Рускиот милијардер Роман Абрамович е високо ефикасен посредник во преговарачкиот процес меѓу Украина и Русија.
„Тој е високо ефикасен посредник меѓу делегациите. Односно, делумно го модерира процесот, за да нема недоразбирање на почетната точка: кога едната страна кажува нешто, а другата страна не го разбира тоа на вистински начин, во условите за логистика на преговарачкиот процес“, изјави на брифинг Михаило Подољак, член на украинската делегација, советник на шефот на кабинетот на претседателот, јави дописникот на Укринформ.
Објаснувањето на Подољак доаѓа откако рускиот олигарх Роман Абрамович, кој беше санкциониран од Западот поради инвазијата на Москва врз Украина, беше виден како присуствува на мировните преговори почеѓу Украина и Русија во Истамбул, како седи покрај Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, и носи слушалки за превод. Медиумите објавија дека Абрамович накратко разговарал со Ердоган пред почетокот на преговорите во Истанбул. Во разговорот учествувал и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Подолјак, исто така, истакна дека веројатното труење на Абрамович е прилично поврзано со шпекулативни, конспиративни верзии кои треба да извршат притисок врз делегациите, да ги спречат да се фокусираат на суштината.
Претходно, Bellingcat објави дека тројца членови на делегацијата, кои учествуваа во разговорите меѓу Украина и Русија, почувствувале симптоми на труење со хемиско оружје. Роман Абрамович наводно бил еден од нив.
Освен тоа, медиумите објавија и труење на членот на украинската делегација, пратеникот Рустем Умеров. Сепак, Умеров ги демантираше овие информации и рече дека е во ред. Михаило Подољак исто така изјави дека сите членови на преговарачките групи работеле со полно работно време.
Д.Мишев