• Latest

Се што треба да знаете за пописот – од призмата на ЦИВИЛ во изминатите две години

March 29, 2022
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Се што треба да знаете за пописот – од призмата на ЦИВИЛ во изминатите две години

March 29, 2022 10:07
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ како општествено одговорна организација го следеше процесот на пописот на населението на Република Северна Македонија, од раните најави до конечното реализирање, односно спроведување на операцијата.

Последниот спроведен попис во земјава е одржан во далечната 2002 година, а обид за попис имаше во 2011 година, кога се прекина, а Специјалното Јавно Обвинителство покрена постапка против Никола Груевски и Али Ахмети за намерно стопирање на пописот во 2011-та година и за нанесена штета на буџетот од 3 милиони евра.

Нов попис требаше да се спроведе во април минатата година, но и тогаш не се одржа. По силната владина кампања за неопходноста од одржување на овој процес, и кампањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за одложување на пописот заради услови во пандемија, односно загрозување на здравјето на граѓаните, пописот во април се одложи, а голем број граѓани од дијаспората веќе се попишаа во првата фаза на процесот, односно во фазата на попис на македонски граѓани со престој надвор од државата.

Пописот се спроведе од 5 до 30 септември, а електронското попишување на државјаните на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, кое беше започнато во април, продолжи до 30 септември. Статистичката операција се спроведе со комбиниран метод, со електронска апликација која попишувачите ја пополнуваа на терен.

Според податоците од  Државниот завод за статистика, Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија заврши успешно. Попишани се 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и 837.255 станови, а се самопопишале 204.805 македонски државјани, најмногу од западноевропските земји, а многу помалку од прекуокеанските земји

Во однос на потребата на оваа важна статистичка операција како и очигледната политизација на истата во минатото, ЦИВИЛ во текот на 2020 и 2021 година одржа бројни јавни настани со претставници на локалната власт, како и со главните чинители на пописот, и објави на својата медиумска платформа ЦИВИЛ Медиа над 1000 релевантни содржини што се однесуваат на пописот.

Со оглед на фактот што долгогодишното одлагање на пописот, како и последното, коешто дојде како последица од компромисното решение помеѓу власта и опозицијата, заради спроведување на пописот во услови на пандемија со КОВИД-19, оваа статистичка операција доведе до различни погледи и реакции од страна на граѓаните.

ЦИВИЛ, како дел од своето мониторирање на целокупниот процес на пописот, спроведе анкета со неколку прашања до претставници од невладиниот сектор и граѓанското општество.

Прашањата беа внимателно составени од тимот за мониторирање на пописот, имајќи го предвид целокупниот склоп на околностите под кои се спроведе статистичката операција, како што е комбинираниот метод, содржината на прашањата, кампањата од одредени политички структури за бојкот на пописот, почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19, итн. На прашањата има 219 одговори.

Тимот на ЦИВИЛ направи квантитативна и квалитативна анализа од добиените одговори на анкетата.

Од одговорите на поставените прашања се забележува дека оваа целна група испитаници имаат различни искуства и гледишта во однос на спроведувањето на статистиката операција, како и различни гледишта за тоа што претставува.

Бројката од испитаници што одбија да одговорат на сите прашања, е забележителна, со оглед дека се работи за ограничен број на испитаници, што остава впечаток дека истите се индоктринирани, односно (не) одговориле на прашањата заради организиран бојкот на пописот.

И покрај големите позитивни кампањи за пописот, како и апелирањата за неполитизирање на истиот,  ЦИВИЛ оценува дека оваа операција беше исполитизирана од одредени политички субјекти со националистички наративи и злоупотреба на глобалната состојба со КОВИД пандемијата, сведена на национално ниво за ситни политички придобивки, на штета на целото општество, како и организирањето на оваа сложена статистичка операција.

Во делот на спроведувањето на операцијата, ЦИВИЛ го оцени пописот како успешен, со забелешки околу недоволните потпрашања што се однесуваат на вработување, односно поширок опсег на можности за одговори, со оглед на различните специфики на професии или деловни активности кои не спаѓаат во категоријата на вработени граѓани.

Што се однесува до граѓанките и граѓаните кај коишто не се појавиле попишувачи, директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, за ЦИВИЛ изјави дека нема да остане ниту еден човек што нема да биде дел од конечните податоци од пописот, нагласувајќи дека нивна цел била сите да бидат опфатени со теренскиот дел, што ќе се знае откако ќе се заврши со прочистување на базата.

Резултатите од пописот, според Државниот Завод за Статистика, ќе бидат објавени на 30 март (утре) 2022 год.

Дијана Тахири


линкови до содржини на ЦИВИЛ за пописот

Ретроспектива: Операција „Попис“ низ призмата на ЦИВИЛ

(Во живо) Панел дискусија на ЦИВИЛ: Рендгенска снимка на Пописот

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ