Во врска со текстот објавен на Инфомакс под наслов „Xaос на македонското небо, вoeни авиони на НАТО за малку не пpeдизвикаа авионска нecpeќа со руски авион“ на 5 декември 2021, со демант се јавија од Министерството за одбрана
– Споменатите информации во насловот на електронскиот медиум за македонското небо се дезинформации, се вели во демантот на Министерството.
– Република Северна Македонија е дел од EUROCONTROL механизмот каде што безбедноста во воздухпловниот сообраќај е на прво место и е главен приоритет како на цивилната така и на воената авијација. Армијата во соработка со М-НАВ (македонска навигација) и со соседни центри на НАТО навремено, стручно и квалитетно врши контрола на суверенитетот на државата согласно уставните обврски, стои во соопштението.