддржувач на Владата на премиерот Зоран Заев. За Заев велат дека е про-НАТО и про-ЕУ, наспроти ВМРО-ДПМНЕ, која е проруска, против Преспанскиот договор и за враќањето на старото име, Република Македонија.

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ