• Latest

Ихор Жовква: Украина нема да прифати какви било ултиматуми, останува подготвена да разговара за неутралениот статус

March 9, 2022

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Ихор Жовква: Украина нема да прифати какви било ултиматуми, останува подготвена да разговара за неутралениот статус

March 9, 2022 12:14
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Украина нема да се усогласи со какви било неприфатливи ултиматуми поставени од страна на агресорската сила, додека останува подготвена да разговара за прашања како што е неутралниот статус. Ова го изјави заменик-шефот на Кабинетот на претседателот, Ихор Жовква, во интервју  за германскиот АРД, пренесува Укринформ.

„Ова прашање може да биде предмет на дискусија“, рече политичарот на прашањето дали Украина е подготвена да го прифати својот неутрален статус доколку се одржат директни разговори на највисоко ниво.

Жовква јасно стави до знаење дека Украина нема да прифати никакви ултиматуми или компромиси за клучните прашања, „но за останатото може да се разговара, на пример, како би можел да изгледа евентуалниот неутрален статус на Украина“. Тој исто така истакна дека предуслов за такви преговори е прекин на непријателствата и повлекување на непријателските трупи.

Советникот на претседателот рече дека меѓународните партнери треба да помогнат во формирањето на самит на кој може да се разговара за многу аспекти и истакна дека Киев одржува консултации за ова прашање, особено со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Жовква потврди дека Украина бара безбедносни гаранции од соседните држави, вклучително и Русија, за никогаш повеќе да не се повтори сегашната ситуација и да се прекршат гаранциите, како што се случи со Меморандумот од Будимпешта.

„Луѓето во Германија треба да разберат дека, ако Украина не ја запре Русија, ако не застане на границите на Украина, тие ќе маршираат“, предупреди украинскиот претставник.

Тој, исто така, истакна дека не е доволно да се поддржи Украина со зборови бидејќи е потребна активна акција од страна на Западот. Киев очекува Германија да игра водечка улога во санкциите. Во моментов би било неопходно да се воведе ембарго за увоз на енергија, да се исклучат сите руски банки од SWIFT итн. „Тоа е важно не само за нас, туку и за сите вас. Вие сте водечка нација во ЕУ и ние сметаме на вас“, рече заменик-шефот на Кабинетот на претседателот на Украина.

Како одговор на забелешките на домаќинот дека Украина се соочува со побројна сила, од гледна точка на аналитичарите, можеби е прашање на време да се заробат големите градови, вклучително и Киев, Жовква потсети дека истите тие аналитичари сугерираат дека главниот град на Украина ќе биде заземен за три до пет дена. Поминаа две недели, но ниту еден голем град не се предаде. Градовите каде што окупаторите можеа да ја пробијат одбраната остануваат украински во нивниот дух.

Како што претходно објави Укринформ, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во видео обраќање изјави дека војната треба да заврши со седнување на преговарачка маса. Но, тие мора да бидат чесни и објективни во интерес на народот.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ