• Latest

Јавниот обвинител доби закани по животот, ДКСК лани одлучила по 707 предмети, Амбасадорката Задорожњук изрази благодарност за нашата поддршка на Украина

January 27, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Јавниот обвинител доби закани по животот, ДКСК лани одлучила по 707 предмети, Амбасадорката Задорожњук изрази благодарност за нашата поддршка на Украина

January 27, 2022 17:33
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Јавниот обвинител Јовески добил закани по животот, испраќачите бараат ослободување на новинарите на Алфа, Момировски и Милосављевиќ

Јавниот обвинител Љубомир Јовески  вчера добил смртна закана преку писмо во кое испраќачот бара ослободување на новинарите од „Алфа“,Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, пренесува Слободен печат.

„Само го чекаме тој точен момент за да ви го одземеме животот. Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи. Ние сме терористичка организација која се бори и убива за неправди и исто така сме подготвени да гинеме за неа“, стои во заканата до Јовески.

Писмото стигнала до Јовески од Битола, а било адресирано лично до него.

„Новинарите Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, слободно да бидат ослободени бидејќи се новинари кои се од највисоки еминентни и заслуги и имаат астрономска поддршка насекаде низ државата, кои ќе се борат и ќе ги бранат до последна капка крв како што овие новинари го претставуваат и се гласот на македонскиот народ. Љубомир Јовески ослободете ги еднаш, ослободете ги од сите обвиненија бидејќи се невини за какво било злосторство или Љубомир Јовески ќе те убиеме многу брзо. Само го чекаме тој точен момент за да ви го одземеме животот. Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи. Ние сме терористичка организација која се бори и убива за неправди и исто така сме подготвени да гинеме за неа“,  се вели во писмото.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Пендаровски: годинава ќе комплетираме 17 години како земја кандидат за членство. Се повеќе се приближуваме до неславниот рекорд на Турција која со децении преговара и е практично замрзната во преговорите

-Се повеќе анкети покажуваат дека се намалува поддршката за европските интеграции, се намалува повеќе од просекот на Западен Балкан или, со други зборови, се повеќе наши граѓани се изјаснуваат во прилог на некоја од можните алтернативи на ЕУ. Генерално, сликата не е толку темна и лоша. Се уште добро котираме во тој дел зашто направивме прилично тешки компромиси за кои плативме голема цена, а дел од таа цена е намалената поддршка од граѓаните кои сметаат да бидеме веќе длабоко во преговори со ЕУ. Таа цена, ако продолжи блокадата, очекувам да се зголемува зашто годинава ќе комплетираме 17 години како земја кандидат за членство. Се повеќе се приближуваме до неславниот рекорд на Турција која со децении преговара и е практично замрзната во преговорите, рече Пендаровски.

 ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРЕГОВОРИ Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека Русија најверојатно ќе остане на дипломатски пат со Киев и Западот најмалку во следните две недели, но ќе продолжи да се обидува да ја дестабилизира неговата земја, пренесува информативната агенција МИА. И покрај тоа што ги собра своите воени сили во близина на украинската граница, Русија во неколку наврати изјави дека не планира да ја нападне Украина.

-Ништо не се промени, што е лошата вест, рече Кулеба на прес-конференција во Копенхаген откако Русија вчера во Париз преговараше за безбедносните прашања со дипломати од Украина, Франција и Германија.

ОДБРАМБЕНА СОРАБОТКА „Северна Македонија и Обединетото Кралство имаат исклучително интензивна соработка во одбраната и наша намера е таа да продолжи да се развива. Заедно постигнавме многу, но ќе продолжиме да бидеме амбициозни и да наоѓаме начини за уште поголем број на заеднички активности, вежби, обуки, школувања и убедена сум дека тоа ќе го постигнеме зашто постои искрена волја за соработка и поддршка од двете страни“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната прва средба со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј.

АНТИКОРУПЦЈА Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), во текот на минатата година донесе одлуки по вкупно 707 предмети. Од нив 404 одлуки се од областа на корупцијата, 171 од областа на судирот на интереси, 40 одлуки се однесуваат на непочитување на законски одредби за време на изборниот процес, а 92 на проверка на имотот на функционерите.

ВИСТИНОМЕР Образовната инклузија е процес што трае повеќе од две децении, којшто се оддолжува не само поради лошите закони, туку и поради ниската јавна свест во општеството, пишува „Вистиномер“.

Четириесет ученици со попреченост од Полошко од оваа учебна година имаат образовни асистенти кои обезбедуваат поддршка во учењето, во рамки на училиштата каде што следат настава. Овој вид поддршка е пропишан со Законот за основно образование од август 2019 година, во делот на обезбедување на квалитетно образование за сите, а од оваа година и конечно се имплементира во практика, за да се подобри инклузивниот процес на оваа категорија деца.

ИСТРАЖУВАЊЕ Дури 62,7 отсто од учениците сметаат дека насилството е често или постојано присутно во училишната средина. Најголем број од нив го препознаваат физичкото насилство кое во голема мера е највидливо, а во висок процент е присутно и психичкото и сајбер насилството. Седумдесет отсто од учениците се сведоци на насилно однесување во нивните училишта, но истото не го пријавуваат од бројни причини, пренесува МИА. Ова се резултатите од квантитативно истражување спроведено од Тинк тенк организацијата „Аналитика“ со кое биле опфатени учениците од скопските средни училишта „Здравко Цветковски”, „Зеф Љуш Марку“ и „Шаип Јусуф”. Како што соопштија од „Аналитика“, истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 305 ученици во училишта со мешан етнички состав.

ЗЕЛЕНИ Затворање на термоелектраните на јаглен најдоцна до 2030 година и поголеми вложувања во обновливи извори на енергија со цел подобрување на амбиенталниот воздух најави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Тоа, според него, заедно со промена на начинот на греење во домовите ќе придонесе за намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните.

-Уште откако станав министер за животна средина зборуваме за менување на начинот на греење и производство на енергија во нашата држава. Сите сме свесни дека 65 отсто од енергијата се произведува од јаглен во РЕК  Битола и ТЕЦ Осломеј. Затоа целата наша Стратегија за енергетика е да го менуваме тоа и да инвестираме во обновливи извори на енергија. Тоа значи дека ги поддржуваме не само нашите инвестиции како ЕСМ во соларни панели во Осломеј и во Битола, туку и да ги затвориме РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј најкасно до 2030 година, рече Нуредини на денешната средба со новинарите, пренесува информативната агенција МИА.

ГРАД СКОПЈЕ  Првите 82 дена од раководењето со Градот Скопје на градоначалничката Данела Арсовска изминуваат во петок на 28 јануари, што беше и повод за Мета.мк да го провери на терен исполнувањето на едно од најзначајните ветувања што ги даде во текот на предизборната кампања за последните локални избори – чистењето на сите диви депонии во Скопје.

Ставањето крај со дивите депонии во Скопје градоначалничката Арсовска во неколку наврати го потенцираше во предизборната кампања за локалните избори, па така на 10 октомври лани Арсовска изјави:

„Ќе ги исчистиме сите депонии за точно 82 дена и ќе го ревитализираме просторот во чиста зелена површина”, стои во објавата на социјалните мрежи што ја пренесоа повеќе македонски медиуми.

ИНТЕРВЈУ 

Амбасадорката на Украина, Задорожњук, за богатата соработка со Северна Македонија на економски, културен, здравствен, научен и воен план

Во ова интервју, Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Наталија Задорожњук, говори за извонредно богатата соработка на нејзината земја со Северна Македонија на економски, културен, здравствен, научен и воен план. Украина и Северна Македонија имаат заеднички стратешки определби и интереси. Повеќе од 20 пати поголемата Украина несебично ја пружа својата поддршка на нашата земја во сите значајни области, без исклучок. Во своите изјави, Амбасадорката Задорожњук ја изрази и благодарноста кон Северна Македонија за јасната и цврста поддршка на Украина.

„Имајќи ја предвид моменталната ситуација за време на која се погоди да го направиме ова интервју, би сакала да ја искористам можноста да ѝ се заблагодарам на Северна Македонија и на нејзиниот прекрасен народ за нејзината јасна и цврста поддршка на Украина. Пријателот се познава во тешките моменти“ – изјави Амбасадорката Задорожњук.

 

Амбасадорката на Украина во РСМ, Наталија Задорожњук (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

ЗАДОРОЖЊУК: Би сакала да започнам со тоа, дека генерално, имаме многу интензивен дијалог во сите области на билатералната соработка – во политичката, економската и културната сфера. Минатата година и Претседателот Стево Пендаровски и Министерот за надворешни работи Бујар Османи ја посетија Украина со цел да учествуваат на инаугуративниот самит на Кримската платформа и на свеченостите по повод 30-тата годишнина од обновувањето на независноста на Украина. Активно се развива меѓупарламентарната соработка – во јуни минатата година успешно помина посетата на парламентарната група за соработка меѓу Врховната Рада на Украина и Северна Македонија. Имаме конструктивна соработка во рамки на меѓународните организации.

Но, во право сте што почнавте со прашања за економската соработка. До денес, нашата Амбасада го идентификуваше економскиот правец како еден од своите приоритети. Така, во последните години значително ја интензивиравме билатералната трговско-економска соработка, особено стабилно е зголемувањето на билатералната трговска размена. Втора година по ред, Северна Македонија е на третото место меѓу осумте земји во балканскиот регион (по Бугарија и Србија, претекнувајќи ја Хрватска) во однос на меѓусебната трговија со Украина. Во 2021 година, обемот на нашата трговија ќе биде највисок во последните 10 години (околу 150 милиони долари). За споредба – уште во 2018 година изнесуваше 35 милиони.

СЛОБОДНА ЗОНА

Човек тешко може да се снајде во грамадната дебата што се води околу причините и перспективата на кризата на украинско-руската граница. Тезите се како „подвижна мета“: зависат од тоа дали се води на теренот на моралните аргументи, за принципиелните прашања за украинското право за одбрана (и самоопределување) на државниот суверенитет, за континенталните гео-стратегиски интереси во кои спаѓаат безбедносните и енергетските интереси, за историските нарации или за персоналните симпатии и антипатии кон главните и „помошните“ актери во оваа драма, во чиј центар се наоѓа личноста на самиот руски лидер Владимир Путин (и неговиот домашен политички опстанок), наспроти колоритната колекција од неговите западни противници (и нивните демократски, внатрешнополитички нестабилности) која се движи во распон од Бајден и Џонсон, до Макрон и останатите членови на евро-атлантското сојузништво…, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Врти-сучи, евро-рускиот газ/с е отпозади!“

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ