• Latest
Жарко Трајаноски

Ако се сака, има решенија и за говорот на омраза и непочитувањето на човековите права во Бугарија и Македонија. Ама, дали се сака?

January 12, 2022

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ако се сака, има решенија и за говорот на омраза и непочитувањето на човековите права во Бугарија и Македонија. Ама, дали се сака?

Политичарите се најголемиот дел од тековните проблеми помеѓу Македонија и Бугарија - истите политичари кои ги злоупотребуваат историјата, говорот на омраза и човековите права, притоа вешто глумејќи дека се дел од решението на проблемите, кои самите ги создаваат

January 12, 2022 09:01
in РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Жарко Трајаноски

Жарко Трајаноски

Share on FacebookShare on Twitter

ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Говорот на омразата и човековите права се експертски теми, за кои политичарите, едноставно, не се доволно стручни да зборуваат – впрочем, како и за историјата.

Да, говорот на омраза е голем проблем помеѓу Бугарија и Македонија – доста е пишувано на таа тема последниве децении.  Говорот на омраза стана уште поголем проблем откако политичките елити во Бугарија се обидоа партиски да ја злоупотребат историјата и да го искористат македонското прашање во политичките кампањи на последните неколку избори во Бугарија.

Добар дел од бугарските политичари и медиуми беа генератор на негативни стереотипи кон Македонија, ширеа дискриминаторски говор кон Македонија, Македонците, македонскиот јазик, македонската историја и култура, а неретко поттикнуваа и омраза кон Македонците, Македонија и се што е македонско. Исто така, добар дел од политичарите и медиумите во Македонија генерираа негативни стереотипи кон Бугарија и Бугарите или реагираа на говорот на омраза со говор на омраза, особено по бугарското вето кое го перципираа како непријателски чин, а не како израз на добрососедство.

Да, и непочитувањата на човековите права на Македонците во Бугарија и македонските Бугари во Македонија, е исто така проблем, за кој експертите за човекови права може да понудат решенија. Има и конкретни пресуди од Европскиот суд за човекови права, кои даваат јасни насоки како да се подобри состојбата со човекови права на Македонците во Бугарија и на македонските Бугари во Македонија.

Едноставно е, ако политичарите сакаат решенија на овие експертски проблеми, треба да повикаат експерти – и меѓународни и домашни, кои ќе работат на решавањето на проблемите со говорот на омразата и непочитувањето на човековите права во Бугарија и Македонија.

Меѓутоа, не гледам дека има искрена политичка волја во Бугарија и Македонија за решавање на споменативе проблеми, туку поскоро гледам обид за политизирање и на говорот на омраза и човековите права, исто како што бевме сведоци на политизирање на историјата кое доведе до тотална блокада на работата на комисијата за историски и образовни проблеми.

Ваквото нестручно мешање на политичарите во стручни теми како што се говорот на омраза, човековите и малцинските права, и историјата, не придонесува за добрососедски односи туку за продлабочување на проблемите – за понатамошно ширење на говорот на омраза, за натамошно непочитување на достоинството и човековите права, и за дополнителни политички и медиумски злоупотреби на историјата.

Накусо, политичарите се најголемиот дел од тековните проблеми помеѓу Македонија и Бугарија – истите политичари кои ги злоупотребуваат историјата, говорот на омраза и човековите права, притоа вешто глумејќи дека се дел од решението на проблемите, кои самите ги создаваат.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ