• Latest

Презентирани резултатите од пописот, мултикултурализмот меѓу младите во фокусот на ЦИВИЛ, ЕУ недоволно заштитена од сајбер напади

March 30, 2022

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Презентирани резултатите од пописот, мултикултурализмот меѓу младите во фокусот на ЦИВИЛ, ЕУ недоволно заштитена од сајбер напади

March 30, 2022 17:29
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

По 20 години имавме успешен попис

Вкупното попишано население изнесува изнесува 2. 097 319 лица. Од нив, 54,21 отсто се изјасниле како Македонци, 29,52 се Албанци, 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи, покажуваат податоците од Пописот 2021 што денеска ги соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Според Симовски, вкупното резидентното население е 1 836 713 лица, а нерезидентното 260 606 лица.

„Од вкупното резидентно население 58,44 се Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 Бошњаци, додека од неризедентното население опфатено со пописот 24,45 се Македонци, 66,36 Албанци, 4,79 Турци, 1,02 Роми, 0,19 Власи, 0,35 Срби и 0,81 Бошњаци“, истакна Симовски.

Пописот покажал дека бројот на домаќинства е 598.632.

Најмала општина во земјава е Зрновци, а најголема Куманово. Преброени се и 207 празни населени места.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Целината е поголема од збирот на нејзините делови.“Нашето „Едно општество за сите“ е таа целина која ја прави нашата татковина, дом за сите! Овие пописни резултати ќе ги искористиме токму за тоа, за да продолжиме да ја развиваме, за сите нас, сите ние, заедно, за нашата држава!,  напиша вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на неговиот фејбук-профил, каде што имаше видео обраќање по повод објавувањето на резултатите од Пописот.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Според Зеленски, сигналите од преговорите може да се наречат позитивни, но „овие сигнали не ги намалуваат експлозиите на руските гранати“. Тој вели дека ќе верува само во конкретни резултати.

Американскиот претседател Џо Бајден може да разговара со лидерот на Кремљ, Владимир Путин, доколку има видлива деескалација во Украина од Русија и јасна посветеност на дипломатијата,  изјави директорката за комуникации на Белата куќа, Кејт Бедингфилд, на брифинг во Вашингтон, јави дописникот на Укринформ.

Илјадници цивили можеби загинаа во опколениот пристанишен град Мариупол од почетокот на бомбардирањето пред четири недели. „Мислиме дека може да има илјадници смртни случаи, цивилни жртви во Мариупол“, рече во виртуелно интервју Матилда Богнер, шеф на мисијата на ОН за човекови права во Украина, која распоредува околу 60 набљудувачи, пренесува Ројтерс.

ФЛЕШ ВЕСТИ

САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ Институциите на Европската унија не се доволно заштитени од кибер напади, според истражувањето на Ревизорската управа, пренесува МИА. Бидејќи институциите на ЕУ се тесно поврзани, слабите точки кај која било од нив, може да предизвикаат закана за безбедноста, се наведува во заклучокот.

СУД Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, обвинет во случајот,, ТНТ”, за уривање на објектот Космос, на денешното рочиште истакна дека планот за изградба на објектот бил предлог на инвеститорот (Фиат Цаноски), и финански покриван од него. Тој во својата одбрана посочи дека паркинг местата во Космос биле најголем проблем од почетокот, пренесува МИА.

СРЕДБА Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и Сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија Каролине Едштадлер, која се наоѓа во работна посета на нашата земја, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за разговорите од одржаната средба, информираат од прес службата на Владата.

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, се сретна со Каролина Едштадлер, сојузна министерка за ЕУ на Република Австрија, соопштуваат од владината прес служба. На состанокот е разговарано за предизвиците од војната во Украина, значењето на евроинтеграциите и можностите за унапредување на добрата билатерална соработка.
ОДЛУКА Основното јавно обвинителство оцени дека нема место за јавнообвинителско постапување во предметот за извидничкиот камп.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ одржа панел дискусија на тема „Мултикултурализам, дискриминација и толеранција кај младите“,на кој учествуваа Самет Шабани од Хоризон Цивитас, Дејан Ризински од МОФ и Мелиса Кариман – Ромалитико. Настанот го модерираше Биљана Јордановска од ЦИВИЛ.

На панелот се отворија прашања за еднаквата основа за развој во различни сфери и аспекти, како што е застапувањето, образованието, вработувањата и слично, како да се креира и да се задржи таа еднаква основа, врз која се гради стабилноста на едно општество во сите аспекти. Со еднаквата основа за развој се почитуваат и човековите права и слободи, и се негува мултикултурализмот во нашето општество.

СЛОБОДНА ЗОНА

Добро утро со Орданоски

„Европејците се особено чувствителни на „гафовите“ во однесувањето на Бајден. И тие едвај го преживеаја Трамп и со големо олеснување ја дочекаа убедливата претседателска победа на Бајден и враќањето на американската институционализирана демократија како легитимен и доверлив сојузник, силен фактор на обединување во консолидацијата на светскиот демократски поредок. Во тоа деликатно евро-американско „танго“ грешките во чекорите само му оставаат простор на Путин да го менува „музичкиот“ ритам во своја полза“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Гафовите на Бајден и судбината на Путин“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ