• Latest

Информациски хаос: Трендови и перспективи со Ангеловски, Попоска и Зулбеари

February 23, 2022
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО

Информациски хаос: Трендови и перспективи со Ангеловски, Попоска и Зулбеари

February 23, 2022 13:33
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е панел дискусијата на ЦИВИЛ – Центар за слобода од  серијата настани „Во фокусот“  на тема „Информациски хаос: Трендови и перспективи“.

Учесници на панелот се помошникот на Министерот за внатрешни работи за односи со јавноста, Тони Ангеловски, универзитетската професорка Весна Попоска од универзитетот „Визион“ – Гостивар и уредничката на интернет порталот „Порталб“, Елида Зулбеари. Настанот го модерира Џабир Дерала – ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува со серијата настани „Во фокусот“ кој овој пат ќе се изостри на дезинформациите и пропагандата.

Како организација за човекови права и слободи и како медиумска платформа, ЦИВИЛ со години будно ги следи состојбите во сферата на хибридните закани против демократијата и информацискиот хаос.

Дезинформациите и теориите на заговорот со години ги разградуваат општествата, ги поларизираат и ги дестабилизираат. Тие им даваат „крилја“ на радикалните структури насекаде низ светот, па така и во Северна Македонија. Дезинформациите, злонамерните и лажните вести, измамата, теориите на заговорот, псевдонауката, пропагандата и низа други појави со кои се внесува дисторзија и јавноста се заведува или се насочува врз основа на интересите на одредени центри на моќта, а не за да се информира, спаѓаат во т.н. информациски нарушувања или, според терминологијата усвоена во ЦИВИЛ, информациски хаос, вели Дерала во воведот во дискусијата.

Дезинформациите и другите облици на информацискиот хаос предизвикуваат ерозија на демократијата и демократските институции.

Кога ќе ги погледнете структурите кои водат пропаганда и дезинформациски кампањи, ќе забележите дека тие имаат практично неограничени ресурси кои ги користат нетранспарентно и без одговорност пред законите и јавноста. Тие се брзи и пробивни, бидејќи не располагаат со факти, туку со измислици, лаги и манипулации. Притоа, центрите за креирање и пласирање на пропаганда, дезинформации и теории на заговорот ги злоупотребуваат демократските придобивки во едно општество, користејќи ги правото на изразување и медиумските слободи во корист на своите неславни цели.

Од другата страна се наоѓаат оние што ги следат професионалните и етичките стандарди, за својата работа одговараат пред законот и јавноста, а нивните финансии се транспарентни. Затоа, многу полесно и побрзо е да се протне дезинформација и таа да се распространи насекаде, додека патот до утврдување и проверка на фактите за настаните, луѓето и процесите подлежат на голем број принципи и правила. Теориите на заговорот се измислици што може да се надоградуваат и модифицираат онака како што им одговара на тие што ги креирале. Од друга страна, анализите и толкувањата на настаните, состојбите и процесите подлежат на професионални и научни истражувања.

Дезинформациите и теориите на заговорот ги таргетираат емоциите на луѓето, стравот пред сè, а информациите му служат на разумот. Кога ќе слушнете дека некој спортист се струполил во спортската арена поради тоа што примил трета доза вакцина, таа информација директно ги засегнува луѓето и предизвикува страв за нивното и здравјето и животот на нивните блиски.

Или дека вакцината Астра Зенека ќе ги трансформира луѓето во шимпанза (да, има и таква теорија) предизвикува страв и недоверба, колку и да е смешна таа „информација“.

Зошто се креираат дезинформациите? Кој ги креира и како се дистрибуираат дезинформациите во јавниот простор? Кои се последиците? Кои се начините на справување со дезинформациите? Колку се успешни нашето општество и институциите во справувањето со дезинформациите?

Одговор на овие прашања ќе се обидеме да дадеме барем во некои општи рамки со нашите денешни гости на панелот „Информациски хаос: Трендови и перспективи“, што е дел од серијата онлајн настани на ЦИВИЛ со заедничко име „Во фокусот“.

Денеска разговараме со Помошникот на Министерот за внатрешни работи за односи со јавноста, Тони Ангеловски, универзитетската професорка Весна Попоска од универзитетот „Визион“ – Гостивар и уредничката на интернет порталот „Порталб“, Елида Зулбеари.

Настанот е поддржан од Програмата Цивика Мобилитас, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Весна Попоска, деканка на Универзитетот „Визион“, Гостивар

„Драго ми е што ЦИВИЛ се посветува на неделно ниво на овие теми, има неколку аспекти што треба да се согледаат во контекст на прашањата што ги постави, ќе се обидам да ги структурирам на начин повеќе да бидат јасни за јавноста, верувам дека Тони и Елида ќе ме поправат или надополнат.

За почеток, мора да имаме на ум дека дезинформации, како потекло на зборот, и покрај тоа што е латински корен, е преземен практично од руската верзија, како термин што се употребува од 1923 година во Бирото на Сталин. И потоа се развива како посебна врста на војување или како инструмент на мека моќ, и понатаму како што се развива општеството и западното, и прозападното и проруското.

Овие инструменти на моќ потоа практично ги презема доктрината на Герасимов, она што ние го знаеме од 2014 наваму, како дел од хибридно војување во кое влегува сајбер војувањето. А доктрината на Герасимов е практично наследена од Приманков, неговиот претходник во делот на надворешната политика. Ова на западот е генерално познато како напад на либералните вредности, и како напад на она што Западот го смета за своја цивилизациска придобивка, како крајност на слободата на говорот, слободата на мислата и медиумската слобода. Тоа се двете страни на медаљата, и затоа мора да се најде соодветен начин секоја слобода и право да бидат загарантирани во определен контекст, односно  да се овозможи нивното користење и да се оневозможи нивната злоупотреба,“ посочува проф. Попоска.

Елида Зулбеари – Порталб

Јас ќе го повторам тоа што го кажувам со години, закони има, но треба да се почитуваат. Има закон за клевета и навреда, еве сега се утврдува новиот текст па треба да помине. Па имаше една збунка околу еден збор, некој таму погрешил па го поправија тој збор… Тоа што може да го направат новинарите е самите да го почитуваат Кодексот на новинарите, тоа е најбитно, затоа што тоа те прави новинар, така и публиката те препознава и знае кој медиум или кој новинар објавува точни информации. За тие онлајн платформи, јас така ги нарекувам бидејќи не ги сметам за медиуми, што сакаат да имаат некаков придонес или некоја придобивка по пат на ширење дезинформации, за тие има „прв лек“ може да се каже, медиумска писменост, и проверката на факти од страна на организациите, па и од самите новинари. Самите да ги почитуваа новинарите што работат, а публиката знае каде да слуша и каде да чита. Другите организации пто прават верификација на фактите, треба да го работат своето, и трето, има закони, еве сите овие институции, СЕММ го спомена, каде што граѓаните може да се обратат и да побараат исправка и СЕММ да реагира, вели Зулбеари.

Тони Ангеловски – МВР 

„Ме радува што дискутираме на тема што е горлива за општеството, затоа што, меѓу другото, како што кажавте, ни се создаваат вакви проблеми пред се затоа што сме изложени на масовни дезинформации. Ние сме една од државите со најмало ниво на вакцинација, затоа што сме под влијание на дезинформациите, каде што, на пример „Стојанчо од Старо Нагоричане“ е убеден дека не треба да се вакцинира бидејќи Бил Гејтс, кога ќе стане наутро помислува дека треба него да го чипира.

Ова е наш реален проблем и мораме заеднички да го решаваме. Со заеднички напори со институциите, но пред се  на невладините организации, и особено на новинарските здруженија. Како што спомнавте, имаме проблем со групата „Лев Тахор“, еве најавуваат протести во Охрид, затоа што лица од оваа група дошле во нивно село, што е навистина несфатливо, иако до сега немаме ниеден настан, ниедна причина да кажеме дека кој било криво погледнале, а не дека некој бил нападнат или загрозен. Но, бидејќи се пласираат низа дезинформации, се создава едно таква наелектризираност во Охрид, претходно во Куманово, во Скопје… И сето ова е плод на ширење дезинформации. И Тука се согласувам донекаде со Весна, дека државата не може да ги регулира медиумите, апсолутно. Бидејќи, секој , доколку му дадете можност да чепка во тој дел, може да направи злоупотреба. Медиумите треба да се регулираат самите“, вели меѓу другото Ангеловски.

Д. Тахири 

камера: Дехран Муратов

реализација и монтажа: Ариан Мехмети 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ