• Latest
Обновливи извори на енергија

Ќе се гради соларен парк вреден 270 милиони евра, Јанкуловска тврди дека донаторите парите ги давале на Груевски, раст од три отсто на македонската економија

December 7, 2021
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Ќе се гради соларен парк вреден 270 милиони евра, Јанкуловска тврди дека донаторите парите ги давале на Груевски, раст од три отсто на македонската економија

December 7, 2021 16:23
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Обновливи извори на енергија

Обновливи извори на енергија

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Најголемата француска инвестиција во државава во последните 15 години, ќе се гради соларен парк вреден 270 милиони евра

Соларен парк што ќе ги задоволува потребите за струја на 94.000 домаќинства ќе се гради од следната година на потегот од Штип до Свети Николе, на локацијата каде што требаше да има карго аеродром на површина од 452 хектара. Инвестицијата, која со одлука на Владата е прогласена за стратешка, е проценета на околу 270 милиони евра. Ќе ја реализира француската компанија „Акуо Енерџи“ преку Друштвото за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ – Скопје. Тоа е најголемата француска инвестиција во државава во последните 15 години. За нејзина реализација се подготвува закон кој очекува да биде донесен во првиот квартал наредната година.

– Северна Македонија ќе добие соларен парк кој ќе биде еден од најголемите во Европа со капацитет на производство на електрична енергија од 360 до 400 мегавати. Станува збор за директна француска гринфилд инвестиција најголема во овој домен за македонската економија. Местоположбата, согласно анализите на соларната радијација, карактеристиките на земјиштето, како и оддалеченоста од преносната мрежа, има одлични услови за изградба на фотонапонска електрена, рече денеска премиерот Зоран Заев на промоцијата на инвестицијата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Јанкуловска: Донаторите му ги даваа парите лично на Груевски, ги чуваше по сефови во седиштето на партијата

Гордана Јанкуловска: Донаторите беа прилично воздржани, бидејќи партијата беше во опозиција, па не сакаа јавно да се знае дека се блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Па се случуваше донаторот да разговара со претседателот на партијата, да ја истакне волјата да донира, па претседателот ги договараше начинот и условите како можат да и помогнат на партијата.

-Тогаш ми кажувале дека тој и тој сака толку и толку да донира за партијата. Некогаш донацијата била дадена истиот ден, или се случувало да ги остават парите на претседателот ако не сум била таму, изјави Јанкулоска.

-Јас имав евиденција за сумата која ќе ми се дадеше на мене, за тоа дали се договарала повеќе или помалку, тоа не знам, истакна поранешната министерка.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕКОНОМИЈА Стапката на раст на Бруто-домашниот производ (БДП) во третиот квартал годинава изнесува три проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од годинава, најголем пораст од 11 проценти е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а 2,6 проценти е порастот во секторите: Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности, како и Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ Во врска со текстот објавен на Инфомакс под наслов „Xaос на македонското небо, вoeни авиони на НАТО за малку не пpeдизвикаа авионска нecpeќа со руски авион“ на 5 декември 2021, со демант се јавија од Министерството за одбрана.

– Споменатите информации во насловот на електронскиот медиум за македонското небо се дезинформации, се вели во демантот на Министерството.

– Република Северна Македонија е дел од EUROCONTROL механизмот каде што безбедноста во воздухпловниот сообраќај е на прво место и е главен приоритет како на цивилната така и на воената авијација. Армијата во соработка со М-НАВ (македонска навигација) и со соседни центри на НАТО навремено, стручно и квалитетно врши контрола на суверенитетот на државата согласно уставните обврски, стои во соопштението.

ЗЕЛЕНА АГЕНДА Во согласност со новиот концепт на ТИРЗ за привлекување инвестиции, индустриската развојна зона Гевгелија ќе се фокусира на поддршка на зелените индустрии во согласност со зелената агенда на ЕУ, а покрај производствените компании во зоната ќе има можности за инвестиции поддржани од државата во секторот на здравствени услуги, истакна директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, на денешната презентација на студијата за зоната во Гевгелија.

Студијата на изводливост, нуди нови инвестициски модели и можности за инвестирање за широк опсег на индустрии. Таа е дел од новиот пристап за развој на ТИР зоните, а зоната во Гевгелија е пилот модел по кој ќе се развиваат и други вакви индустриски зони низ земјата.

АНТИКОРУПЦИЈА Јавна дебата на тема „Ризикот од корупција при издавање на одобренија, решенија, лиценци и дозволи во областа на транспортот и спроведување на надзор“, денеска се одржува преку електронската платформа Зум, во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Според министерот за транспорт и врски Благој Бочварки, постои огромна збунетост на граѓаните, на јавноста и на стручната јавност за тоа кои институции какви надлежности преземаат и имаат во делот на транспортот.

Еден од првите приоритети, оцени тој, е да се постави борбата со корупцијата на прво место или нулта корупција во однос на сите аспекти од општественото живеење во делот на сите дејности и така ќе продолжиме да работиме во идниот период.

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Насилството не е судбина, тоа е криминал, а раната на една жена е рана на сите нас. Оваа рана никогаш нема да престане да крвари и да боли ако продолжиме да молчиме. Помина времето кој е појак, а кој послаб, денес е време на еднаковст, солидарност, храброст која говори како да одиме напред и како да постигнуваме резултати. Да не се срамиме, да не ни биде страв, постојат институции, постои системска заштита, мора да се охрабриме, се пораките кои беа испратени на денешната дебата „Жената како жртва на насилство – механизми за заштита и помош од институциите“ во организација на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН.

МЕДИУМИ Сите граѓани на Република Северна Македонија се еднакви пред Уставот, но реалноста е поинаква и медиумите можат директно да влијаат врз јакнењето на еднаквоста, рамноправноста и заедништвото, беше оценето на денешниот вебинар на тема „Стереотипи и предрасуди – нивно зацврстување преку медиумите“.

– Доколку во портретирање на луѓето и нивната приказна се тргне од сфаќањето дека сите луѓе се исти, само така може да се „скрши“ стереотипната слика и предрасуда кон одредена маргинализирана група на граѓани, вели Христина Ѓорѓиевска, новинарка од Види Вака.

СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска отвори Едукативен тренинг центар за спроведување на обуки за возрасни за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, обуки за лични асистенти на лица со попреченост, обуки за палијативни негуватели за изнемоштени лица, како и обуки за асистенти за нега на лица од алцхајмерова болест.

– Доколу сакаме да се даваат квалитетни социјални услуги за старите и изнемоштените лица, но и за лицата со попреченост, тогаш мора да се ангажираат негуватели и лични асистенти кои ќе бидат квалификувани да ја испорачуваат услугата кон крајните корисници. Со зголемен број едуцирани кадри се зголемуваат можностите да се опфати поголем број граѓани кои ќе добиваат соодветна нега и помош во своите домови и во заедницата, рече на отворањето на Центарот генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ Саит Саити.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ организира јавен настан „Рендгенска снимка на Пописот“, на 9 декември ( четврток) , со почеток во 11 часот во хотелот „Сити парк“.

Како се спроведе, кои беа предизвиците и кои се перспективите на пописот на населението 2021? – е главното прашање на кое ќе одговорат директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, потпретседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија Габриела Кулебанова и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Настанот ќе го модерира Дијана Тахири од ЦИВИЛ.

Настанот ќе се емитува во живо на Фејсбук и Јутуб каналите на ЦИВИЛ, а содржините што ќе произлезат од панелот, ќе бидат објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Медиумите ќе може да се вклучат преку Зум линкот кој ќе биде доставен.

Настанот е дел од проектот „Граѓански објектив“ кој ЦИВИЛ го спроведува со финансиска поддршка од Националната фондација за демократија (National Endowment for Democracy).

СЛОБОДНА ЗОНА

А, ако денот по утрото се познава, само нивната градоначалничка во Скопје ќе произведе толку медиумско-комуникациски контроверзи, што можеби и самото ВМРО-ДПМНЕ ќе треба повремено да се дистанцира од неа. Како што се чини, дури и 100-те дена мир од пристојност, по освојувањето на власта, Данела Арсовска е на добар пат да ги истроши за половина од тој рок. А, потоа – ролокостер 24/7!, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Пост-новогодишната меѓупартиска забава може да почне!“

Како судирот меѓу националното и мултикултуралноста. Еднотo ти е наследство, а другoто ти е предизвик. Не сеќавањето на домот и неговата топлина, туку судирот е околу митот за минатото од кој не можеме да се оттргнеме и различностите кај другите, кои нѐ мамат со својата непознаница сѐ додека не се судриме со туѓите митови и наследства. Како убавината на семејството на брачниот другар, во првите неколку месеци или години. После, постепено се враќаш кон познатото и закрилата на сопственото семејство. Тогаш, своето и познатото го издигнуваш на пиедестал, давајќи му многу поголема вредност од неговата вистинска. Така, според мене, националната гордост прераснува во нетрпелив национализам, идеализирање на работите кои одамна станале мит, ама се подгреваат на огнот од стравот пред различното и туѓото, пишува Војо Маневски во колумната „Различности и сличности“.

Македонија назадува. Од моментот на осамостојувањето до денес, таа оди по надолна линија. Можеби не формално, меѓутоа фактички, ако се стави во сооднос со движењето и развојот на другите држави (поблиски и подалечни).

Одот надолу е резултат на постојано опстојување на најнеспособни, најнеуки и најпримитивни раководни структури.

Едноставно, резултатите кажуваат сè. Тие зборуваат појасно и поразбирливо и поочигледно од сите партиски реклами, политички говори, добро платени спотови и ретуширани билборди, колумна на Мирјана Најчевска „Силување на демократијата“

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ