• Latest
Добро утро со Орданоски

Мераклии за предвремено славење

February 15, 2022
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Мераклии за предвремено славење

Реално, ефектот од големата промена на власта на локално ниво би можел да се очекува на половина од нивниот четиригодишен мандат. Тогаш ќе може (евентуално) да се зборува за нивни, нови проекти, а и дали ги дозаковале сите клинци на старите

February 15, 2022 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Делува непристојно, а и како навреда за јавната, макар и просечна интелигенција на граѓанството, да се прави голем настан со славеничко одбележување на 100-те дена вмровско градоначалникување во општините во Македонија. „За само 100 дена“ – триумфално објави македонската опозиција – нејзините градоначалници „реализирале“ 1.090 проекти, меѓу кои 166 капитални објекти (!), 33 градинки (!!), 68 училишта (!!!) и стотици водоводи, канализации, игралишта, паркови, сокаци, улици, патишта… Исчистени се повеќе депонии отколку што има вкупно ѓубре во државата произведено за цела година.

Како што може да се дознае од внатрепартиски извори, на крајот од прославата било предвидено за успесите да се наздрави со високоподигнати чаши со нафта, ама пусто снема струја во градот – оти предавниците од власта запалија две трафостаници за да им ја „помрачат“ прославата – па тој дел од триумфот е одложен за прославата на 200 дена локална власт.

Шега на страна, пропагандната активност на опозицијата е одамна станата напорна, еднолична и здодевна. Добро, познато е тоа дека се најспособни, најдобри, најчесни, најработливи, најпаметни, најпатриоти, најомилени кај народот и, воопшто, нај-нај-нај во секоја смисла, но за три месеци да се „решат“ (од темел?), на пример, 33 градинки и 68 училишта е малку премногу дури и за апетитите на една „прегладнета за власт“ македонска опозиција каква што ја предводи Мицкоски. И тоа во истата недела кога најблиските и најврвни, до вчера, партиски колеги на Мицкоаки самите, во суд, признаа вина за тоа на кој криминален начин ја воделе партијата (и државата) со години! Во тоа време ВМРО-ДПМНЕ објавуваше уште поспектакуларни – „проширени и надградени“ – „успеси“ од овие со кои сега се фалат за „само 100 дена“ власт во општините со кои раководат.

А, факт е дека низ општините се работат и доработуваат проекти затекнати од претходните градоначалници (95% од ова што, како свој голем „успех“, го промовираше ВМРО-ДПМНЕ во неделата), што е сосема нормално, при тоа и со поголем победнички ентузијазам на новите општински управи, што е исто така нормално и за очекување. Реално, ефектот од големата промена на власта на локално ниво би можел да се очекува на половина од нивниот четиригодишен мандат. Тогаш ќе може (евентуално) да се зборува за нивни, нови проекти, а и дали ги дозаковале сите клинци на старите. Како и за тоа кои се и какви се, всушност, новите градоначалници и кои ќе бидат ѕвездите, а кои метеорите на новата локална самоуправа. Тогаш, на пример, ќе можеме подобро да оцениме дали сегашниот лош старт на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска бил само минлив феномен со „лоша почетничка среќа“ – или потврда на изреката дека „денот по утрото се познава“.

За граѓаните е најважно локалната и централната власт добро да соработуваат за решавање на проблемите во општините. Тоа ќе биде уште поважно доколку Македонија успее што побрзо да го „прескокне“ ветото на Бугарија за започнување преговори со ЕУ – за што опозицијата се обидува да ги стави сите сопки на кои ќе се сети – бидејќи претпристапните фондови на ЕУ во голем дел се однесуваат на регионални и локални проекти. Нам не ни требаат меѓупартиски кавги за тоа кој е полош за сѐ, ниту „пиење нафта“ за тоа кој направил повеќе со чистењето депонии и менувањето џамови и плочки по училиштата.

Убаво, прославивте, ајде сега фатете се за вистинска работа, па да се видиме за едно две години!

 


Сите права се заштитени. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ