• Latest
Добро утро со Орданоски

Редовната смисла на предвремените избори

January 24, 2022
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Редовната смисла на предвремените избори

Реално, дали во Македонија ќе има предвремени избори ќе се решава кон средината на годинава, кога ќе се видат резултатите од сегашниот македонско-бугарски проект за пробив во нашата евро-интегративна агенда. Но, и тогаш за тоа нема да решава ВМРО-ДПМНЕ...

January 24, 2022 06:30
in АНАЛИЗИ, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Македонската опозиција своето политичко делување го сведе на една единствена точка: предвремени избори. Бидејќи собраниската математика (проверено!) не им оди во нивна полза, можат ли предвременото распуштање на Собранието да го постигнат само со десет пати на ден повторувајќи го тоа барање?

Според планот на сегашната Македонска и на Бугарската влада, разработената агенда на работните групи за меѓувладини разговори би требало, со ритам на наизменични месечни последователни состаноци во Скопје и во Софија за секоја од определените области, да ја „совладаат материјата“ за подобрената соработка меѓу двата соседи во наредните 3-4 месеци. Проценката, а и надежта, е дека така ќе се стигне до некакво кумулативно заедничко решение што би овозможило тргање на бугарското евро-интегративно вето кон средината на 2022 година.

Да претпоставиме – со одредена амбициозност – дека и двете влади, со поддршка на меѓународните сојузници, политички ќе го „преживеат“ тој план (а и сите други тековни владејачки предизвици што не се мали ни таму ни овде) за операционализирање на постоечкиот Договор за добрососедство. Заклучоците од тој вложен труд во некаква документирана форма, на инсистирање на бугарската страна, би требало да поминат и во Македонскиот и во Бугарскиот парламент, по можност со што поголема поддршка од опозициските партии во двете собранија околу мај-јуни годинава.

Тоа е моментот кога македонската опозиција ќе ја добие шансата, а и смислата да го кулминира притисокот за предвремени избори: ако Владата сака општонационална поддршка за договореното со Бугарија, тогаш ќе мора да се согласи за брзи предвремени избори – крајот на септември, така, би изгледал како можна, а и најрана опција за тоа.

Ваквото евентуално условување не би било без политички ризик за опозицијата. Владиното мнозинство, и без нив, би го изгласал евентуалниот нов македонско-бугарски компромис во Собранието. За ВМРО-ДПМНЕ, пак, после нивната комплетна „апстиненција“ од влезот на земјава во НАТО, противењето за решавање и на спорот со Бугарија дефинитивно би го „зацементирал“ ставот дека тие, всушност, не се способни и не сакаат да ја поддржат македонската прозападна функционална интеграција. Додуша, доколку не „добијат“ предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе ја ескалира до вжештување, и во улични протестни форми, реториката дека се работи за ново „предавство“ на СДСМ, но видовме како заврши нивното противење на Преспанскиот договор. По сите турбуленции и превирања, си седат во опозиција.

(Се чини како мала дигресија, но вреди да се спомене: а, што ли, пак, значи необичната честитка од Вселенскиот патријарх Вартоломеј до Ковачевски за неговиот избор за македонски премиер?! Можеби и заради пандемиските ограничувања за патувања, но изгледа пропагандата на опозицијата за „пиунот на Заев“ никако не може да се „пробие“ подалеку од наплатната рампа кај Илинден…)

Порационалниот пристап (што може да се насети и во нивното партиско соопштение по средбата Мицкоски-Петков) би бил дека ВМРО-ДПМНЕ, во суштина – како и во случајот со Преспанскиот договор – би требала да биде, макар не-јавно, задоволна што СДСМ би го решила и спорот со Бугарија, бидејќи тие се свесни дека, кога и ако „предвреме“ дојдат на власт, Македонија, со нив, не би имала апсолутно НИКАКВИ шанси за пробив на таа бугарска блокада на патот на евроинтеграциите. Во таа вмровска „слепа улица“ нема ни изгледна коалиција со која би можеле ефективно да владеат.

Од друга страна, во ваквото македонско-бугарско сценарио, одлуката за тоа дали кон средината на годинава би имало предвремени избори не е ни кај СДСМ ни кај ВМРО-ДПМНЕ – туку во рацете (оние за гласање во Собранието) на ДУИ. Можеме до утре да се „пимпламе“ со анализи и на помалите албански и македонски партиски фактори во власта и опозицијата за предизвикување избори, но секоја претпоставка би покажала дека за тоа, во крајна линија, е пресудна поддршката на ДУИ. Луѓето на Али Ахмети во одлуката за тоа дали годинава е добра за предвремени избори ќе ги носи проценката каков би бил резултатот на ВМРО-ДПМНЕ на таквите избори – односно, да не победат тие со толкава разлика наспроти СДСМ, што ќе им овозможи правење нова влада БЕЗ неопходно учество на ДУИ во неа!? Анахрониот „метод“ на правење владини мнозинства според принципот „победник со победник“ одамна не функционира.

Да се разбереме, не дека не се можни и други расплети, но ваквиот, од сегашна перспектива и со овој распоред на силите, се чини најплаузибилен.

Што нѐ враќа на СДСМ и Димитар Ковачевски: владејачката партија, на чело со другарот Таче, нема друг избор, освен до јуни да направи решавачки „пробив“ во јавното мнение дека е на добар пат и за својата внатрешна политичка и кадровска консолидација и за делотворно решавање на горливите проблеми на граѓаните. Инаку, самите, со широко затворени очи, ќе влезат во сценариото за предвремени избори и (не)извесноста што тие би ни ги донеле во 2022 година.

Ама, па, нели тоа и беше целата смисла на оставките на Заев…

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Tags: ВМРО-ДПМНЕДУИЕУ интеграциимакедонско-бугарски односипредвремени изборипропагандаСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ