• Latest

Македонија напредуваше од „хибриден режим“ во „демократија со недостатоци“, рускиот генерал Ивашов побара оставка од Путин, минималната плата во Собрание по скратена постапка

February 10, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Македонија напредуваше од „хибриден режим“ во „демократија со недостатоци“, рускиот генерал Ивашов побара оставка од Путин, минималната плата во Собрание по скратена постапка

February 10, 2022 16:22
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Според Индексот за демократија на ЕИУ за 2021, Северна Македонија не е повеќе во категоријата „хибридни режими“

Според мерката за демократија на EIU, помалку од половина (45,7%) од светското население сега живее во некаков вид демократија, што е значителен пад од 2020 година (49,4%). Уште помалку (6,4%) живеат во „целосна демократија“; ова ниво е малку намалено од 8,4% во 2020 година, откако две земји (Чиле и Шпанија) беа намалени на „неправилни демократии“. Значително повеќе од една третина од светското население (37,1%) живее под авторитарна власт, од кои голем дел се во Кина.

Имаше 13 промени од типот на режимот во 2021 година – девет негативни и четири позитивни. Чиле и Шпанија беа омаловажени од „целосни демократии“ на „неисправни демократии“. Три источноевропски земји – Молдавија, Црна Гора и Северна Македонија – го подобрија својот статус од „хибридни режими“ во „ демократии со недостатоци“

Кај Северна Македонија, која исто така премина во категоријата на „демократии со недостатоци“, е забележано скромно подобрување во функционирањето на владата. Во октомври 2021 година, земјата одржа конкурентни општински избори. Како одговор на поразот на неговата партија на изборите, премиерот и лидерот од владејачката партија Зоран Заев порача дека ќе ја преземе одговорноста и ќе се повлече од двете негови позиции. Довербата во политичките партии, која и понатаму е неверојатно ниска, маргинално се подобри во 2021 година споредено со 2020 година, според Балканскиот барометар, се вели во Извештајот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Експлозивна изјава на рускиот генерал Ивашов – побара оставка од Путин, да му се суди за злосторства и за уништување на државата

„Денес, се разбира, многу зависи од Путин. И му треба некој нормален – јас не гледам нормални луѓе околу него – да дојде и да му каже: ‘Владимир Владимирович, последиците ќе бидат вакви, и Вам дефинитивно ќе Ви се суди, како што им се судеше на главните воени злосторници во Нирнбершкиот трибунал’. Не само за ова. А потоа ќе има судење и за урнатиот Боинг, загадувањето на екологијата на планетата и слично“ – изјави рускиот генерал-полковник Ивашов.

Генерал-полковник Леонид Ивашов, претседател на „Серуското офицерско собрание“, во интервју со водителот на радио станицата „Ехо Москва“ го објасни својот неодамнешен резонансен повик до рускиот претседател Владимир Путин да поднесе оставка.

Соговорникот на новинарите им нагласи дека не изразил лично мислење, туку „јавното мислење на ветераните од воената служба“, и советот на „Серуското офицерско собрание“. Според него, организацијата спровела анкета на пензионираните службеници, и повеќе од 70% од испитаниците го поддржале текстот на изјавата.

 ФЛЕШ ВЕСТИ

МИНИМАЛНА ПЛАТА Собранието денеска едногласно со 101 глас „за“ го прифати предлогот на Владата по скратена постапка да бидат донесени измените на Законот за минимална плата. Предлог-измените, кои се резултат на договорот постигнат на Економско-социјалниот совет за зголемување на минималната плата и за новата методологија за усогласување на минималецот, треба да биде разгледани на матичната собраниска Комисија за труд и социјална политика. Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, образложувајќи ја причината зошто законот треба да биде донесен по скратена постапка, рече дека не се работи за обемно законско решение. Предлог-законското решение, како што истакна, е во насока на заштита на семејниот буџет и подобрувањето на животниот стандард на работниците.

ИСТРАЖУВАЊЕ Во публикацијата со наслов „Со заедничко дејствување до поголемо почитување на правата на новинарите и на медиумските работници“ добиените резултати од истражувањето ја потврдуваат лошата социо-економска положба на новинарите и на медиумските работници, потребата од подобрувања во работничките права, синдикалното организирање и безбедноста, како и неопходноста од дополнителни мерки и активности за унапредување на родовата еднаквост во медиумите.

– Новинарите и медиумските работници се наоѓаат во исклучително неповолна социо-економска положба и половина од нив размислуваат да ја напуштат професијата.

ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ Заврши привремениот престој во Северна Македонија за нова група од 39 граѓани на Авганистан. Претпладнето од Меѓународниот аеродром Скопје заминаа за Канада којашто им обезбеди престој во здружената глобална акција за помош на авганистански цивили. Се работи за вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка.

ДИЈАЛОГ Се интензивира дијалогот меѓу работните групи што беа договорени на крајот на јануари меѓу Северна Македонија и Бугарија, со цел враќање на довербата и надминување на разликите меѓу двете земји. Во Софија утре ќе се одржи состанок на работната група за инфраструктура, додека в петок е редовниот состанок на експертско ниво, согласно договорената динамика на билатерални преговори за т.н. пакет на политички прашања меѓу двете министерства за надворешни работи. Премиерот Димитар Ковачевски, пак, вчера изјави дека и од Скопје и од Софија зависи дали позитивната енергија ќе биде преточена во конструктивен дијалог

МЕДИУМИ Турското тело за следење на радиодифузијата им даде на три меѓународни новински агенции рок од  72 часа да добијат дозвола за работа или ќе им биде блокиран пристапот до нивните платформи, рече еден од нејзините членови во средата (9-ти февруари), пишува Еурактив.

Илхан Ташчи го критикуваше потегот на Врховниот совет за радио и телевизија (РТУК) да бара лиценци од веб-страниците на турски јазик на германскиот радиодифузер Дојче веле, Гласот на Америка и Еуроњуз, велејќи дека тоа означува дополнителен напад на слободата на медиумите во Турција.

ПОСЕТА  Заменик-министерот за надворешни работи на Грција задолжен за економска дипломатија Костас Франкојанис попладнево ќе допатува во Скопје во дводневна работна посета на Северна Македонија и ќе одржи низа средби со министри од економскиот сектор, со заменик- министерката за надворешни работи, со вицепремиерите за економски и за европски прашања, како и со премиерот Димитар Ковачевски, јави дописничката на МИА од Атина. На агендата разговори на заменик- министерот со претставници на новоизбраната Влада на Северна Македонија ќе се најдат билатералните економски односи на двете земји и можностите за нивно проширување и зајакнување, соопштија од грчкото МНР во пресрет на посетата.

ПРАВДА Судењето за предметот „Топлик“ кој беше отворен од поранешното СЈО и се однесува на продажба на градежо земјиште за изградба на населбата Сончев Град во Сопиште. се одложува за 16 февруари поради отсуство на еден од обвинетите, кој е позитивен на КОВИД-19. Ова е уште еден случај на одложено рочиште поради Ковид позитивен, а во кое првообвинет е поранечниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

На почетокот на денешното рочиште, каде, според највата, Обвинителството требаше да почне со давање на завршни зборови, судијата Осман Шабани информираше дека  адвокатот Часлав Станоевиќ, бранител на обвинетиот Томе Ѓурчилов, на 8 февруари доставил поднесок со  медицинска документација од болницата „Жан Митрев“, според кое судот утврдил дека обвинетиот поради инфекција со КОВИД-19 е спречен да присуствува на денешната главна расправа .

КРИЗА УКРАИНА Русија и Белорусија денеска започнаа заеднички воени вежби, што предизвика загриженост во западните земји дека Кремљ подготвува голема ескалација на конфликтот во Украина. Според соопштението на руското Министерство за одбрана вежбите ќе се фокусираат на „потиснување и одбивање  надворешна агресија“. Од таму  нагласија дека вежбите во Белорусија се планирани да траат до 20 февруари .На вежбите со Белорусија се очекува да учествуваат околу 30.000 војници. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги опиша заедничките вежби како сериозни, нагласувајќи дека Русија и Белорусија се соочуваат со закани без преседан.

СОЦИЈАЛНА ПРАВДА Има голем интерес кај граѓаните за користење на мерката за финансиска поддршка за покривање на дел од сметките за електрична енергија за домаќинствата со ниски примања. Бројот на пристигнати барања во архивата на Министерството за економија, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 6.500, а согласно предвидените буџетски средства за оваа намена која изнесува 60.000 денари, со финансиска поддршка можат да се стекнат околу 7.000 домаќинства, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. 

Тој рече дека очекува денеска и утре до архивата на Министерството за економија да пристигнат уште околу 200 барања од барателите, кои заклучно со вчерашниот ден, преку пошта ги испратиле своите апликации. Бектеши заклучи дека мерката, најавена со кризната состојба со електричната енергија, е успешна реализирана.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Дерала: Можни се посериозни економски и енергетски шокови, доколку останат руско-украинските тензии

Росана Алескоска – МОСТ на панелот на ЦИВИЛ „Руско -украинската криза и Северна Македонија“, говори за проектот за борба против лажни вести и наративи и руската пропаганда во Северна Македонија.

Мировниот договор „Минск 2“, кој беше предмет на посетата на францускиот претседател на Москва и Киев е суштински договор, бидејќи од него се базира дали ќе има мир или војна сега за сега, вели аналитичарот Љубомир Костовски на панел дискусијата на ЦИВИЛ, на тема „Руско-украинската криза и Северна Македонија“, како дел од серијата настани „Во фокусот на ЦИВИЛ“, одржана на 09 февруари 2022 година.

Русија во моментов не знае како да се однесува, доведена е во ситуација како да е „слон во дуќан за стаклени производи“ и се плаши дека ќе предизвика некаков неред со секое движење или чекор, вели новинарот и аналитичар Александар Николиќ Писарев, на панел дискусијата на ЦИВИЛ, на тема „Руско-украинската криза и Северна Македонија“, како дел од серијата настани „Во фокусот на ЦИВИЛ“, одржана на 09 февруари 2022 година. Тој додава дека руско-украинската кризата ќе потрае и како најголем оптимист прогнозира дека тие преговори да завршат некаде до Божиќ.

 

Весна Попоска, деканка на Правниот факултет при универзитетот „Визион“- Гостивар, на панелот на ЦИВИЛ “Руско -украинската криза и Северна Македонија“ ( 9 февруари, 2022) говори за тоа што ние можеме да направиме по ова важно прашање.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

Немаш работа – државата да ти ја најде. Паднале цените на производите – државата да ја компензира разликата на производителите. Се покачиле цените на производите – државата да ја компензира разликата на потрошувачите. Имаш ниска плата – државата да ти ја покачи. Имаш висока плата – државата да ги смали давачките за повисока плата. Скапи се становите – државата да купи по еден за сите. Произведуваш глупости – државата да ти гарантира откуп. Не произведуваш ништо – државата да ти помогне да почнеш да произведуваш глупости. Ти угинале кравите или козите – државата да ти купи нови. Удрил град, а ти немаш осигурување – државата да ти надомести и да ти плати осигурување. Лоши ти се прозорците и вратите за изолација – државата да ти купи пурпена. Нема вакцини – државата веднаш да ги набави (нормално, па таа и мора тоа да го направи). Има вакцини и за фрлање – не сакаме да се вакцинираме, државата не може да нѐ принудува на тоа, ни ги гуши човековите права… И така натаму и на тоа слично.

Државата, државата, државата… Сите дома чуваат по една врамена слика на премиерот (бившиот, сегашниот, идниот) со запалено кандилце под неа, бидејќи тој е Таткото на семејството, бабицата за пораѓање, нашата бејбиситерка, воспитач/ка, „рамо за плачење“, советник за разводи и бракови, бизнис-консултант, доктор за сите болести, а и дрва би требало да ни нацепи, бидејќи е поголем од Господ. Груевски беше „строгиот, ама праведен Татко“, Заев одговараше на по 500 пораки дневно и за градежната општинска инспекција што треба да руши некоја тераса-дивоградба, а некни и Здружението на средношколци најави дека ќе бара средба со Ковачевски за директно со него да си ги реши тинејџерските образовни барања. На владината влезна врата треба да се сменат шарките и кваките, да се стават оние како во хотелските мензи, на туркање со нога и лакот, бидејќи нема механизам што може да издржи толку интензивно дневно отвори-затвори од колоната преговарачи, клиенти и владомолители, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „Социјалистичка Република Северна Македонија“

Украина е самостојна држава. Русија изврши воена агресија и окупира дел од територијата на оваа земја. И сега, Русија вели дека е нападната.

Да се потсетиме на фактите од „Источниот фронт“. Руско-украинската криза започна кон крајот на 2013-та и кулминира во 2014 година со воената агресија и анексијата на полуостровот Крим и воено-политичката и пропагандна поддршка на проруските паравоени формации во источните делови на Украина.

Во моментов, 7,2% од украинската територија е под окупација, на границите со Украина се распоредени повеќе од 100,000 руски војници и тешко вооружување, а во тек се големи дипломатски напори да се одврати Русија од целосна инвазија на Украина. Повеќе од 15.000 луѓе го изгубија животот во борбите од 2014 година до денес.

Веројатно со најдобри намери, францускиот претседател Емануел Макрон прави дипломатски маневри во обид барем на кратки патеки да го сочува мирот, преку инсистирање на Договорот Минск-2, прилично нефункционален документ кој само им даде време на проруските паравојски да се прегрупираат и да продолжат со окупација на дел од украинската држава, со силна поддршка од Кремљ. Типична ситуација со мировните договори, особено ако Русија е на едната страна на потписниците.

Оваа тешка приказна е дел од историјата и сегашноста на украинската нација, која и досега е алармантна и мрачна, а допрва може да се претвори во хорор. И тоа не само за двете земји, Украина и Русија, туку за целиот свет, пишува Џабир Дерала во едиторијалот „Над густите облаци од пропагандна прашина“

Кога станува збор за Уставниот суд, би започнал со неколку ставови што треба да ја отсликаат суштината на принципот на владеење на правото, за кој сите ние барем декларативно се залагаме. Прво: нема повисок устав од Уставот; второ: нема закон над законот и трето, но не и помалку важно: никој нема повеќе власт од онаа што му е дадена со Уставот и законите. Овие три реченици се всушност суштина на владеењето на правото. Во негова основа е фактот дека легитимна е само онаа политичка власт која е ограничена со целта на своето конституирање. Исто така, овој принцип е суштинска граница на ширењето на самоволието на носителите на политичката власт во една држава. Пошироко протолкувано, ова би значело дека дури и законодавецот, оној кој ги донесува правилата нема право истите да ги крши, односно да не ги почитува, пишува Јове Кекеноски во новата колумна „УС(рамен)ТАВЕН СУД“

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ