• Latest

Премиерот Ковачевски и владината делегација пречекани со највисоки државни почести во Софија, нема да има предвремени избори, „пржинската влада“ треба да се укине ама со консензус

January 24, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Премиерот Ковачевски и владината делегација пречекани со највисоки државни почести во Софија, нема да има предвремени избори, „пржинската влада“ треба да се укине ама со консензус

January 24, 2022 17:08
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Премиерот Ковачевски и владината делегација во официјална посета на Република Бугарија

На плоштадот „Александар Невски“ во Софија се оддржа официјалната церемонија за пречек на премиерот Димитар Ковачевски и владината делегација која од денеска престојува во официјална посета на Бугарија, јавува дописникот на Цивил медиа од Софија.

Владина делегација предводена од македонскиот премиер Димитар Ковачевски беше пречекана од бугарскиот премиер Кирил Петков, со официјална церемонија на плоштадот „Св. Александар Невски“ во Софија. Двајцата премиери положија венци пред Споменикот на непознатиот војник.

По ова премиерите Ковачевски и Петков ќе го посетат Софискиот универзитет ќе присуствуваат на отварањето на Културно информативниот центар на Северна Македонија во Софија.

За утре е предвидена заедничка седница  на владите на Бугарија и Северна Македонија која ќе се одржи во резиденцијата „Бојана“ со воведно обраќање на премиерите Петков и Ковачевски.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Мислам дека нема потреба да драматизираме додека траат преговорите, а тие продолжуваат. Сметам дека не треба да ја напуштиме Украина и да заминеме. Но, можеби државниот секретар Блинкен има повеќе информации да сподели со нас, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел нагласувајќи дека ЕУ нема да ги следи САД, кои најавија дека ќе ги повлечат семејствата на своите дипломати од Украина, на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ  во Брисел.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Во рамки на средбата во Софија меѓу министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска беше разгледана актуелната состојба на политичкиот дијалог и билатералните односи, вклучително и во контекст на имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Се разговараше и за доставениот во декември 2021 година, одговор од Северна Македонија на предлозите од Бугарија за пакетот за политички прашања таканаречен „5 + 1”, се наведува во соопштението.

СОРАБОТКА Владата на Република Северна Македонија на денешната 6-та седница, го разгледа и прифати усогласениот Текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“.

ПОЛИТИКА ДУИ смета дека какви било промени на Законот за влада заради укинување на т.н. пржинска Влада треба да се направат во согласност со најголемите политички партии. Од партијата велат дека начелен договор постои за укинување на оваа техничка или пржинска влада,  но, оти предлогот треба да биде по постигнат консензус за таквото решение. За таков консензус има време, велат од партијата, оти предвремени парламентарни избори нема да има, туку редовни во 2024 година, пренесува МИА.

Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија сметаат дека какви било измени на Законот за влада треба да бидат  усогласени меѓу четирите најголеми партии во Собранието. За тоа, нагласуваат има време, бидејќи предвремени избори нема да има, туку редовни во 2024 година. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ бара укинување на „пржинската влада“, според СДСМ, говори за тоа дека државата денеска е способна да спроведе фер и демократски избори, пренесува иформативната агенција МИА.

КОВИД Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук-профил објави дека поради позитивен тест на Ковид-19 нема да биде дел од владината делегација што од денеска е во официјална посета на Софија.

НАТО Холандија ќе испрати два најсовремени борбени авиони од петта генерација Ф-35А во Бугарија на пролет, како привремено засилување на силите на НАТО на Балканот, со што земјата сака да испрати порака дека цврсто ќе дејствува кон потенцијалната руска интервенција во Украина, пренесува Бета.

ДИСТРИКТ

Во ДИСТРИКТ на Цивил Прес Студио – интервју на Зоран Иванов со Дејан Андоновиќ, новинар, уредник, аналитичар. Тој зборува за најактуелната глобална криза, за ситуацијата во Украина и за засега само вербалниот конфликт меѓу Брисел и Москва, меѓу НАТО и Русија и, секако, и за уште по нешто.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во ваквото македонско-бугарско сценарио, одлуката за тоа дали кон средината на годинава би имало предвремени избори не е ни кај СДСМ ни кај ВМРО-ДПМНЕ – туку во рацете (оние за гласање во Собранието) на ДУИ. Можеме до утре да се „пимпламе“ со анализи и на помалите албански и македонски партиски фактори во власта и опозицијата за предизвикување избори, но секоја претпоставка би покажала дека за тоа, во крајна линија, е пресудна поддршката на ДУИ. Луѓето на Али Ахмети во одлуката за тоа дали годинава е добра за предвремени избори ќе ги носи проценката каков би бил резултатот на ВМРО-ДПМНЕ на таквите избори – односно, да не победат тие со толкава разлика наспроти СДСМ, што ќе им овозможи правење нова влада БЕЗ неопходно учество на ДУИ во неа!? Анахрониот „метод“ на правење владини мнозинства според принципот „победник со победник“ одамна не функционира“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Редовната смисла на предвремените избори“.

„Политичарите би требало да сфатат дека тие се најголем дел од проблемот. Би требало да сфатат и дека лично мора да се променат за да се реши проблемот. Да сфатат дека треба да престанат да ја злоупотребуваат историјата за лични и популистички цели и за предизвикување конфликти. Да сфатат дека треба да го осудуваат говорот на омраза, а не да го практикуваат. Да сфатат дека треба да придонесуваат за подобрување на економскиот, политичкиот и човековиот развој, а не да го блокираат и уназадуваат“, пишува Жарко Трајановски во колумната „Како да се реши бугарско – македонскиот спор?“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ