• Latest
Лидерот на десничарската проруска партија Единствена Македонија, Јанко Бачев, со руско знаме и со знамето со ѕвездата од Кутлеш в раце се качи на полициската оклопна кола, на протестот пред Собранието на 17 јуни 2018 против договорот за името со Грција, кој заврши со судир меѓу демонстрантите и полицијата при обид да се пробие кордонот и во кој имаше и повредени.

А кој ќе ги блокира „проруските гласила“ да не шират токсични и штетни дезинформации?

March 2, 2022
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

А кој ќе ги блокира „проруските гласила“ да не шират токсични и штетни дезинформации?

March 2, 2022 10:12
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Лидерот на десничарската проруска партија Единствена Македонија, Јанко Бачев, со руско знаме и со знамето со ѕвездата од Кутлеш в раце се качи на полициската оклопна кола, на протестот пред Собранието на 17 јуни 2018 против договорот за името со Грција, кој заврши со судир меѓу демонстрантите и полицијата при обид да се пробие кордонот и во кој имаше и повредени.

Лидерот на десничарската проруска партија Единствена Македонија, Јанко Бачев, со руско знаме и со знамето со ѕвездата од Кутлеш в раце се качи на полициската оклопна кола, на протестот пред Собранието на 17 јуни 2018 против договорот за името со Грција, кој заврши со судир меѓу демонстрантите и полицијата при обид да се пробие кордонот и во кој имаше и повредени.

Share on FacebookShare on Twitter

Одредени политички структури, (самопрогласени) аналитичари, и дел од медиумите шират пропаганда и ја оправдуваат руската воена агресија врз Украина. Пропагандата и дезинформациите најпрво се објавуваат на социјалните мрежи, а потоа ги пренесуваат дел од медиумите.

Владата на Република Северна Македонија донесе одлука и препорача на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да им укаже на кабелските оператори во Северна Македонија да ги исклучат каналите каде како основач се јавува Руската Федерација или приватни, правни или физички лица со потекло од оваа држава. Препораката доаѓа по одлуката на земјите членки на Европската унија да ги забранат „Раша тудеј“ и „Спутник“ на територијата на ЕУ.

Сè уште не се знае дали и нашата држава ќе се приклучи на земјите членки на ЕУ во борбата против „медиумските машини на Кремљ кои шират токсични и штетни дезинформации“. Меѓутоа, се поставува прашањето – дали со евентуалната забрана на „Раша тудеј“ и „Спутник“ ќе се спречи ширењето на лаги и дезинформации со кои се оправдува војната на Путин?

Руските медиуми во нашата земја не се тие кои првично ја шират руската пропаганда и оправдувањето на војната, туку тоа го прават одредени политичари, или самонаречени аналитичари на социјалните мрежи и на Јутјуб каналот.

Членството на „Левица“ до толку агресивно ја брани воената агресија на Русија и го „напаѓа НАТО“ на социјалните мрежи, што човек ќе помисли дека НАТО ја нападна Украина, а не Руската федерација. Досега Левица не ја осудија воената агресија на Русија, напротив.

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, на (24 февруари 2022), денот кога започна воената агресија на Русија на својот Твитер профили објави стара фотографија од 2014 година со припадници на паравоена структура на Украина, групата Азов, со коментар дека „многу борци за човекови права ќе изгинат“.

Додека пак лидерот на Левица, Димитар Апасиев, свесно манипулира дека во знак на поддршка на Украина, министерот Бујар Османи го обои МНР со боите на знамето на Косово.

Во емисијата на „Родински разговори“ која се емитува на Јутјуб, претседател на партијата Родина, Владимир Трајковски заедно со Мирка Велиновска шират руска пропаганда и говор на омраза, посакувајќи сите македонски граѓани кои гласаа на референдумот за промена на Уставот да се натоварат во воз во вагони и „како стока“ да ги испратат во Украина и да бидат на линија на фронтот помеѓу руските и чеченските војници.

Инаку, (на 20 јануари 2022 година), десетина граѓани под водство на лидерот на Родина, Трајковски, протестираа пред Украинската амбасада, за поддршка на Русија.

Самопроглаесниот новинар и шоумен, Миленко Неделковски, во својата емисија на Јутјуб насловена како „Детална анализа на Руската акција во Украина“, вели дека сите ќе одат на „баци рака кај Путин“.

Единствена Македонија на Јанко Бачев за ЦИВИЛ Медиа истакнаа дека ја оправдуваат руската агресија во Украина.

„Светот се менува. Се менува и Европа. Новите геополитички околности и во регионот доаѓаат. Тие се навестуваат. Тука е големата шанса за Македонија да си ја вратиме државата назад, шансата Македонија и Македонците да останат свои на своето“, велат меѓудругото од Единсвена Македонија за ЦИВИЛ Медиа.

Со овие неколку примери се дава до знаење дека заложбата за спречување на ширењето дезинформации и пропаганда нема да се реши со блокирање на руските медиуми, туку треба да се најде решение како да се спротистави општеството на проруските гласила!

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ