• Latest
Добро утро со Орданоски

Македонско-бугарските односи мрднаа од „мртва точка“

January 20, 2022
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Македонско-бугарските односи мрднаа од „мртва точка“

January 20, 2022 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Во последните две-три години не бевме сведоци на продуктивни, а често ни цивилизирани средби помеѓу политичарите и дипломатите на Македонија и Бугарија. После секој состанок на некоја домашна, регионална или европска сцена следуваа официјални дообјаснувања, деманти на „вадењата од контекст“ или контранапади за тоа што било кажано, што сакало да се каже или што не било кажано, а требало да се каже, на тие високи државни нивоа и од двете страни. Бугарите, затекнати и вчудовидени од успешноста на Преспанскиот договор, наврат-нанос решија своерачно да ја блокираат европската иднина на Македонија (и Албанија) и главно се заплеткуваа со своите нејасни позиции и спорни „црвени линии“ пред евро-американските партнери, а македонските претставници ги бранеа своите принципиелни морално-политички позиции без вистински, делотворен ефект што би резултирал со напредок во наметнатиот спор со нашиот источен сосед.

Да парафразирам еден украински политичар со квалификациите за меѓународните, наспроти руските тактики во актуелната украинско-руска криза, додека ние игравме внимателен дипломатски шах со меѓународна координација, Бугарите играа домашен популистички покер во кој од ракавот го извадија и најсилниот адут, ветото. Со сите познати последици на домашните политички сцени и ѓурултијата во двете јавности.

По изборните расплети и во Бугарија и во Македонија и доаѓањето на две нови личности на чело на владите и во Софија и во Скопје, започнува нова, неизвесна, но понадежна фаза во односите меѓу двете земји. Несомнено, посетата на Петков на Македонија го потврдува ваквиот впечаток. Очигледна е искажаната желба и на бугарска и на македонска страна работите да мрднат „од мртва точка“.

Во таа насока, Македонија, правилно, официјално даде вербална нота до ООН дека нема да ја нападне и ослободи/окупира Бугарија и во скора и во неодредена иднина (да, верувале или не, тоа е суштината на нотата!), а Бугарите тоа го оценија, а потоа и го прославија, како конструктивен чекор од наша страна и голем успех за нив, бидејќи око не можеа да склопат од опасноста да бидат територијално освоени од Скопје.

„Синоќа првпат спиев мирно, бидејќи вчера сфатив дека братскиот народ на Северна Македонија нема да ја нападне Бугарија со донираните тенкови (своевремено од Бугарија – н.з.) и нема да има територијални претензии. Нема да ни го земат Банско“ – изјави Бојко Борисов иронично, коментирајќи го гестот на Македонската влада како дипломатска стапица во која наивно упаднал Петков во Скопје наместо… Следуваа некакви политикантски дополнувања од Борисов, кој го урна Договорот за добрососедство што самиот го потпиша, чија смисла не може сосема да се сфати.

Во македонската јавност, пак, се појавија загрижени експертско-политички коментари дека сме направиле „празна“ отстапка, дека се работи за бугарска дипломатска стапица во која наивно упаднал Ковачевски, без ништо да добиеме за возврат. А сме требало да продолжиме да се ценкаме и пазариме, сѐ додека не ги умориме Бугарите и не ги натераме на предавање. Стратегијата што до сега ја практикувавме.

Добро, разни, макар и добронамерни губитници и во двете држави имаат право да се лутат и да бидат незадоволни (продолжените хистерии на радикалните националшовинисти не се ни за коментирање), бидејќи, де факто, работите по посетата на Петков во Скопје се придвижија: историјата, главниот камен на сопнување, е турната во „втор план“ (замислете, дури и во последното соопштение од Советот за безбедност на Радев, историјата експлицитно ја нема!); на нејзино место како приоритетни се ставени реалните проблеми за зближување и соработка меѓу граѓаните на двете држави (економски, сообраќајни, транспортни, дигитални итн.), чие решавање има за цел побрзо да ги надмине меѓусебните недоразбирања, наместо да продолжи да ги одржува.

Дури и во штурото партиско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ по средбата на Петков и Мицкоски се суштински поддржани ваквите сегашни македонско-бугарски напори, како ставовите да им се составувани во СДСМ: „Она што беше посочено е потребата за градење на доверба, отворени односи и поврзување на теми и области каде е можна меѓусебна соработка и заеднички бенефит за граѓаните од двете држави. Беше посочена потребата за соработка на темите кои ќе обезбедат иднина, инвестиции во образованието, науката, коридорот 8 и други проекти важни за двете земји. Наместо блокади, потребни се мостови, отворени односи и взаемно почитување“, посочил Мицкоски.

Ете, Христијан не го прашал Петков што бил Гоце Делчев по националност, а немало ни збор за историја, малцинства, уставни промени итн.

Македонија, уште, по којзнае кој пат го повтори и принципиелниот став дека нема да се меша во третманот на бугарската држава на оние кои се чувствуваат како Македонци во Бугарија, бидејќи е тоа работа на меѓународните институции за заштита на елементарните човекови права. И темата и ставовите по неа се стари и многу пати елаборирани (и поткрепени со дузина пресуди на Европскиот суд за човекови права против јасно дискриминирачките политики и практики на Софија), но ригидните официјални ставови на Бугарија (дека таму не постои „македонско малцинство“), ако сакате, се оние што ќе треба да го издржат тестот на времето, бидејќи не е јасно што може да се случи со политичката волја на над 100.000 Македонци кои, според бугарските податоци, добиле бугарско државјанство ако, еден ден, тие или нивните наследници, решат и политички да се организираат во Бугарија?

Но, сега овде главната расправа е за тоа дали актуелното бугарско дипломатско и политичко поместување на ставовите е искрено? Еве, да се согласиме дека не е. Дека е само „купување време“ пред меѓународната заедница за, во своја максималистичка полза, да го омекнат притисокот на кој се изложени, согласно анализите дека тие веруваат (бездруго и на своја штета) оти во блокирањето на македонската евро-интеграција „времето работи за нив“. И дека Петков е само спроведувач на истата стратегија, „облечен“ во харвардски костум.

Па, сепак, ако порано на аптекарска вага ги меревме позитивните нијанси во изјавите на една Захариева, на пример, овие на Петков измерени и на сточна вага се, објективно, позитивни. Човекот има насмевка до уши, а и целиот говор на телото покажува решеност проблемите меѓу Софија и Скопје да се решат. Се разбира дека е прашање дали со ваквиот став самиот политички ќе преживее во Софија, но тоа е негов и проблем на истата онаа меѓународна заедница која до сега не се прослави во претходните напори. Впрочем, во неколкуте месеци пред нас тоа и практично ќе го дознаеме – дури и ако не успее, ние по оваа меѓудржавна посета ништо не сме изгубиле (а ни добиле) од она што го имавме и претходно… Ах, да, освен што со вербална нота до ООН се откажавме од амбицијата од Северна да ја освоиме Источна Македонија, онаа во Бугарија. Пууу, штета, а бевме така блиску до таа цел, оти после ќе ни останеше само Македонијата на југот, па во Солун да држевме општомакедонски конгрес на обединување!

Сѐ на сѐ, работите се придвижени, како резултат на врвните кадровски промени во Софија и Скопје. Зошто ова придвижување отворено да не се поддржи? Барем за мрчење и биење во националните ни гради секогаш ќе има време…

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ