• Latest

Скандалозна одлука на Апелација – Мијалков си купи слобода со 11 милиони евра, Заев ја достави оставката, нова Влада на 17 јануари

December 22, 2021

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Скандалозна одлука на Апелација – Мијалков си купи слобода со 11 милиони евра, Заев ја достави оставката, нова Влада на 17 јануари

December 22, 2021 17:17
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Мијалков пуштен од притвор со 11.106.501 евро гаранција

Одлуката е донесена по жалба од Мијалков во Апелациониот суд, за притворот определен за случајот „Трезор“ во кој поранешниот директор на УБК веќе е осуден во првостепена судска постапка во Кривичниот суд. Од Апелациониот суд во Скопје за Телма потврдија дека притворот е укинат со прифатена гаранција во вредност од 11.106.501 евра, која во недвижности е понудена од обвинетиот Сашо Мијалков. Според процедурата, за имотот не се врши проверка на потекло, туку треба да се стави под хипотека од страна на Агенцијата за катастар.

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ

Маричиќ: Одлуката на Апелациониот суд да го пушти од притвор Мијалков ја намалува и онака разнишаната доверба во судовите

– Одлуката на Апелациониот суд во Скопје да го пушти од притвор Сашо Мијалков ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите. Потсетувам дека Мијалков беше лице под реален ризик за бегство и повод за настани кои ја вознемирија целата македонска јавност.

– Судиите на Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети кои ја донесоа оваа одлука треба да и објаснат на јавноста на кој основ ја донеле ваквата одлука и на кој начин ќе ја преземат одговорноста доколку се случи повторно ризик од бегство.

Кузеска: Скандалозната одлука на Апелациониот суд е удар врз правдата

–Денеска целата македонска јавност е сведок на силен удар врз правдата од страна на судиите во Апелацискиот суд во Скопје. Мијалков издржува мерка притвор во предметот Трезор каде што е осуден на 8 години затвор, со се уште не правосилна пресуда. Исто така, за Мијалков има и втора неправосилна пресуда од 12 години за нелегеланото прислушување, изјави Кузеска.

 

ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ
Кои лекции (не) ги научивме? ЦИВИЛ утре ќе ја презентира анализата на локалните избори
Резултатите од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ во кој учествуваа повеќе од 330 луѓе, вклучително и експертските и координативните тимови на организацијата, ќе бидат претставени на јавниот настан „Локални избори 2021: Научени лекции“, утре, на 23 декември, во хотел Парк Резиденс (зад фудбалскиот стадион), со почеток во 12 часот.

Финалниот извештај, анализите и препораките што произлегуваат од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ ќе бидат објавени во публикацијата „Локални избори 2021: Научени лекции“ која, по одржувањето на јавниот настан ќе биде објавена онлајн, на медиумската платформа на ЦИВИЛ. На располагање ќе бидат и 300 примероци од публикацијата, на македонски, албански и англиски јазик. Во подготовката на публикацијата учествува целиот тим на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦивилМедиа, како и широк круг на соработнички и соработници на организацијата.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОСТАВКА Премиерот Зоран Заев попладнево до претседателот на Собранието ја достави најавената оставка на премиерската функција.

– Врз основа на член 219 став два од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија во прилог ви ја поднесува оставката на функцијата претседател на Владата на Република Северна Македонија. Истовремено, ве известувам дека истата нема усмено да ја образложам, наведува Заев во писмената оставка.

Тој во образложението посочува дека резултатите на последните избори, иако беа локални, за политичкиот момент во кој што се наоѓа земјата имаа и национална и политичка тежина.

ГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ Неселективноста во владеењето на правото и одговорноста е најдобриот начин да ја надминеме општествената апатија која се шири и разочарувањето, особено меѓу помладите кои не веруваат дека некогаш во оваа држава може да има правда. Многу истражувања потврдуваат дека емиграцијата на нашите сограѓани, во голема мерка, не е предизвикана само од егзистенцијални причини, туку и од квалитетот на животот, истакна претседателот Стево Пендаровски во денешното годишно обраќање во Собранието на Република Северна Македонија на кое присуствуваат претседателот на Парламентот Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, пратеници, министри, а го следат и претставници на дипломатскиот кор и на медиумите.

ОДБРАНА Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска присуствуваше на церемонијата на прием на 100 нови професионални војници, што се одржа во касарната „Алекса Демниевски – Бауман“ во Велес. На огласот се пријавија 895 кандидати, со што уште еднаш се потврди зголемениот интерес кој последните четири години постојано расте заради подобрените услови за работа.

Честитајќи им го приемот, министерката Шекеринска потенцира  дека тие се првите сто војници кои влегуваат во Армијата по целосното воено интегрирање во НАТО. 

ЗДРАВСТВО Министерот Филипче денеска ја посети реновираната  Универзитетската  Клиника за Ортопедски болести каде на простор од 1300 метри квадратни во 20 болнички соби ќе има можност да се сместат и третираат 70 пациенти во најсовремени услови.

Информираше дека реновирањето чинело околу 13 млиони денари, а најголем дел од средствата се обезбедени од самата Клиника додека другиот дел од донаторите.

ГРАД СКОПЈЕ Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска изјави дека ќе се доврши изградбата на новиот мост на булеварот „АСНОМ“. Таа нагласи дека како градоначалник ќе биде посветена на сите почнати проекти да се реализираат, но вели дека за динамиката на реализација не може да гарантира. Потенцира дека некој почнал проект, а не знаел како ќе го реализира.

СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА Националната галерија на Република Северна Македонија традиционално го одбележува Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби преку проектот социјална инклузија „Сајберкултура“. Осум скопски гимназии ќе учествуваат со уметнички мозаик, а за учество во овој проект на сите учесници ќе им бидат доделени благодарници и пригодни подароци.

РАБОТНИЧКИ ПРАВА Aнгажманите на Владата на Република Северна Македонија се минималната плата да биде 18.000 денари што има за цел подигање, проширување на работничките права, истакна денеска портпаролот на Владата Мухамед Хоџа на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Сојузот на стопански комори дека мерката е популистичка и дека ќе влијае на дестабилзиација на пазарот на труд.

– Оваа одлука треба да се случи во иднина и е во насока на пораст на правата на работниците, порача Хоџа.

АКЦИЈА 

Европски вредности во „Лептокарија“, Карпош

Активист(к)ите на ЦИВИЛ денеска одржаа инфо-штанд посветен на промоција на европските вредности и интеграции, во ТЦ „Лептокарија“, Карпош.

На инфо-штандот, активист(к)ите на ЦИВИЛ во директна комуникација со граѓанките и граѓаните имаа можност да слушнат и споделат размислувања и ставови во однос на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата.

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА

„Помалите етнички заедници помеѓу статистиката и политиката“

ЦИВИЛ организираше панел дискусија „Помалите етнички заедници помеѓу статистиката и политиката“, (на 21 октомври), во која учесниците Суад Скендери – Ромалитико, Аделаид Каришиќ – Бошњачки истражувачки центар Скопје и Добре Митрев, Претседател на граѓанското здружение „Македонско – бугарско пријателство“, дискутираа како се спроведе, кои беа предизвиците и кои се перспективите на пописот на населението 2021?

Самата одлука да се одложи пописот, по средбата на политичките лидери на двете поголеми партии, покажува дека ние имавме политичка, а не статистичка операција, вели Суад Скендери од Ромалитико, и дел од иницијативата АВАЈА, на панелот „Помалите етнички заедници помеѓу статистиката и политиката“ во организација на ЦИВИЛ.

Пописот се спроведе за да се задоволат двајцата лидери на поголемите партиите, односно, тоа беше обид да се направи попис, вели Добре Митрев, Претседател на граѓанското здружение „Македонско – бугарско пријателство“ на панелот „Помалите етнички заедници помеѓу статистиката и политиката“ во организација на ЦИВИЛ.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Особено не може да се разбере онаа пропагандистичка глупост дека е тоа замисла што ја загрозува, па дури и ја доведува во прашање интегративната перспектива на Македонија, Албанија и Србија во Европската Унија… Нема рационална анализа што би покажала дека таа перспектива е закочена или загрозена од овој проект, а би можело на долго да се образлага дека „Отворен Балкан“ е, всушност, комплементарен со суштинските евро-интегративни напори. Дури и НИШТО да не произлезе, фактички, од конкретните договори за соработка и за олеснување на таа соработка меѓу балканскиве земји кои се дел од проектот, тоа не го доведува во прашање, ниту го девалвира балканскиот сон за европеизација на регионот. Напротив, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Е, па, ајде, ако не чини Отворен, да продолжиме со Затворен Балкан?“

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ