• Latest

Пристигнаа 250 илјади дози „Фајзер“ како донација од Италија

February 7, 2022

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Пристигнаа 250 илјади дози „Фајзер“ како донација од Италија

February 7, 2022 19:21
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 250 илјади дози вакцина против Ковид-19 од производителот „Фајзер“ пристигна денеска во земјава, како прв дел од донацијата од Италија, што се реализира преку механизмот Ковакс и УНИЦЕФ, а в среда се очекува да пристигне и втората пратка.

Министерот за здравство Беким Сали се заблагодари за донацијата на италијанската влада и им порача на граѓаните дека Министерството за здравство во континуитет се грижи да имаме доволен број на вакцини.

– Министерството за здравство во континуитет се грижи за да имаме доволен број на вакцини. Вакцините се сигурни, безбедни и на сигурно место во Институт за трансфузиологија. Се знае, преносот на вакцините се прави со ладен ланец до сите пет точки коишто ни се битни во државата и оттаму секако апликацијата оди преку одредени адреси, односно точки за вакцинација, рече Сали по примопредавањето на донацијата пред Институтот за трансфузилогија.

Тој посака оваа акција од Министерството за здравство, за примање на прва, втора, но и трета доза вакцина да биде општо прифатена од страна на нашите жители, затоа што како што рече, единствениот начин за заштита против Ковид-19 во моментов е вакцинацијата.

Амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри информираше дека втората пратка од оваа италијанска донација ќе пристигне в среда. Како што посочи, се работи за најголема донација која една држава ја има направено на Северна Македонија.

– Оваа акција е дел од нашите стремежи, нашите заложби да им помогнеме на пријателските земји да се справат со пандемијата, но во конкретниот случај се работеше за посебно внимание кое ние го имаме кон Северна Македонија. И оваа акција се придружува на сето она што ЕУ го прави за Северна Македонија, и чија што земја членка сме и ние Италија, рече италијанскиот амбасадор по примопредавањето на донацијата.

Тој исто така се придружи на апелот на министерот да се продолжи кампањата за вакцинација.

– Како што знаете, Италија беше земјата која најмногу од сите, прва од сите беше погодена со оваа пандемија и ја спроведе вакцинацијата. И благодарение на оваа масовна кампања за вакцинација, која ја спроведовме, успеавме да се справиме со пандемијата. Во моментов, ние успеавме да вакцинираме околу според соодветните возрасни категории, 85 до 95 проценти од населението, додаде амбасадорот Силвестри.

Артур Ајвазов,од канцеларијата на УНИЦЕФ се приклучи на амбасадорот и министерот со нивните пораки во апелот до населението да се вакцинира. Тој и порача на целата популација да се вакцинира, укажувајќи дека вакцините се безбедни.

Ајвазов воедно упати и апел децата да продолжат со редовното вакцинирање против сите детски болести. / МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ