• Latest
Фото: Evgeny Maloletka/AP

Марш за родова рамноправност, расте бројот на цивилни жртви во Украина, разочараност од светските лидери

March 8, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Марш за родова рамноправност, расте бројот на цивилни жртви во Украина, разочараност од светските лидери

March 8, 2022 16:36
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фото: Evgeny Maloletka/AP

Фото: Evgeny Maloletka/AP

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Шест годишно девојче во Мариупол починало од дехидрација под урнатини, била сама

Поради блокадата на руските окупатори во Мариупол од дехидрација починало 6-годишно девојче.
Ја пронајдоа под урнатините, изјави градоначалникот Вадим Бојченко.

„Денес немам зборови. Како што нема повеќе емоции. Мариупол го снајде страшна тага. Како резултат на блокадата на нашиот роден град, почина уште едно дете. Причината за смртта – дехидрација. 6-годишната Тања ја извадивме од урнатините од уништена куќа. Мајка и починала.

Не можеме да кажеме колку долго нашата мала, силна Мариуполчанка се бореше за својот живот. Не можеме да замислиме колку страдања мораше да издржи едно невино дете. Последните минути од нејзиниот живот таа ги помина сама, исцрпена, исплашена, со чувство на ужасна жед“,

изјави Бојченко.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Сакам да ве потсетам дека руски војници убиваат луѓе на една европска земја. Каде се вашите вредности и идеали? Каде е работата на меѓународните организации на кои се трошат милијарди долари? Каде се ООН, Црвениот крст, ОБСЕ? Тие се сокрија – изјави Олексиј Резников, министерот за одбрана на Украина.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Министерството за надворешни работи на Украина најостро го осудува гранатирањето од страна на вооружените сили на Руската Федерација на просториите на странските дипломатски претставништва во Украина. Како резултат на ракетните бомбардирања од страна на руската армија во Мариупол, оштетена е зградата во која се наоѓаа Генералниот конзулат на Грција и канцеларијата на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, исто така уништени се и просториите на почесните конзулати на Словенија, Азербејџан и Албанија во Харков.

„Слушнавме многу уверувања и видовме многу договори, вклучително и за воспоставување на хуманитарни коридори. За да ги спасиме нашите граѓани во Мариупол. Но, тие не функционираа. Не функционираа сите. Засега. И јас немам повеќе време за чекање. Ние немаме. Во Мариупол нема повеќе време за чекање“, истакна Зеленски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МАРШ Итно усвојување на стратегијата за родова еднаквост, донесување на Закон за родова еднаквост, воведување функционални инспекциски служби кои спречуваат експлоатација и дискриминација на работничките и постапување со должно внимание со жртвите на родово базирано насилство од страна на институциите побараа денеска активистките за женските права кои попладнево маршираа во Скопје, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Маршот беше организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, оваа година под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“.

ПРАВА „Денеска е денот кога даваме гласност на пораките дека без потполна родова рамноправност нема ни демократија, ниту социјална правда! Она за кое јас се залагам, е тоа одбележување да не е само денеска. Цврсто стојам на ставот дека овие прашања ќе бидат решени само ако им дадеме постојана гласност и видливост – секој ден“, истакна премиерот Ковачевски, по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

АНАЛИЗА Демократските општества тешко учат, не влечат поуки од историјата и кога на крајот цената на нафтата ќе се покаже на бензинските пумпи, тогаш ќе видат дека нема шега. Сега сфатија дека наспроти себе имаат една структура која може да произведе неволји. А тие неволји што ги направи Путин не се од сега, вели за Утрински брифинг, аналитичарот Ѓунер Исмаил.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ Речиси две недели по руската инвазија на Украина, протокот на лажни или погрешни информации за војната не престанува и сега има некои чудни теории кои се споделуваат на интернет. Некои почнаа да циркулираат тврдења дека војната е измама, медиумска измислица или била преувеличена од Западот во однос на нејзиниот обем.

ОН Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН соопшти од почетокот на руската инвазија врз Украина има повеќе од 1.200 цивилни жртви, од кои најмалку 406 загинати и 801 повреден.

САД Американските власти виделе „веродостојни извештаи“ за намерни руски напади врз цивили и документираат дејствија што би можеле да претставуваат воено злосторство, изјави во неделата американскиот државен секретар Антони Блинкен, пренесува Вашингтон Пост.

ГРАЃАНСКИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ: Поддршка за сите жени во светот, крај на дискриминацијата и насилството врз жените!

ЦИВИЛ бара од Собранието и од Владата да спроведе ефективни законски мерки и да воведе практики на најостро санкционирање на секоја постапка што жената ја става во подредена положба или ја дискриминира на работното место, во семејството, во јавноста или на било кое друго место или ситуација. Медиумите и граѓанските организации имаат обврска да манифестираат повисока одговорност и да работат на граѓанска едукација за родовата еднаквост.

ЦИВИЛ потсетува на предлогот што го објави јавно во 2018 година, 8 Март да се прогласи за неработен ден за сите жени во земјата.

*

Продолжува серијата настани под заеднички наслов „Во фокусот на ЦИВИЛ“, утре, 9 март во 13:30 часот со онлајн панел дискусија на тема „Еднаквост на жените: Длабока хибернација“.

На панелот ќе се отворат прашања за институционалниот, државниот и општествениот однос за правата на жените, зошто еднаквоста на жените во секој аспект е се уште на декларативно ниво, за причините, дејствијата и решенијата по ова многу важно прашање. Учеснички на панелот ќе бидат г-ѓа Савка Тодоровска од СОЖМ, Тамила Велковска претставничка на украинската заедница во РСМ, Дороти Пачкова од „Една може“ и Мерсиха Смаиловиќ од Легис. Настанот ќе го модерираат Џабир Дерала и Дијана Тахири од ЦИВИЛ.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио – интервју на Зоран Иванов со Аниса Ејуп Беќировиќ – активистка, хуманистка, мајка борец со енергична посветеност на децатата, посебно на децата со нагласени социјални потреби и посебно со децата со аутизам.

ЕДИТОРИЈАЛ

Џабир Дерала

„Паралелно со беснеењето на војната на украинско тло, тешко натопена во крв, пропагандната војна ја зема својата жртва – фактите. Исто како и во другите конфликти на низ светот, сега и во минатото… А како што фактите умираат први на бојното поле, одговорноста ја убиваат, исто така“, пишува Џабир Дерала во својот Едиторијал под наслов „Кликбајт трка… Белешка од медиумската воена зона“ на англиски јазик во Civil Today.

СЛОБОДНА ЗОНА

Добро утро со Орданоски

Конечно лидерот на опозицијата, машинскиот инженер Христијан Мицкоски, се зафати со работа која добро ја познава: производство на електрични автобуси во Македонија. За неговата политичка активност во земјава владеат противречни ставови, па така – според свежата анкета на ИРИ, правена пред само 5 месеци, а резултатите објавена вчера  – Мицкоски има висока поддршка под 10% од анкетираните (и само 1% пониска од Заев – кој беше па тој Заев?!), но со најавата дека преговара за купување на 100 електро-бусови за престолнината, па и за производство на такви автобуси за извоз од Македонија, треба да се очекува дека поддршката неминовно ќе му порасне до феноменалниот двоцифрен процент од барем 10.2%!, пишува Сашо Орданоски во колумната „Бизнис-моделот на Субрата Рој за електрични автобуси?“.

Збогум мој диктаторе, никогаш нема да добиеш љубов сосила, сите ќе танцуваме кога ќе умреш

Мишел Гуревич, светски позната кантавторка од Канада, со руско-еврејско потекло, вчера ја објави својата најнова песна „Збогум мој диктаторе“ (Goodbye My Dictator). 

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ