Денис Прокопенко, командантот на Азовскиот полк, кој моментално го брани украинскиот пристанишен град Мариупол, изјави дека не верува во ефективноста на преговорите со Русија, јавува дописникот на Укринформ.
„Изминатите осум години покажаа дека е невозможно да се постигне договор со Русија. Уште повеќе, не може да и се верува. За време на воена состојба, не е можно да се одржи референдум во согласност со законот. За да се направи ова Русија мора да ги повлече своите трупи од Украина. Дали вие лично верувате во ова? Јас не верувам. Затоа, тешко ми е да го предвидам исходот од овие преговори“, рече тој.
Тој посочи дека најверојатно преговорите со Русија „нема да бидат успешни за нашата страна“.
Новата рунда преговори меѓу Украина и Руската Федерација која е во тек, се одржува во формат на видео конференција.
Предходно, украинската и руската делегација одржаа разговори во Истанбул на 29 март. По состанокот, украинската делегација даде голем број предлози за ставање крај на руско-украинската војна, вклучувајќи го и предлогот за потпишување на меѓународен договор за безбедносни гаранции за Украина.
Д.Мишев