• Latest

Кениг: Би повикала на заедничка енергична акција за трансформација на културата, да направиме да е срамота некој да има сексистички ставови

December 11, 2021

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кениг: Би повикала на заедничка енергична акција за трансформација на културата, да направиме да е срамота некој да има сексистички ставови

December 11, 2021 18:00
in ВЕСТИ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ќе си дозволам да споделам тука еден впечаток којшто ми се засилува од година во година, особено кога се овие шестнаесет дена активизам против насилство врз жени и девојки, а тоа е дека во залагањето против родово засновано насилство, се случуваат два процеса коишто заслужуваат малку потемелна анализа. Едниот процес оди во правец на тоа дека активностите и кампањите се некако осмислени, или се одививаат на начин да го претставуваат главно физичкото насилство, и главно во рамките на семејството, како парадигма за родово засновано насилство, што дефинитивно го гледам како проблем“,  посочи проф. Николина Кениг на панелот на ЦИВИЛ „Родовата еднаквост во Северна Македонија: Меѓу декларациите и реалноста“, што се одржа вчера, по повод Меѓународниот ден за човекови права.

 

„Другиот процес, за којшто би сакала малку повеќе да дискутирам сега, е тоа дека мерките, се насочуваат многу повеќе кон надминување на последиците од родово засновано насилство, справување со истите, отколку кон причините. Сакам да кажам дека, столбовите на коишто се потпираат сите форми на родово засновано насилство, вклучувајќи го и семејното, некако како да бегаат од фокусот. Кога зборувам за стожери, мислам пред се на родовите норми, кои произлегуваат од патријархалната вредносна матрица од една страна, и структурната нееднаквост, односно нееднаквоста на моќ помеѓу жените и мажите, било да е реална, или симболична.

Зошто сметам дека е важно да се отвори повеќе простор за справување со овие прашања и на институционално ниво… Тоа е така, бидејќи, сосема е јасно емпириски документирано дека истражувањата тоа недвосмислено го зборуваат, дека постои многу висока корелација помеѓу индексот на родова нееднаквост во општеството, што де факто е показател на структурните нееднаквости, од една страна, и застапеноста на родовото насилство од друга страна, и институционалниот одговор на родово заснованото насилство, пред се, неказнивоста. Врската е толку силна, што дури, може и да пресметате, да предвидите врз основа на формула, колкава ќе биде застапеноста на родово заснованото насилство во една заедница, врз основа на тоа колку е постигната родова еднаквост помеѓу мажите и жените. “, вели проф. Кениг.

„Најновите податоци за индексот на родовата еднаквост во Македонија велат дека во споредба со другите земји од Европската унија, ние сме под просекот. И, припаѓаме на она што е типичен балкански кластер.

Според официјални извештаи и податоци од државните институции,  пет отсто од жените се појавуваат како сопственички на земјоделско земјиште, само пет отсто, и тоа откако ќе станат вдовици. Процентот на жени кои поседуваат било каков недвижен имот, е под триесет. Стапката на вработување кај жените, во споредба со мажите, според податоците на Државниот завод за статистика, со години е значително пониска, процентот на економска неактивност е многу повисок кај жените отколку кај мажите, особено во репродуктивната возраст, и имаме еден релативно константен јаз во плати, којшто изнесува околу дваесет проценти.

Мислам дека уште повеќе треба да се инсистира на работење на она што е втор столб, втор темел на сите форми на родово заснованото насилство, а тоа се родовите норми и улоги, и со нив поврзани сексистички ставови и уверувања, митови за сексуално и семејно насилство, за коишто исто така постои огромен корпус на емпириски докази, дека се предиктори на подготвеноста да се трпи насилство кај жените, односно, да се врши насилство, кај мажите.

Според неколку истражувања на кои сум присуствувала, во општа популација, околу 20 проценти од испитаниците, сосема, или барем делумно се согласуваат, прифаќаат митови за сексуално и семејно насилство. Има висок степен на прифаќање на сексистички ставови, без разлика дали е беневолентен, наводно добронамерен сексизам, или е непријателски сексизам кон жените, а шампиони сме и во хомофобичност и трансфобичност, што исто така претставува опасност по она што е некаква генерална атмосфера за реализација на правата на жените, бидејќи, документирано е дека хомофобичноста води и кон агресивно однесување, не само кон сексуалните малцинства, туку и кон жени.

Уште позагрижувачки податок ни дава ХБСЦ студијата, којашто е лонгитудинална, се спроведува во многу земји, и тоа врз адолесценти, на возраст од 11 до 15 години. Последната ХБСЦ студија зборува за тоа дека тинејџерките, кај нас, во многу поголем степен, споредено со тинејџерките од европските земји, ги прифаќаат традиционалните родови норми, и сексистички ставови. На пример, секоја трета ученичка од македонската етничка заедница, и секоја втора од албанската етничка заедница, се согласува со тоа дека жените треба да дадат предност на семејството, а мажите на кариерата, и слични ставови. Наместо напредок, кај младите се случува еден ретрограден процес на се посилно прифаќање на традиционалните родови норми, па и сексистички ставови.“

“Би повикала на заедничка акција, што е можно поенергична, кон трансформација на културата, на вредностите, затоа што ми се чини дека се додека не направиме да биде срамота некој да има сексистички ставови, многу малку може да се направи во сферата на родовата еднаквост, и заштита од родово заснованото насилство. Какви и да се законите, какви и да се институционалните механизми, нив ги одржуваат, ги спроведуваат луѓе. Ако тие луѓе не сфатат колку е важна рамноправноста, ако тие луѓе не се сензибилизирани, ако таа задача ја оставиме само, и само на образованието, тешко дека може да постигнеме многу во иднина.“, порача проф. Николина Кениг на крајот на своето обраќање.

Дијана Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ