Во Слободна зона денеска Сашо Орданоски пишува за понадежната фаза во односите помеѓу владите на Бугарија и Северна Македонија, Александар Николиќ Писарев ги анализира руско-украинските состојби, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба пишува за значењето на безбедноста на Украина за Европа, Дехран Муратов ја отвора темата за политичката злоупотреба на верските ритуали.
„По изборните расплети и во Бугарија и во Македонија и доаѓањето на две нови личности на чело на владите и во Софија и во Скопје, започнува нова, неизвесна, но понадежна фаза во односите меѓу двете земји. Несомнено, посетата на Петков на Македонија го потврдува ваквиот впечаток. Очигледна е искажаната желба и на бугарска и на македонска страна работите да мрднат „од мртва точка“.“, прочитајте во колумната на Сашо Орданоски „Македонско-бугарските односи мрднаа од „мртва точка“.
„Активностите на Русија ќе бидат тест за француската стратегија за „барачки дијалог“. Москва никогаш немала ниедна веродостојна причина да распореди повеќе од 100.000 војници околу Украина додека истовремено ја поттикнува воената реторика. Украина не планирала и не планира никаква офанзивна воена операција во Донбас. Напротив, заедно со Франција и Германија како посредници, цела 2021 година ја поминавме во потрага по политички и дипломатски решенија врз основа на договорите од Минск.“, пишува Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина во колумната „Безбедноста на Украина е безбедност на Европа“.
„Претседателот Путин и понатаму на украинската граница држи повеќе од 100.000 руски војници, кои неодамна извршија прераспоредување на руските сили во Белорусија и додатни маневри на источната граница на Украина. Запад смета дека ова е исклучително опасна ситуација и дека Русија во секој миг би можела да изврши напад врз Украина. Америка и НАТО се исклучително загрижени поради раздвижување на руските трупи кон Белорусија поради најавената заедничка воена вежба која би можела да се искористи за напад врз Украина. Кремљ ги отфрла овие обвинувања и ја обвинува западната коалиција дека за тоа нема докази и дека, како и обично, САД шират сензационалистички вести.“, прочитајте во анализата на Александар Николиќ Писарев „Завршна фаза на мирот или почеток на војна во Украина“.
„Вчера во Скопје имаше убав гест, наместо да се „тепаат“ за крстот, верниците решија здружено и прегрнати да го фатат. Пораката што ја упатија беше дека македонскиот народ треба да биде сплотен, заедно и да не се дели. Но, пораката за сплотеност и заедништво „им падна во вода“ откако почнаа да извикуваат „Никогаш Северна, само Македон












