Во рамки на серијата настани „Во фокусот на ЦИВИЛ“, организацијата ќе одржи онлајн панел дискусија на тема „Еднаквост на жените: Длабока хибернација“, во среда, 9 март, со почеток во 13:30 часот.
На панелот ќе се отворат прашања за институционалниот, државниот и општествениот однос за правата на жените, зошто еднаквоста на жените во секој аспект е се уште на декларативно ниво, за причините, дејствијата и решенијата по ова многу важно прашање.
Настанот ќе трае 60 до 90 минути и ќе биде пренесен во живо на онлајн платформите на ЦИВИЛ.