• Latest

Ослободителна пресуда за велешанката-жртва на семејно насилство, не за партиската политика во изборот на уставен судија, ДКСК бара ОЈО да поведе кривични против сегашни и екс-градоначалници

February 15, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Ослободителна пресуда за велешанката-жртва на семејно насилство, не за партиската политика во изборот на уставен судија, ДКСК бара ОЈО да поведе кривични против сегашни и екс-градоначалници

February 15, 2022 16:41
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Ослободителна пресуда за велешанката Павлинка Илоска, Хелсиншкиот комитет ја поздрави одлуката

Основниот суд во Велес денеска донесе ослободителна пресуда за 23-годишната Павлинка Илоска која беше обвинета дека лани на 29 септември при семејно насилство го уби невенчаниот сопруг Александар Ристовски. На Илоска и е укината и мерката „куќен притвор“.

Судот ја изнесе пресудата и добиените докази од вештите лица, со што се докажува дека Илоска го извршила убиството во момент на самоодбрана кога бил загрозен нејзиниот живот.

Судијката Габриела Гајдова образложи дека Илоска е ослободена од обвинението земајќи го предвид фактот дека таа делувала во нужна одбрана и земајќи ги одредбите од член 9 став 1 од Кривичниот законик кој предвидува дека не е кривично дело она што е направено во нужна одбрана.

На вчерашното рочиште, Илиоска изјави дека жали за стореното дело и дека го сакала својот партнер.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Политичарите не ги обвинувам никогаш, вината ја барам кај судиите, не може судија да си дозвoли да влијаат на него. Нема држава во светот каде политичарите не сакаат да влијаат врз судиите.

Не би можела да кажам затоа што немам факти, но би сакала да нагласам дека партиска политика во избор на уставен судија не смее да има. Тоа треба да биде судија со интегритет кој нема да потпаѓа под влијанија и нема да размислува дали неговата одлука ќе одговара на една или друга политичка опција”, вели Кацарска.

Во фокусот на ЦИВИЛ: Нелегалното оружје и организираниот криминал

ЦИВИЛ организира онлајн настан на тема „Нелегалното оружје и организираниот криминал: Сè е поврзано“ утре, среда, 16 февруари, со почеток во 13 часот. Со ова, продолжува серијата онлајн настани под заеднички назив „Во фокусот“. На утрешниот настан, „во фокусот“ на ЦИВИЛ ќе се најдат повеќе актуелни и исклучително важни аспекти на контролата на оружјето во земјата и во регионот. Фокусот ќе биде „изострен“ и на врската меѓу распространувањето на нелегалното оружје и организираниот криминал.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРИ Предлог-одлуката за утврдување потреба од формирање помошни тела на ДИК за спроведување избори за градоначалник на Општина Маврово-Ростуше и за градоначалник на Општина Центар Жупа денеска беше едногласно донесена на 45-та седница на Државната изборна комисија (ДИК). Членот на ДИК, Борис Конадарко информира дека се во изборен процес за избор на градоначалници во Маврово – Ростуше и во Центар Жупа, кои се распишаа од претседателот на Собранието Талат Џафери на 4 февруари годинава. Изборите се закажани за 17 април 2022, прв круг.

АНТИКОРУПЦИЈА Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење во Основното јавното обивнителство против поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и против актуелниот градоначалник на Општина Студеничани, Азем Садики.

ИНТЕГРАЦИИ Ставот на Франција е јасен и не е нов. Истиот став го делат и сите европски институции, а тоа е – безрезервна поддршка за отворање колку што е можно побрзо на претпристапните преговори и за Северна Македонија и за Албанија, изјави денеска францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер. Според него, доколку во билатералните разговори меѓу Скопје и Софија, за кои рече дека ги охрабрува, се постигне вистински напредок чија што завршница би значело отворање на претпристапните преговори, Франција не само што е подготвена и расположена да го направи тоа за време на своето претседателство, туку ќе и биде и вистинска чест.  

РЕАКЦИЈА Портпаролот наСинодот на МПЦ-ОА, Тимотеј во изјава за „Слободен печат“ се дистанцира од изјавата на владиката Агатангел, кој вчера по повод празниот Свети Трифун испрати политичка порака, дека „ВМРО-ДПМНЕ е најголемата и најсветата партија“ во државата и оти верува дека Господ и Богородица ќе му помогнат наХристијан Мицкоски да го врати сето македонско и национално.

Владиката Тимотеј вели дека личниот став на владиката Агатангел не е став на МПЦ -ОА.

(НЕ)ТОЛЕРАНЦИЈА Со полициска придружба припаднците на еврејската верска група „Лев Тахор“ синоќа беа преместени од Куманово во Скопје поради загрозување на нивната безбедност.

– Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите, порачаа од МВР.

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА Спасување на авганистански граѓани кои се под закана од талибанскиот режим се одвива со утврдениот план и во 2022 година. По привремениот престој во Северна Македонија, група цивили отпатува за Канада како нивно трајно одредиште. 35 – мината авганистански граѓани се вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“, информират од прес службата на Владата.

ЗЕЛЕНИ Во 2021 година во Северна Македонија имало температури на воздухот коишто продолжиле да ги одразуваат трендовите на глобалното затоплување, со позитивни отстапувања кај температурите од нормалата за речиси цела земја. Ова е заклучокот наведен во Годишниот извештај на Управата за хидрометеоролошки работи за 2021 година (УХМР), изготвен од авторката м-р Александра Стевков од Секторот за метеорологија при УХМР, којшто Мета.мк на барање го доби од УХМР.

ИНТЕГРАЦИИ Наша задача е да ги трансформираме институциите во рамките на Европската унија, но и на патот кон неа, рече денеска вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Нашиот стремеж во разговорите со Бугарија е да се заштити македонскиот јазик и македонскиот идентитет, но интерес ни е и да ги почнеме преговорите со ЕУ.

КОНФЛИКТ Пратениците во руската Дума денеска ја изгласа нацрт-резолуцијата за признавање на самопрогласените региони Доњецка Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР), пренесува Еуроњуз. Според руските медиуми , за одлуката гласале 351 пратеник, 16 биле против, а еден бил воздржан. Претседателот на Долниот дом на Парламентот, Вјачеслав Володин изјави дека документот веднаш ќе биде испратен до претседателот на државата, пренесуваат руските медиуми. Руските пратеници го повикаа Путин да признае две области под контрола на сепаратистите во Украина.

СЛОБОДНА ЗОНА

„За граѓаните е најважно локалната и централната власт добро да соработуваат за решавање на проблемите во општините. Тоа ќе биде уште поважно доколку Македонија успее што побрзо да го „прескокне“ ветото на Бугарија за започнување преговори со ЕУ – за што опозицијата се обидува да ги стави сите сопки на кои ќе се сети – бидејќи претпристапните фондови на ЕУ во голем дел се однесуваат на регионални и локални проекти. Нам не ни требаат меѓупартиски кавги за тоа кој е полош за сѐ, ниту „пиење нафта“ за тоа кој направил повеќе со чистењето депонии и менувањето џамови и плочки по училиштата.

Убаво, прославивте, ајде сега фатете се за вистинска работа, па да се видиме за едно две години!“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Мераклии за предвремено славење“.

„За време на викендот, германскиот неделник Шпигл објави дека војната меѓу Русија и Украина ќе почне во среда,16 февруари. Наводно, за време на вежбите тенковите на руската армија почнале да тонат во калта. Тука има и нешто друго – се работи за процесот на „торпедирање на вистината“, за процес на одложување на воените операции со тоа што тие ќе се разобличат во детали, па агресорот мора да ги менува плановите, а за тоа треба време!“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Дали е среда „Денот Д“ за Украина?“.

„Дали политичкиот интерес на рускиот лидер ќе се исцрпи само со таканаречените безбедносни гаранции, кои ќе вклучуваат одбивање да се прошири Северноатлантската алијанса или со спроведувањето на договорите од Минск од страна на Украина во нивното руско толкување, што би овозможило давање посебен статус на окупираните области на Доњецката и Луганската област? Или политичките амбиции на Владимир Путин се многу посериозни и поврзани со желбата да ја потчини украинската држава и да ја претвори во ист сателит на Кремљ, каков што веќе стана Белорусија и каков што станува пред нашите очи Казахстан?“, пишува Виталиј Портников во анализата „Што сака Владимир Путин од Украина?“.

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ