• Latest
Добро утро со Орданоски

Ќе се лизне ли и Ковачевски на истата кора од банана?

March 17, 2022

Урбани приказни: Мамба менталитет

September 1, 2025
Архивска снимка од последиците од нападот со беспилотни летала врз градот Туапсе во рускиот Краснодарски крај во текот на ноќта на 26 февруари 2025 година. Астра / Телеграм

Делови од украински дрон предизвикаа пожар во руска електрана во Краснодарскиот крај

September 1, 2025

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година

September 1, 2025

Почнува новата учебна година за 245 илјади ученици

September 1, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Уапсен осомничен за убиството на поранешниот претседател на украинската Врховна Рада

September 1, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Македонскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во вечен судир на спротивставени наративи

September 1, 2025

Завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори

September 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Портпаролот на Хамас, Абу Обеида убиен во израелските напади во Газа, во кои загинале најмалку 7 лица, а 20 биле повредени

September 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Се стравува за стотици мртви во земјотресот во Авганистан, спасувачите се борат да стигнат до оштетените области

September 1, 2025
Тепачка меѓу поддржувачите на СНС во протестна колона, жандармеријата интервенираше и ги раздели двете групи што се судрија. Фото: Скриншот од видео на razglas_news/X

(ВИДЕО) Тепачка меѓу „напредњаците“ на контрапротестот во Ветерник, интервенираше жандармеријата

August 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ќе се лизне ли и Ковачевски на истата кора од банана?

March 17, 2022 06:30
in АНТИКОРУПЦИЈА, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Добро е што, паралелно со уште една продолжена криза – руската брутална воена инвазија врз Украина и сите глобални компликации заради тоа – во Македонија повторно заживува дебатата за тоа до каде сме во земјава со борбата против криминалот и корупцијата. Јавната перцепција за тоа е подобрена минатата година, но нема кој ќе ви каже дека треба да сме задоволни од постигнатото. Долга е таа нива за орање.

Од владејачката СДСМ велат дека ги научиле „лекциите“ поради кои убедливо ги загубија локалните избори. Тоа може да се сведе на поедноставената констатација дека во изминатите две години на пандемиската криза и решавањето на меѓународните предизвици за земјава, додека партиско-државниот врв се занимаваше со интензивни анти-кризни политики и „гасења пожари“ на разни точки во политиките, еден голем дел од нивната владејачка централна и локална машинерија удобно се разладуваа во „сенката“ на работата на грстот партиски челници. Политичката сметка, оправдано, си ја плати нивниот поранешен претседател Заев со повлекување од политиката, иако се погрижи да им остави владино мнозинство за продолжено владеење во преостанатиот дел од националниот мандат.

По два месеци од власта на новиот премиер Ковачевски, под силен бараж и на опозицијата и на продолжените кризни состојби во земјава и светот – енергетски, економски, финансиски, безбедносни, а и пандемијата не е докрај јасно дали е само стивната или може повторно непријатно да изненади – сѐ уште е рано да се процени дали владејачката партија нема повторно да се залула на изговорот дека анти-кризните политики се добри и даваат резултати, дека новата динамика во бугарско-македонскиот дијалог ќе донесе пробив во евро-интеграцијата на земјава, додека многумина „под радарот“ си работат по старите мижи-бутај навики, повеќе за себе и за партискиот, отколку за јавниот интерес.

„Стариот“ дел од Владата – всушност, „прастариот“, кој го негува континуитетот во власта од пред дваесетина години – оној на ДУИ, не доби пораки од своите гласачи на локалните избори што би ја натерале битно да се престројува во однос на антикорупциските политики и практики во државата. Нивната партиска клиентела е нечепната, можеби дури и зацврстена, немаат причина за возбуда „на трибините“. И бизнисите и бизнисмените им се рок-солид, армиран бетон.

А, илустрацијата за тоа дека старите практики тешко се искоренуваат е објавената информација дека, во двете изминати кризни години, 42 државни институции набавиле 142 нови автомобили. Можеби во тоа нема ништо незаконски, за да биде во доменот на криминалот и корупцијата (дури, условите на купување нови возила на лизинг можеби се поисплатливи од одржувањето стари возила, каде можноста за криминални „гимнастики“ е безгранична), но секако звучи нетактично и недомаќински, што уште како е во доменот на перцепцијата за криминал и корупција. И, со право: македонската законска и подзаконска регулатива обезбедува доволно правна „флексибилност“ – на пример, во градежништвото – ем да не го кршите законот, ем да ги обезбедите сите протекции и криминални влијанија во „соседната“ област, партиските клиентели и партиските буџети. За тоа деновиве веќе има и важни судски пресуди за претходната власт, со признавање на вина на обвинетите.

Се разбира, не е секој инвеститор и бизнисмен криминалец; но многу од криминалците се, некакви, инвеститори и бизнисмени. Политичарите (особено функционерите на власт) се „ноќната стража“ што нѐ штити, дури и во „растегливите“ рамки на законот, од криминалните инвеститери и бизнисмени.

Суштината на занимавањето со политиката е да го заштити јавниот интерес. Во таа област „бреговите на морето“ што го дефинира јавниот интерес се одредуваат низ општа и експертска општествена дебата, којашто на крајот се „прекршува“ низ постапката на редовни и фер избори. Ако Димитар Ковачевски и неговиот тим „спијат на увото“ дека имаат поважна работа, решавајќи ги и тековните кризни пожари, од очекувањата на јавноста и за „нула толеранција“ кон криминалот и корупцијата, ќе се лизнат на истата кора од бананата на која го скршија вратот на последните локални избори. И тоа не толку поради силината на опозицијата на оваа тема, туку заради продолжената апстиненција на голем дел од своите симпатизери кои решија да си останат дома минатиот изборен пат.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ