• Latest

ЦИВИЛ: Поддршка за сите жени во светот, крај на дискриминацијата и насилството врз жените!

March 8, 2022

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

ЦИВИЛ: Поддршка за сите жени во светот, крај на дискриминацијата и насилството врз жените!

March 8, 2022 11:22
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Правата на жените се човекови права коишто повеќе од 70 години се заштитени со меѓународното право и Обединетите нации. Жените имаат право да живеат ослободени од насилство, ропство и дискриминација. Жените имаат еднакви права да се школуваат, да поседуваат имот, да гласаат и да заработат фер и еднаква плата како и сите други вклучени во пазарот на трудот.

За жал, насекаде во светот, па и во Република Северна Македонија, жените и девојките се соочуваат со негирање на нивните права, дискриминација и насилство, едноставно, поради нивната родова припадност.

По повод Меѓународниот ден на правата на жените, 8 Март, но и секојдневно,  ЦИВИЛ го крева гласот во поддршка на сите жени во светот, и бара да се стави крај на дискриминацијата  и насилството против жените. ЦИВИЛ бара од институциите, носителите на одлуки и законодавците да ги зајакнат постапките и процесите за доследно почитување на сите човекови права и слободи, а со тоа и правата поврзани со родовата еднаквост. Тоа подразбира и доследно спроведување и унапредување на законите за заштита на човековите права и слободи и за заштита од дискриминација по родова основа. Институциите на државата и на локалната самоуправа, како и општеството во целост, мораат да работат на еманципација и почитување на правата на жените.

За жал, одбележувањето на Меѓународниот ден на правата на жената во нашето општество децении наназад е сведено на исклучително ниско разбирање на човековите права и слободи, а со тоа и на родовата еднаквост, која ја гарантираат Уставот, законите и меѓународното право.

Правичната застапеност на жената од 50% во институциите и во структурите за донесување на одлуките се подразбира и мора да се спроведе час поскоро.

ЦИВИЛ бара од Собранието и од Владата да спроведе ефективни законски мерки и да воведе практики на најостро санкционирање на секоја постапка што жената ја става во подредена положба или ја дискриминира на работното место, во семејството, во јавноста или на било кое друго место или ситуација. Медиумите и граѓанските организации имаат обврска да манифестираат повисока одговорност и да работат на граѓанска едукација за родовата еднаквост.

ЦИВИЛ потсетува на предлогот што го објави јавно во 2018 година, 8 Март да се прогласи за неработен ден за сите жени во земјата.

8 Март во општеството и во политиките треба да биде препознаен како повод за акција, да не се користи за формални прослави и декларации, туку за промоција на суштинска родова еднаквост.

Сите мораат да се вклучат за да стават крај на родовата дискриминација и насилството!

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ