• Latest
Фото; МИА

Гир и Бомгартнер: Цел на санкциите на ЕУ се субјектите одговорни за агресијата врз Украина, Северна Македонија демонстрираше меѓународна солидарност и одговорност

March 3, 2022
Фото: ССНМ

Отворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2025

May 16, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Меѓународна конференција „Сребреница – совеста на светот“: Глас против негирањето на геноцидот и пропагандата

May 16, 2025

Украина ќе добие 84 милиони долари од Светска банка за обнова на станбена инфраструктура оштетена во војната

May 16, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Германскиот канцелар ѝ се заканува на Русија со нови санкции поради непојавувањето на Путин на разговорите во Истанбул

May 16, 2025

Реакции: „Ќе им дадат помош пред избори и ќе ги обработат да не протестираат повеќе“; „Туѓи деца, не ги боли“; „Ќе дадат свој предлог пред избори и ќе го усвојат“…

May 16, 2025

Калас: Проширувањето и е неопходно и на Европската унија

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 50 Палестинци се убиени откако Израел започна офанзива во северна Газа

May 16, 2025

16 Мај – Ден на ромскиот отпор против нивното планирано погубување од нацистите во Аушвиц-Биркенау

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
MZR Kashmir

Индија разгледува план за намалување на водоснабдувањето на Пакистан со нов проект за реката Инд

May 16, 2025

Европа „слетa“ во Тирана, опозицијата на Бериша протестира против изборите

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Гир и Бомгартнер: Цел на санкциите на ЕУ се субјектите одговорни за агресијата врз Украина, Северна Македонија демонстрираше меѓународна солидарност и одговорност

March 3, 2022 14:52
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ
Фото; МИА

Фото; МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Санкциите на ЕУ против Русија се донесени на хируршки начин и се фокусирани за да се осигура дека ќе ги имаат за цел вистинските субјекти одговорни за агресијата врз Украина, вели шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир, пренесува МИА:

– ЕУ веќе се обиде да ги фокусира тие санкции за да ги има за цел токму тие коишто ги носат одлуките и се одговорни за агресијата. Меѓународниот систем е комплексен, а исто така и трговскиот систем и во тие многу комплексни околности, се прави навистина огромна работа со цел да се фокусираат дејствата, да имаат огромен ефект на Кремљ и на нивните поддржувачи и минимум влијание на населението. Се разбира дека тие дискусии одземаат многу време, затоа што мора да се осигураат дека ќе ги имаат за цел вистинските субјекти. Се разбира дека ЕУ ги прави на хируршки начин тие санкции. Значи, ние одиме чекор по чекор со внесување на санкции, рече на новинарско прашање амбасадорот Гир на онлајн прес-конференција во врска со актуелната криза во Украина одржана заедно со амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер.

Тој додаде дека веќе има и сеопфатен сет на мерки и кон Белорусија и тие санкции ќе продолжат да бидат дел од одговорот на ЕУ.

-Веќе ги спомнав и другите одговори коишто ги имавме досега, другите дејствија вклучително и нашата поддршка. И исто така воена опрема. Тоа што не е на маса тоа е воен одговор, воени дејствија во самата Украина. Тоа беше јасно од самиот почеток и таа ситуација не се менува. Меѓутоа, каква било друга помош, се со цел да се изолира Кремљ за да се идентификува одговорноста дека е таму, јас мислам дека некаде 38 или 49 земји го повикаа Меѓународниот суд за прекршувањата кои се направени, вели евроамбасадорот.  

 

Францускиот амбасадор Бомгартнер подвлече дека не треба да заборавиме дека состојбата постојано се менува и меѓународната заедница и ЕУ делува соодветно на промените.

-Различните последователни санкции се донесени на едно ниво кое што никогаш досега не било постигнато затоа што навистина сите речиси ги поддржуваат и може да дадат моментални ефекти, но прогресивно ќе можеме да оцениме потоа дали ќе има ефекти. Но, одредени ефекти веќе се забележуваат затоа што рубљата е ослабена и тоа е тесно поврзана со оваа реакција на санкции и тоа не само на ЕУ, туку на целокупната меѓународна заедница. Но, не треба да ги заборавиме и индиректните ефекти од санкциите и пошироко како одговор на меѓународната заедница влијанието кое што може да го имаат тие санкции врз перцепцијата на руските граѓани, вели амбасадорот Сирил Бомгартнер.

Русија мора веднаш да ги прекине своите воени дејствија и безусловно да се повлече од целата територија на Украина за да се врати во нејзините меѓународно признаени граници. ЕУ е обединета во силната поддршка на Украина и нејзиниот народ. Украина е жртва и мора да и се помогне на кој било начин, Украина мора да остане суверена и слободна земја, порачаа шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир и амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, на денешната онлајн прес-конференција.

Според амбасадорот Гир, навистина е прашање на живот и смрт и меѓународната заедница во одговор се реши за целосна излолација на Русија за да го држи одговорен претседателот Путин за оваа агресија.

-Не можеме да дозволиме Русија да се извлече со инвазија врз мирољубива земја. Оваа инвазија ќе го уништи меѓународниот поредок. Која било земја членка на меѓународната заедница исто така може да се соочи со иста закана по нејзиниот суверенитет, вели амбасадорот Гир, кој им одаде почит на луѓето на Украина за покажаната храброст и решителност во овој многу тежок, мрачен момент.

 

Амбасадорот Бомгартнер говорејќи од име на Франција како актуелен претседавач со ЕУ, истакна дека постои агресија, а агресорот е идентификуван и првиот одговор што го дава Европа и меѓународната заедница е потребата да се изолира и да се ослабне агресорот. ЕУ, вели, навистина делува во таа насока, а Франција која претседава со Советот на ЕУ е активна во потрага по таа продуктивна мобилизација.  

Двајцата укажаа на широките санкции воведени против Русија, како и кон Белорусија, кои, оценуваат дека  се на ниво кое никогаш досега не било направено, а со цел да се стави притисок на тие што се одговорни за инвазијата врз Украина, како и на помошта обебзедена за Украина.

Според Гир, обезбедена е значителна хуманитарна помош на украинскиот народ. Европската комисија веќе најави 90 милиони за Украина и Молдавија, а од почетокот на кризата од 2014 година доделена е 248 милиони евра хуманитарната помош. ЕК , додаде, исто така ќе одвои 50 милиони евра од европскиот буџет со цел да се соочи со хуманитарните последици од оваа криза. Дополнително ЕК веќе најави 1,2 милијарди евра како помош на украинската економија и исто така механизмот за цивилна заштита на ЕУ којшто ги координира одговорноста, акциите на ЕУ. 

-Помагаме и на земјите членки на ЕУ да обезбедат сигурно прибежиште за бегалците. Земјите членки на ЕУ посочија дека 650 000 луѓе веќе имаат избегано од Украина и тој број се зголемува. Денеска министрите за внатрешни работи на ЕУ веќе разгледуваат можност за активација на привремена директива за заштита, да им помогне во брза и ефективна помош на луѓето кои бегаат од војната во Украина. Исто така, се дава привремен престој, пристап до образование, на пазарот на трудот и на работни места, вели амбасадорот Гир.

Францускиот амбасадор подвлече дека во однос на поддршка на жртвата на агресија, активноста која што ја спроведува ЕУ е навистина забележителна.

 

-Во тој поглед се наоѓаме во состојба на промена на односите затоа што за првпат Европа, односно ЕУ одлучи да финансира купување на оружје, дури и купување на смртоносно оружје за помош на херојскиот отпор на Украина. Надвор од таа поддршка има и масивна помош која што се доделува на хуманитарен, макроекономски план итн, рече Бомгартнер.    

Двајцата амбасадори посочија и на важноста на Резолуцијата на ОН која е поддржана со големо мнозинство од 141 земја членка, а со која се осудува руската агресија, се повикува на престанок на инвазијата и Русија веднаш да ги повлече сите воени сили од меѓународно признаените граници на Украина.

-Кои се лекциите од оваа криза веројатно уште е рано да кажеме, но воено ќе кажам дека состојбата е навистина доста тешка на терен. Не станува збор за никаква игра, односно глума, се наоѓаме на почетокот на кризата и она што е од извонредно значење е реакцијата на меѓународната заедница. И со таа активност е промената перцепцијата која што можеби сме ја имале појдовно. Очигледно е дека западната страна е навистина обединета и тоа на највисоко ниво со една ефикасност која што ми се чини дека никој не ја оспорува, вели Бомгартнер.  

Според него, мултилатералниот систем е зајакнат, тоа важи и за НАТО, но може да се каже и за ОН, но подвлече дека Европа од сето ова е поголема и посилна.

-За оние кои се уште и веруваат, Европа покажува дека не е политичко „џуџе“, туку се повеќе се наметнува како силен и незаобиколен актер на којшто можеме сега да сметаме. Мислам дека сите овие настани го зголемуваат расудувањето дека е навистина неопходно Европа да се зајакнува затоа што историјата се менува и Европа се повеќе станува сила која што сака сопствена одбрана, сопствена автономија стратешка од областа на енергетиката, но исто така и зајакнување на капацитети за сопствено производство во критични сектори. ЕУ се повеќе се афирмира како голем политички актер во светскиот поредок. И не случајно тоа се и приоритетите на француското претседателство, порача Бомгартнер. 

 

Амбасадорите Гир и Бомгартнер ја поздравија и улогата на Северна Македонија, која, според нив, демонстрираше меѓународна солидарност и одговорност, веднаш се усогласи со итните санкции на ЕУ против Русија и служи за пример во рамките на НАТО, со својот придонес во реакцијата на случувањата во Украина. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ