• Latest
Проф. Мирјана Најчевска

За грешките на функционерите

February 12, 2022

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025

САД го суспендираат планираниот стратешки дијалог со Косово поради активностите на привремената влада

September 12, 2025

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025

Амет: Ромите не се проблемот на Скопје, туку дел од решението и промените што треба заедно да ги донесеме

September 12, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

За грешките на функционерите

February 12, 2022 13:53
in ПОЛИТИКА, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Мирјана Најчевска

Проф. Мирјана Најчевска

Share on FacebookShare on Twitter

МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Кога некој висок или понизок функционер во власта ќе биде фатен како лаже, краде, на било каков начин го прекршува законот, ни велат:

  • Зар за него не важи пресумпција на невиност?
  • Зар немаме сите исти права?
  • Зар не треба да се видат и олеснителните околности?

Многу често високите функционери осомничени за помали и поголеми прекршувања на законите не завршуваат со казни, во затвор. Делата се заташкуваат, добиваат симболични завршници, забораваат и/или застаруваат.

Како резултат на раширената неказнивост, пониските и повисоките функционери во власта ги повторуваат прекршувањата од позиција на функцијата која ја имаат, а бараат третман при барањето на нивната одговорност и во евентуалните процеси против нив како да ја немале таа функција. Бараат истоветен третман како и секој друг граѓанин. И истоветна или дури и помала казна, привилегирана позиција, разбирање и евентуално (иако не секогаш дури и тоа) политичка одговорност (најчесто поврзана со наредните избори).

Проблемот е во тоа што пониските и повисоки функционери во власта не се во иста положба како граѓаните и никако не се во иста положба кога ќе го прекршат законот.

  1. Сторителот на прекршувањето (повисок или понизок функционер во власта) на располагање има систем од институции, органи, средства, да прикрие докази, да се закани или да поткупи сведоци.
  2. Има позиција која му овозможува достап до луѓе, информации и податоци потребни за затскривање на направеното прекршување.
  3. Со прекршувањето на законот (колку и да е безначајно, неважно, мало) отворил простор за сомнеж дека можеби направил или ќе направи други прекршувања (поголеми и позначајни) кои нема да бидат откриени.
  4. Повисокиот или понискиот функционер има задача да го спроведува, да го штити и да го промовира правото. Секое прекршување на законите од негова страна значи дека не извршил ниту една од горните функции и заради тоа треба да сноси одговорност.
  5. Повисокиот или понизок функционер кој го прекршил законот станува модел и пример како не треба да се почитува и спроведува законот и изговор за непочитување и неспроведување на законите како од неговите колеги, подредените и надредените така и од страна на граѓаните.
  6. И оној најстрашен облик на прикривање, кога некој од соработниците ќе го отвори прашањето за одговорност – веднаш има такви што срипуваат и викаат – па тој не е прв, сите прават така, и, што е со сите други што исто така… Не смееме да дискриминираме!

Пониските и повисоките функционери имаат привилегии, бенефиции и заштита кои се дел од функцијата, за да можат непречено да ја извршуваат работата доверена од страна на граѓаните. Противтежа на привилегиите, бенефициите и заштитата е поголема одговорност, поголема казна, помалку олеснителни околности, и при најмало прекршување на законите.

Казната, бидејќи тоа е навистина соучесништво, мора да следи и тогаш кога се премолчува, и кога се негира, и кога се прикрива, оправдува или едноставно не се реагира при прекршување на законите.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторката.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ